Не, ја ставам на повисоко место од ембрион. Ембрионот не е исто што и дете.
Може, може да каже. Медицината одамна го реши тој проблем, ама тешко е нешто да се поднаучи.
Еве да речеме, тебе ич не треба да ти биде гајле што јас осеќам или би осеќала, мене ич не ми е гајле, и не треба да ми биде, што секоја посебна трудна жена осеќа.
Право на абортус, е право на избор, лично право, кое немаме ние причина да го судиме.
Не сме во нејзина кожа и толку. Не знам попросто како да објаснам.
Абортусот никому не е драг и мил, но е решение и е нешто што мора да постои како право.
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 02:37 ---
Совет - немој да имаш мислење за форумски лик. Може сум маж, со бунда на грб, имам 5 деца и жена ми ја млатам секој ден.
Немој да се навредуваш лично, јас го навредувам твоето мислење, со намера дека ќе почнеш да читаш нешто за темата која ја коментираш. Во минативе две страни, изнесе еден тон небулози, шпекулации и невистини, а башка и неправдини.
Едноставно е, не кажувај нешто во што не си сигурен. Ако ти објаснат дека грешиш, провери, не се дозакопувај.
Не можам јас за автомобилизам да зборувам, оти знам онака, 3 информации, кои можеби се, а можеби и не се точни.
На темава се пишувани ТОЛКУ МНОГУ научно проверени работи, што мене би ми било срам, како тебе вакви испади да имам.
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 02:38 ---
И ти грешиш сега

Болка некаде 12-13 недела, почнува да функционира нервен систем, со тоа се означува и зачеток на осетите.