Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Нема мајка (зборувам за психички здрава личност) која не се кае, не плаче секојдневно до крајот на животот и не го колне денот кога дала дете во дом на посвојување. Без исклучок сите се каат за таквата постапка и никогаш во животот немаат мир поради тоа.

Јас како психички нестабилна личност што не се каела кога бившата девојка (пред 7) години одлучи да абортира, треба да се исклучам сега од муабетот, нели?
 
минимална мерка да ти обезбеди контрацепција да не направиш краток спој - куршлус........ако ти се повтори повеќе пати - гилотина

A јас па мислев ќе кажеш некоја мудроштина од долгогодишната такси служба :(
Оти таму најдобро се учело за детектирање на потенцијални неодговорни родители.
Нишо.
 
Сите деца по домовите и улиците се од несакани бремености и сите деца кои се подложени на тортура се непланирани? Тоа не е проблем на несакани бремености туку социјален проблем, проблем на наркоманија, алкохолизам, психички болести....... и борбата треба да се насочи кон тоа да им се помогне на тие деца а не кон изедначување на абортусот со пиење кафе. Нема мајка (зборувам за психички здрава личност) која не се кае, не плаче секојдневно до крајот на животот и не го колне денот кога дала дете во дом на посвојување. Без исклучок сите се каат за таквата постапка и никогаш во животот немаат мир поради тоа. Кажи ми една мајка која дала дете на посвојување и не се кае за тоа, не сака да може да се врати времето и да си го чува детето?



Да се изедначи абортусот со пиење кафе? Да бе, стварно, за тоа ние уствари се објаснуваме, крајната цел ни е фразата „ај на абортус“ да ја добие популарноста на „ај на кафе“

Ако ти се прави муабет, прави нормален муабет. Никој овде не го смета абортусот како средство за контрацепција, нити па го изедначува со тривијални активности од секојдневниот живот.
Одамна немам пишувано на темава и очигледно е дека уште сме заглавени на основите. Абортусот е право на секоја жена, нејзин избор. Дофрлања од страна за чедоморства, аморал, промискуитет се само тоа - дофрлања. Нити имаат некаква валидност, нити некој им обрнува големо внимание кога веќе се решава на таков драстичен чекор.
Несакана бременост, комбинирана (а во најголем број од случаите е) со лоши социјални услови, со емотивна неспремност, со немање желба за дете во дадениот момент треба да смее да заврши со абортус. Никој не вика дека секоја таква бременост мора да се прекине, едноставно дека треба да постои опцијата.
 
Јас како психички нестабилна личност што не се каела кога бившата девојка (пред 7) години одлучи да абортира, треба да се исклучам сега од муабетот, нели?

Чекај, сега ќе ти кажат како на девојка ти (бивша) ноќе бебиња на сон и искачаат и и викаат мамо, мамо :( :(
 
A јас па мислев ќе кажеш некоја мудроштина од долгогодишната такси служба :(
Оти таму најдобро се учело за детектирање на потенцијални неодговорни родители.
Нишо.


имаш грешни сознанија како и за многу други работи за Животот
 
имаш грешни сознанија како и за многу други работи за Животот

Па очекував од широкоградна личност, со длабоки познавања на медицина, право, политички системи, религија, психологија, да ме просветли.
Викам, нишо, ме разочара.
 
Абе остај, ти во некое советувалиште да не работиш?
На првото прашање немам намера да ти одговорам, од причина што природата е таква каква што е, и жал ми е, не може и не е твоја работа абортусот.
Ти можеш едино, вака совесно, никогаш да не побараш од случајна сопатничка да абортира, напротив, иако ти биле желбите поинакви, да си основаш семејство.

А за вториот дел, не еден, еден милион примери имам да пишувам, само некако не ми делуваш како за некој на кој вреди да му се објаснува.
Прво почни од основата, онака, што е дете, што е ембрион, што е зигот, итн, а после можеме да дискутираме што е раѓање, што е живот, кој сакал, кој не сакал, кој се каел итн.
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 01:50 ---


Ај бе па и ти, тоа не се рачуна.
Онака, дека во Македонија е непозната работа злоставување на деца, реченицата ,,ти си утнат абортус,, пошто ја нема, а домови за деца не ни постојат, оти кај има кај нас сирачиња?

Се саде среќни мајки наоколу, милина.
Зошто да не ми одговориш на првото прашање кога како услов за некој да дискутира на оваа тема го поставуваш тоа да има осетено како е да си труден. Па кажи дали си квалификувана за да дискутираш? Не зборуваме за потенцијалната можност да забремениш тоа според твојот критериум не те квалификува.
Случајна сопатничка неможе да биде трудна од мене затоа што со случајни сопатнички никогаш не сум практикувал секс без заштита. А што би било кога би било- ке превземам одговорност за тоа дете и тоа дете ке биде сакано и одгледано исто како и кога не би било од случајна сопатничка. Неговиот живот сепак е повреден од комшиските муабети. Тоа може само да му го разубави животот на човека а комшиите нека си зборуваат колку сакаат.
На другото одговорив погоре, да не се повторувам.
 
Па очекував од широкоградна личност, со длабоки познавања на медицина, право, политички системи, религија, психологија, да ме просветли.
Викам, нишо, ме разочара.


со вакви ставови кон животот кој сакаш да те просветли.........само св. петар - нема друг
 
Маче, кажи му!

Како не ти е срам бе, трудно бреме се наѕирнало врз нашите радикалки а ти тука мајтап си играш со ними. Задњи неколку дена те гледам се пукаш од смеење на темава... Пих немеритлија.
 
А што би било кога би било- ке превземам одговорност за тоа дете и тоа дете ке биде сакано и одгледано исто како и кога не би било од случајна сопатничка. Неговиот живот сепак е повреден од комшиските муабети. Тоа може само да му го разубави животот на човека а комшиите нека си зборуваат колку сакаат.


Ете гледаш колку е убаво да можеш да одбереш нешто што сакаш (да си го гледаш детето).
Ај сега остави ги и другите да си бираат :)
 
Зошто да не ми одговориш на првото прашање кога како услов за некој да дискутира на оваа тема го поставуваш тоа да има осетено како е да си труден. Па кажи дали си квалификувана за да дискутираш? Не зборуваме за потенцијалната можност да забремениш тоа според твојот критериум не те квалификува.
Случајна сопатничка неможе да биде трудна од мене затоа што со случајни сопатнички никогаш не сум практикувал секс без заштита. А што би било кога би било- ке превземам одговорност за тоа дете и тоа дете ке биде сакано и одгледано исто како и кога не би било од случајна сопатничка. Неговиот живот сепак е повреден од комшиските муабети. Тоа може само да му го разубави животот на човека а комшиите нека си зборуваат колку сакаат.
На другото одговорив погоре, да не се повторувам.

Па ти кажав зошто не сакам да ти одговорам, не прочита?

Ти практикувај каков сакаш секс, единствена сигурна заштита ти е апстиненцијата.
Не зборувам јас за комшиски муабети. Ти нејќеш со очи да ја гледаш таа сопатничка, случајна или не, не сакаш да имаш ни добар ден со неа, тешко дека ќе сакаш дете да растеш.

Сепак, како што кажав, ниту сега, ниту било кога, нема да бидеш во ситуација да знаеш што значи бременоста, ниту пак ќе можеш да одлучуваш.
Тоа е право на жената. Не на попот, не на мажот, не на кумот, не на Трајче.
Како такво, не го пипкај.
Не си жена.
 
Јас како психички нестабилна личност што не се каела кога бившата девојка (пред 7) години одлучи да абортира, треба да се исклучам сега од муабетот, нели?
Никола, читај повнимателно, во тоа што го цитираш пишува ,,мајка што дала дете на посвојување,,.
 
Зошто да не ми одговориш на првото прашање кога како услов за некој да дискутира на оваа тема го поставуваш тоа да има осетено како е да си труден. Па кажи дали си квалификувана за да дискутираш? Не зборуваме за потенцијалната можност да забремениш тоа според твојот критериум не те квалификува.
Случајна сопатничка неможе да биде трудна од мене затоа што со случајни сопатнички никогаш не сум практикувал секс без заштита. А што би било кога би било- ке превземам одговорност за тоа дете и тоа дете ке биде сакано и одгледано исто како и кога не би било од случајна сопатничка. Неговиот живот сепак е повреден од комшиските муабети. Тоа може само да му го разубави животот на човека а комшиите нека си зборуваат колку сакаат.
На другото одговорив погоре, да не се повторувам.



Уф, радости. Кондоми не пукаат, никад не се десило. И шо ми е убаво ко ќе чујам вака муабет, нарочито на форум - дека фраер апсолутно и бескомпромисно презема одговорност за дете од цура шо му била за една вечер...мх,мх,мх
 
со вакви ставови кон животот кој сакаш да те просветли.........само св. петар - нема друг
Очекував ваков одговор. Многу е зафатен последно време, али успеа да ми дигне на телефон, ми рече оти многу се лути кога му го пишуваш името со мали букви.
Многу се разочарал и тој.
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 02:10 ---
Никола, читај повнимателно, во тоа што го цитираш пишува ,,мајка што дала дете на посвојување,,.

Таа нели е подобра од оваа што абортирала? Од кога се еднакво лоши и двете?
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 02:11 ---
Уф, радости. Кондоми не пукаат, никад не се десило. И шо ми е убаво ко ќе чујам вака муабет, нарочито на форум - дека фраер апсолутно и бескомпромисно презема одговорност за дете од цура шо му била за една вечер...мх,мх,мх

Ќути, не го буди, убаво му е дур сонува :)
 
Никола, читај повнимателно, во тоа што го цитираш пишува ,,мајка што дала дете на посвојување,,.


Ај сега да се договориме.
Ако мајка што дала дете на посвојување а не се кае е психички нестабилна, тогаш во која категорија спаѓа (не)мајка што абортирала дете и воопшто не се кае?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom