Работава со абортусот е збркана, ниту министерот знае што сака со измените во законот ниту пак оние што се против измените имаат јасен став. Заедничко им е тоа што и од двете страни не превземаат ништо за тоа да се намали бројот на несаканите бремености а со тоа и бројот на абортусите а и двете страни се тепаат за тоа што да се прави со абортусот како последица на несаканата бременост.
Ајде да ги апстрахираме бременостите кои се резултат на кривично дело, оние во кои е јасно дека плодот нема да биде здраво дете и оние кои го загрозуваат здравјето и животот на мајката или слично... За нив е јасно и мислам дека не треба да бидат предмет на дискусијава.
Предмет на дискусија треба да бидат оние бремености кои се несакани а се резултат на неодговорност на партнерите. Дали фондот треба да троши пари затоа што некој при здрав разум си го правел кеифот без заштита? Каде е тука одговорноста и кај девојката и кај машкото? Сите ние си сносиме одговорност за нашите постапки и кога ке згрешиме мораме да ги прифатиме последиците. Од овој аспект измените во законот се и доста либерални, дозволуваат неодговорно однесување и тоа не еднаш туку секој година по еднаш! Ајде човечки е да се згреши ама после чепатењето на боксот и сите тие трауми да не се извлечи никаква поука од сето тоа и веднаш да се повтори грешката е тоа не е човечки и тоа неможе да се плаќа од заедничкиот фонд! Несмее да се фрлат пари за некој неодговорни персони да се ослободат од обврската да гледаат дете додека за некои сериозно болни да нема пари за лечење. Што би рекол
Sussaro ,,законот и признава право легално да снима порничи,, а треба да им прифатиме такво неодговорно сексање, демек незнаат како да се заштитат дури и по едно непријатно искуство. Па какви се тие суштества. Не пали онаа верглање на ступидноста ,,тоа е во моето тело и ке правам што сакам и никој неможе да ми каже што да правам со моето тело,,. Да тоа е во твоето тело и затоа одговорноста е твоја и на другиот кој уживал во твоето тело. Ги сакаме правата од ,,нашето тело,, а не ги сакаме одговорностите кои тоа наше тело ги носи. Нема право без обврска. Можеш да уживаш во своето тело и тука нема ништо спорно но заштити се од можните последици или прифати ја одговорноста за последиците. Не палат ниту оправдувањата: Ке си ја уништела кариерата, па како ке го гледала, па што ке рекле комшиите.....! Тоа е што е, се ебеш без заштита- може да останеш трудна исто како што ако крадеш може да наебеш ќорка и се да си уништиш и комшиите да те оговараат или ако рипнеш од високо може да се искршиш и пак се да си уништиш, ако се дрогираш може да завршиш кобно на сите полиња..... па сега бирај што ке правиш и како, ќарот и зијанот се браќа....
Значи ако нешто треба да се прави тоа е да се работи на подигање на свеста а тоа најдобро се прави со подигање на одговорноста за постапките.