Uli Hoeneß
Präsident
- Член од
- 6 август 2010
- Мислења
- 14.498
- Поени од реакции
- 26.576
Доби на лотарија и на омилениот клуб му купи играч
Добитникот на рекордниот износ на Eurojackpot лотаријата во Норвешка се решил на за многумина изненадувачки и бизарен потег, но вистински за фудбалските фанови, купувајќи му играч на клубот за кого навива.
Ингвар Боргесен, среќниот добитник на премијата од околу 102 милиони норвешки круни или 13,36 милиони евра како голем симпатизер на норвешкиот прволигаш Одд Гренланд, се решил да му помогне на омилениот клуб. Боргесен донирал околу 328 илјади евра за најдобриот фудбалер на клубот бекот Фредрик Семб Берге, да остане во клубот кој во моментов го зазема 14-то од 16-те места и се бори за опстанок во Норвешката лига.
„Седев и размислував што можам да сторам на локално ниво, а одговорот беше Одд. Тие имаат добар имиџ и многу значат за локалната заедница. Сакав да му помогнам на клубот кој го сакам и на локалната заедница", вели Боргесен за локалниот весник Verdens Gang.
Овој подарок би можел да му донесе и заработка. Имено, сега нему и официјално му припаѓа четвртина од износот на идниот трансфер на 23-годишниот Семб Берге, кому цената му се зголеми од јануари кога настапи против селекцијата на Јужна Африка годинава со што стана и сениорски репрезентативец на Норвешка.
„Тој е многу фино момче коешто смета е добро да се помага, и сметам дека тоа е позитивно. Тоа значи дека Одд може да добие повеќе пари за мене, и дека не мора да ме продадат по секоја цена", вели фудбалерот.