Дај нека продава старчево нека не зеза, супер понуда и за него е и за клубот. Си го доби публицитетот што толку го сакаше за овие 20 години, сега нека се гони упм. Ако толку голем фан е, нека го продаде клубот сега додека некој уште сака да го купи и дури не го повлекол уште подоле со себе.
Сега и стануваат јасни многу потези што се повлекоа после тројната и зошто дотолку се работеше без врска, односно зошто овој Морати го помина пре-калчополи Морати во правењето глупости. Продавањето на клубот објаснува многу одлуки во врска со клубот, посебно за трансферите. Знам дека и го дискутиравме овде на форум ова со уште некој кога почна сезоната, однесувањето личеше на некој кој шминка книговодство. Али дури и за тоа изгледа не е многу добар.
Што се однесува за овој типов, ја навивам уште одма да стане мнозински акционер, зошто ако не ќе треба да трпиме глупавост уште неколку години. Очигледно е добар бизнисмен, колку што видов, во медиумска индустрија му се примарните активности, покрај спортската индустрија, што значи дека ги разбира овие услужни дејности. Тоа би било добро за комерцијалната страна на клубот, посебно што е во медиумски бизнис. Плус сигурно добро ги знае пазарите во Југоисточна Азија, кои имаат огромен потенцијал. Изгледа дека не се инволвира многу во раководењето, туку само инвестира и го остава менаџерирањето на други (тоа на нас ни е потребно), не го интересира многу имиџот колку што да вади профит од бизнисот, што исто за нас би било позитивна промена во работењето. Колку се разбира? Ако дојде ќе видиме, ама не е многу лесно да бидеш полош од Морати.
Али ова старчево сега си ја игра неговата игра. Препоставувам сака да најде некој будала што ќе биде малцински и што ќе му даде пари за стадион, а он од кога ќе се изгради стадионот да продава мнозински пакет, зошто цената тогаш би била повисока. Уствари што зборам за доброто на Интер е ова.
А овој гадов Мацари, ако се случи исто да заврши како другите пред него, барем за него нема да ми биде жал што сме му ја уништиле кариерата. Уствари тоа и би било единствена позитивна работа ако пак се бориме за 7 местои следната година. Ако не нека не однесе до ЛШ и ја би пак да лета.