Лига на шампиони 2012/2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Од клипов погоре можеш да забележжиш колку се корумпирани судиите.Ги гледав и двата меча,Кил не заслужи да оди, со добри судии веспрем ќе имаше 7-8 голови предности после двомечот
 
Реално
Еве сега го зедоа Илиќ за наредна сезона,па ќе бидат покриени на лев бек,го изгубија Часар,но сигурно ќе земат добра замена...
По мое мислење највероватно Руезга ке биди засилувањето на среден бек, а исто Руезга можи да одигра одлично и на лев бек
 
Од клипов погоре можеш да забележжиш колку се корумпирани судиите.Ги гледав и двата меча,Кил не заслужи да оди, со добри судии веспрем ќе имаше 7-8 голови предности после двомечот

Ги кинеа двата меча судиите, Кил немаше веза..првиот го чекав за пари да тепа Кил и ми беше една од посигурните но играта беше сосема друга ако ги немаше тие исклучувања за Веспрем немаше шанси да поминат и да тепаат во првиот, исто и во вториот беше..се фаворизираат ептен.
 
Повеќе од сигурно е дека барса освојува годинава.
 
финале Барса-Кил
 
ЕХФЛОНА!:mad:

Барса - Киелце
Хамбург - Кил


Нема германско финале.:mad:
Зошто ЕХФлона?
Шо имаше врска Барселона со ждребот?:confused:
Општо познато е дека Германците го имаат најсилното лоби во машкиот ракомет.....
Класичен доказ се сите утакмици во Евро куповите на кои германските тимови имале помош...не се малку примерите...од домашните примери би ги спомнал елиминациите на Пелистер и Вардар...иако речиси со едната нога беа во следно коло...
Последен меч на Гепинген со Марибор,ако не беа судиите ќе одеа јабана...помошта која ја доби Кил,посебно на првиот меч беше клучна....
Последните 4 фајнл- фор турнири се одржуваат во Германија,тешко дека некоја друга земја би го добила ова....
Сепак можеби и со право добиваат привилегии зошто вложуваат најмногу за разлика од сите други(или барем повеќето)кои стагнираат....
Нешто слично имаше Хипо на времето во женскиот ракомет...
 
ЕХФЛона само за тоа што го правеа судиите на двомечот на Кил може а за ждрепката си е ок..финале Кил со Барселона ќе биде доста интересно, а ако играат Кил како со Веспрем ќе изгубат со сигурност..ништо чудно со таа игра и со Хамбургер да се јадат.
 
ШАМПИОНОТ НА МАКЕДОНИЈА ДИРЕКТНО ЌЕ НАСТАПИ ВО ГРУПНАТА ФАЗА НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

30.05.2013 22:51
Champions_League-logo_resize-610x218.jpg
za-tekst14.png

Успесите на Металург во последните две сезони во Лигата на шампионите се наградени со директен пласман на идниот македонски шампион во групната фаза на ЛШ. По седум сезони играње квалификации, идниот македонски шампион ќе го скокне квалификацискиот турнир и ќе настапи директно во групната фаза на најквалитетното ракометно натпреварување во светот. Со тоа неделното дерби добива дополнителна стимулација за двете екипи.
Во новиот ранкинг Македонија, како држава, е рангирана на десетото место, по Шпанија, Германија, Данска, Унгарија, Полска, Русија, Хрватска, Франција и Словенија. Како екипа, македонскиот шампион ќе биде 12-то рангиран, бидејки пред него ќе бидат и второпласираните од првенствата на Шпанија и на Германија.
Добрите настапи на Металург идниот шампион го сместија во третиот барабан, што е втората придобивка во следната сезона.
Барабан 1: Барселона, Кил, Алборг и Веспрем.
Барабан 2: Киелце, Чеховски Медведи, Загреб и Пари Сен Жермен.
Барабан 3: Атлетико Мадрид, Р.Н.Ловен (или Фленсбург), Горење Велење и Македонија 1
Барабан 4: Киф Колдинг (Данска 2), Вакер Тун (Швајцарија 1), Натурхаус Ла Риоха (Шпанија 3) и Р.Н.Ловен (или Фленсбург)
Барабан 5: Ст.Петербург (Русија 2), Франција 2, квалификант 1 (Шведска 1, Белорусија 1, Босна 1 и Романија 1) и квалификант 2 ( Србија 1, Словачка 1, Португал 1 и Израел 1)
Барабан 6: ПЛ Цеље, победник на квалификацискиот турнир со вајлд-карта, квалификант 3 (Австрија 1, Норвешка 1, Турција 1 и Украина 1) и квалификант 4 (Грција 1, Италија 1, Холандија 1 и Луксембург 1).
Во случај на откажување може да дојде до промена на учесниците и на составите на квалификациските групи.
Фото: Ранкингот на ЕХФ
Capture2122.jpg


извор: http://www.rkmetalurg.mk/shampionot...pi-vo-grupnata-faza-na-ligata-na-shampionite/
 
Nekoj ako ima link od oprostajnava na Peric neka postira..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom