Лига на шампиони 2012/2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Да му ебам Рутенка квазимодо. :mad: Агинагалде ѕвер е не се чува, исто одлични асистенции на Кире и Ивано ама џабе другите слабо изиграа. Заслужено Барса си направија ремунтада. :icon_lol:

Ај и тука да гледаме германско финале.:icon_lol:
 
Значи Кил и Барса ќе ни бидат можни противници во Фајнл Фор :icon_lol:
 
Што се случува ако победат со 2 разлика?
 
Недисциплинирана игра на Металург, избрзани акции и шутеви. Грешките што ги прави Киелце не знаеме да ги искористиме, а ние грешките што ги правиме, Пољаците ги користат максимално. Па промашуваме и пенали, исто како и Атлетико вчера. Вугринец слаб, Станиќ едвај на нозе стои, а не им текнува на овој Лиевски да му стават фластер и бити. Антипатично створење, ама рака на срце, одличен ракометар, како Рутенка од Барселона.

Верувам во чудо.
 
АБЕ НЕ УБИЈА ЛУЃЕ ШО ВИЕ ?
Леле овај Коражија,оди бе бегај од кај шо дојде не се срами дрво едно.....:tapp:
 
Како и да е јас сум горд на Металург и тоа што го остварија во оваа сезона и мислам дека ова е максимум зошто очигледна е разликата пред се во физичките предиспозиции на Килце. Сепак се работи за екипа која е со повеќекратно поголема вредност за разлика од Металург.
Во наредната сезона ако сакаме да направиме нешто повеќе ќе ни требаат уште минимум 3 до 4 играчи од светска класа.
 
Нападон на Металург ... ко почетници :notworthy:
Одбраната ... ко муви без глави (особено во второ полувреме)
Толку без жар влегоа во напреваров, без мотив...страшно.
Не се Киелце толку јаки колку што Металург се тиња денес. Сам себе го убил :eek:
 
Паднаа скроз психички и толку беше.
Реално со овој тим,ова е и повеќе од добрa сезона.

Како и да е,одлична сезона,да се круниса на крај со титула во домашно и следна година во Л.Ш. со подобар тим и повеќе пари,затоа што со мојсо,миркул и станиќ,и без манасков толку е. :toe:
 
Кил, Барселона, Киелце и Хамбург на Фајнл фор..
Типувам на Кил дека ќе го освои трофејот во ЛШ..
 
По она што го прикажа Барселона со Атлетико не сум баш сигурен во тоа.
 
Реално најдобрите тимови се во Ф4....
Можеби Кил се провлече со Веспрем,но сепак Кил си е Кил,вистиски шампиони,на двата меча не блескаа,имаа добри негативи,но секогаш успеваа да се вратат,тоа ти е кога во тимот имаш толку голем избор на врвни играчи....
Веспрем испушти добра шанса,паднаа во завршницата на двата меча,им фалат уште неколку играчи да бидат врвна екипа....
Еве сега го зедоа Илиќ за наредна сезона,па ќе бидат покриени на лев бек,го изгубија Часар,но сигурно ќе земат добра замена...
Барса искористи конфузија во редовите на Атлетико...искористија пад во играта на Атлетико.....кога ја направија таа серија од 9-0 и завршена приказна....
Атлетико и со овај состав имаше шанса да се врати,но толку беше силата,не можеа повеќе,плус Шариќ ја спушти ролетната....
Каков храбар потег на Пасквал:cuc:,знаеше дека Штербик го знаат играчите на Атлетико,му ги знаат сите слаби страни,и Шариќ беше џокерот...сигурно не ни сонуваше Душебаев дека еден таков голман како Штербик ќе го чуваат на клупа,во ова се гледа силата на Барселона,шо имаат неверојатен ростер,по имиња најсилен во Европа....
За Атлетико,штета е шо еден таков тим дојде на ова дереџе....
Одамна не биле послаби,како тим од наша лига да гледам...со исти играчи во напад,без ротација,провидни акции....и повредите ги отепаа...заминувањето на Маркусен ги докусури...
Секоја чест за Омбрадос кој и на 41 година покажа дека е светска класа голман...се виде играта со него и без него....
Капа долу за Агинагалде,11 гола без промашување е неверојатен подвиг за пикер....штета шо немаше подршка од останатите,посебно од Кањелас....
Најверојатно наредната сезона многумина од овие звезди како Агинагалде,Лазаров ќе играат во други екипи...
ХСВ искористи шанса,иако вчера се провлекоа,лесно можеа да испаднат на ист начин како шо тепаа во Фленсбург.....
Ќе видиме дали ја научиле лекцијата од минатите завршни турнири.....
Киелце сосема заслужено е тука,многу е вложено во таа екипа....го имаа најлесниот пат до Келн,играа во најслабата група,немаа сериозни ривали во Сегед и Металург...
Ако ги потцени некој скапо ќе плати...
За Металург секоја чест....
Вистински подвиг,да го имаа Манасков ќе беше друга песна....
Со само 10 ина играчи да си меѓу 8 најдобри во свет не е мала работа,секоја чест.....
Сепак треба уште многу работа,треба уште најмалку 4,5 играчи да се надодат на оваа екипа за да не бидат топовска храна за гигантите......
Играчи како Коражија,Мојсо мали и ред другу не можат да бидат адекватни замени...мора да имаат по двајца приближно еднакви играчи на секоја позиција,во спротивно ќе ја губат силата со големите екипи...
Баш на дуелите со Киелце се виде колку значи да има замени и да ја зачуваш свежината....
Како и да е,верувам дека Лино ќе испазари добро и ќе направат подобра екипа за в година....(нормално под услов да ја освојат титулата,реално се многу блиску)....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom