Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Смрт за зони и пајак воз.
Ги знам одприлика цените на пелетите. Пак ќе кажам, се работи за компромис меѓу заштеда и комфор.
Нема секој време и воља за обврските со дрвата: сечење, цепење, складирање, итн. Башка не може автоматизација да се направи, мора да се ложи редовно: нема ложење -нема греење.

Дури и со дупло поголема цена од дрвата, пак е поевтино и од евтината тарифа на струјата. Се разбира дека во секој случај е најисплатливо греење и со клими и инвертори во комбинација со догревање на цврсти горива кога температурата ќе падне под -5с.
Тоа е мојот план, некакво парно/централно греење на дрва и/или пелети и пар клими/инвертори од средна класа (како GREE-то на колегата пар постови погоре, или LG или ако нема друга опција FUDJUTSU).

Јас лично барам печка (со котел) што би можела да работи и на дрва и на пелети, но не сум сигурен дека има таква. Резонмот е дека ваква инвестиција не се менува лесно, а сугурен сум дека во блиска иднина цената ќе падне и дистрибуцијата на пелети ќе се среди кога и побарувачката ќе порасне. Луѓево уште не знаат доволно за погодностите на пелетите (автоматизацијата на пример).

Дури наводно можат да се најдат и машини за правење на пелети за сопствени потреби, по цени од некои 300-500евра, но не знам дали и колку е ова точно.

Иначе треба да се напомне дека пелетите можат да бидат многу неквалитетни, посебно ако не се правени од дрва туку од остатоци од иверка и сл. материјали кои содржат лепаци. Ваквите пелети го запушуваат горилникот и прават многу проблеми.
Никој не ми препорачал пелети од Македонија, но ова би требало да се смени кога некој паметен ќе го увиди делот од пазарот кој знае што се квалитетни пелети (и затоа купува српски пелети, и тоа само од пар „сигурни„ фабрики).

Од сосема друга страна гледано, јас бев спремен да почнам со градење на ракетна печка со термо-акмулациона маса за складирање на топлината. Но не можам да го правам проектот зошто заборавив на носивоста на плочата на втор спрат: за термо-акмулационава печка требаат окулу 5 тони маса.
Можам да ја направам без термо-акмулациона маса ама се глуби главната поента -акумулацијата и плус пак не сум го решил загревањето другите соби. Можеби можам да ставам котел ама пак има проблем, овие печки се предвидени за исклучително ефикасно но затоа и исклучително брзо горење. Значи единствен ефикасен начин да се користат е акумулација на топлината, што би можело да се реши со некој голем резервоар за загреана вода, нешто што е исклучително сложен потфат.
Така да мора да барам конвенционално решение.
--- надополнето: 31 мај 2013 во 11:54 ---
Струја за пумпата е посебна струја и таа е неминовна.

Поентата ми беше струја за палење на пелетите и воедно одржување на нивното жариште пропратено со предпоставувам вентилатор.
Дап ама и со вентилаторот не би требало да иде повеќе од стотина вати, тие 500вати наведи со ѕвездички (за кои фали објаснување) се максималната потрошувачка кога се палат пелетите -еднократно.

Потоа таму се споменува за сериозната варијација на цената на пелетите во грејна сезона и во летна сезона.
Луѓето купувале во лето 4 тони пелети како не би купиле пелети во грејна сезона за поголема цена.
Според информациите што досега сум ги дознал пелетите се продаваат во вреќи од по 15 кг кои се со слична големина на овие вреќи од лепак за плочки
images

Е сега замисли колкав простор би требало да имаш ете на пример 1 тон пелети ?
Ова е точно и за дрвата, и добар домаќин купува дрва барем пола сезона порано. Иначе киловат за киловат енергија дрвата заземаат неспоредливо повеќе волумен.

Муабетот е дека ако немаш каде да складираш вреќи пелети, секако немаш простор ни за дрва да складираш.

Што се однесува до цената на грејно тело на пелети... еве овде една цена колку за ориентација.
За таков луксуз обично Македонче како мене ...... нема пари.

Вниманието ми е целосно свртено кон Камин на дрва кој би ми задоволил парно кое ќе грее одприлика 120-130 квадрати и кое ќе има барем малку естетика како би можел да го искорстам во дневната соба.

Те разбирам, така си е. Колку е долга чергата толку ќе ги пуштиш ногите.
Ни јас уште се немам одлучено и уште размислувам -има време до следната грејна сезона.
Парите се големи но и комфорот е голем. Не сум ни сигурен колку ќе имам време (и воља) да се заебавам со дрвата и сите заебанции поврзани со нив.

Само сакав да скренам внимание на сите аспекти.

Иначе, кога би одел на камин со котел на дрва најголем кандидат би ми бил Рустик Етаж каминот од Алфа Плам, кошта некои 500евра и на нетот зборат дека е ОК. Владе кажа дека се работи за стар дизајн кој не е најефикасен, но луѓето што го имаат го фалат и иако е стар дизајн -испитано функционира и не е шкарт.
Иначе погледај од страница 90/91 па натаму, се направи малку подетален муабет за камини, печки и ќумбиња.

Еве го Рустикот подоле како изгледа, но мислам дека не ти доволен за твојата површина (иако луѓе зборат дека цели куќи греат со него, зависи и од изолацијата).
s_cmyk_IMG_5758obrada.png
kamin-alfa-plam-rustik-rostilj-slika-22277419.jpg
 
[/QUOTE]

Рустикот е моментално во употреба, стар е веќе 10тина години.
Само што е без парно.

Сега се проширува фамилијата.... потребни се повеќе соби да бидат топли, затоа сега се впуштам во инвестиција која мислам дека е добра.

Сега за сега тражам и екипа која ќе ја монтира инсталацијата а како моја обврска си барам и грејно тело.
Досега беше една екипа која за површина 120-130 квадрати со прилично добра изолација а лоши прозори ми побараа 1000 евра (до печка).
Треба да најдам уште минимум една екипа со нивна понуда како би може да одберам кој ќе ја изработи инсталацијата

Можеби знаеш некој кој инсталира парно во околната на Штип ?

Инаку како што и првично споменав наредбата од ТШМДСС (таа што мора да се слуша) е камин со стакло напред!
И сега сум во потрага по таков!
--- надополнето: 31 мај 2013 во 12:22 ---

Рустикот е моментално во употреба, стар е веќе 10тина години. Само што е без парно. Сега се проширува фамилијата.... потребни се повеќе соби да бидат топли, затоа сега се впуштам во
Сакаш да кажеш дека веќе го имаш Рустик, ама варијантата без котел?
Можеби ова ќе ти се види интересно:
http://www.samsvojmajstor.com/porta...matizacije/alfa-kamin-rustik-prepravka?page=1

За препорака не знам што да ти кажам, јас го привршувам спратот и засега имам само поставено во кошулицата цевки за централно греење. Ставив Херц алупласт цевки, многумина тврдеа дека турските алупласт цевки се квалитетни ама не ми даваше мир помислата да не ставам во подот најквалитетни цевки... кој ќе се заебава после ако има проблеми -вадење паркет/ламинат и кршење кошулица... итн.
Мајсторот (кај мене дојде со чирак за да заврши побрзо работа) што ми ги местеше цевките е добар, него можам да ти го препорачам но не знам дали би се нафатил да дојде во Штип. Зависи и што ти треба, ако ставаш инсталација на цевките на ѕид и не знам како, не знам колку има искуство човекот со такви работи. Пиши ми ПП ако сакаш, ќе го најдам некаде телефонот од момакот па направете си муабет.
 
ќе може ли некој да ми каже кој е подобриот избор од одие две клими SAMSUNG AR 12 FSFTKWQ I LG S 12 AF/CS 12 AF
 
ќе може ли некој да ми каже кој е подобриот избор од одие две клими SAMSUNG AR 12 FSFTKWQ I LG S 12 AF/CS 12 AF
За Самсунг зборат лоши работи, брендот си е ОК... за се ама не за климатизери. Наводно многу расипувања и проблеми, башка лоши перформанси и не грее добро на минус температури. А ако ти е само за ладење тогаш не ти треба инвертор, земи обична клима. Иначе ако баш инсистираш на Самсунг купувај денес, до утре имаш акција со бесплатна монтажа од Видеодата.

Пролистај ги последните десетина страници, има дискусија за климатизерите. Ако сакаш на кратко, од двете наведени јас би земај ЛГ. Но има и други опции...
 
За Самсунг зборат лоши работи, брендот си е ОК... за се ама не за климатизери. Наводно многу расипувања и проблеми, башка лоши перформанси и не грее добро на минус температури. А ако ти е само за ладење тогаш не ти треба инвертор, земи обична клима. Иначе ако баш инсистираш на Самсунг купувај денес, до утре имаш акција со бесплатна монтажа од Видеодата.

Пролистај ги последните десетина страници, има дискусија за климатизерите. Ако сакаш на кратко, од двете наведени јас би земај ЛГ. Но има и други опции...
 
Рустикот е моментално во употреба, стар е веќе 10тина години.
Само што е без парно.
Кажи искуства, имаше проблеми некои?
Добро влече со стандарден оџак? Треба дрвата на многу ситно да се цепат или собира и крупни дрва? На колку време додаваш дрва, итн, итн...

Гледам на форуми се шегуваат дека на жарот има доволно простор за скара правење... :)
 
Da, znam deka e do denes. Bas mnogu ne se razbirame od klimi. Mi treba klima sto ke cini negde do 40 000 denari, nisto poise ,a da bide top i za greenje
--- надополнето: 31 мај 2013 во 13:11 ---
За Самсунг зборат лоши работи, брендот си е ОК... за се ама не за климатизери. Наводно многу расипувања и проблеми, башка лоши перформанси и не грее добро на минус температури. А ако ти е само за ладење тогаш не ти треба инвертор, земи обична клима. Иначе ако баш инсистираш на Самсунг купувај денес, до утре имаш акција со бесплатна монтажа од Видеодата.

Пролистај ги последните десетина страници, има дискусија за климатизерите. Ако сакаш на кратко, од двете наведени јас би земај ЛГ. Но има и други опции...
ke moze li da mi kazes za tie pari koja klima e najdobro resenie
 
Da, znam deka e do denes. Bas mnogu ne se razbirame od klimi. Mi treba klima sto ke cini negde do 40 000 denari, nisto poise ,a da bide top i za greenje

...ke moze li da mi kazes za tie pari koja klima e najdobro resenie
Можам да кажам само мое сопствено мислење, нека кажат и другите свое мислење.
Во секој случај, опција е и GREE 12ка, 35000ден со монтажа во Крусел. Ако можеш и некој денар повеќе тогаш не е лош избор и Фуџитсу 12ка која во Хидросет кошта 41000ден, но без монтажа (а скапи им се монтажите). Лоша работа со Хидросет им се гаранциите, само една година (и уште една за компресорот, ако ти ја монтираат они). Секаде во светов Фуџитсу имаат барем 3години гаранција.
Дури и овака Фуџитсуто е добра опција, посебно за греење.

Инаку за не многу повеќе пари има Carrier Gold XPower, одлична клима за некои 49илјади -со монтажа, но со таа тенденција на одење напред и Тошибата Сузуми Плус доаѓа во домет, со 60000д за 12ка со монтажа.

Избори, избори.... :)
--- надополнето: 31 мај 2013 во 13:19 ---
Ако баш не можеш ни денар повеќе од таа сума горе, тогаш GREE или LG.
Ако можеш да ги растегнеш малку буџетот тогаш Фуџитсу е подобар избор, а ако можеш да го растегнеш малку повеќе тогаш Carrier Gold XPower.
 
Мислам дека претходно е веќе се кажано и за пелетите и за камините на пелети и за камините на дрва.
Ретко кој ке најдеш што има било каков камин дома дека ке се пожали од него, но реалноста обично не е толку розова.
За рустикот се фалат дека грееле цели куќи, да но има куќи и куќи. Тој на глава нека застани повеќе од 60-70 квадрати нема да загрее па незнам што да биди( без разлика дали е со котел или не, снагата е таа).
За квадраттурата која се спомува од некои 120- 130 квадрати има камини на дрва со стакло напред, но тоа морам да напоменам е максимумот кој еден камин може да го постигне. За повеќе треба котел за парно. Сега не сум во тек многу многу со моделите но мислам дека Дипломат 21 ке ти брка работа.
images

Најверојтано има и други модели сега излезено, но овој баш за таа квадратура се покажа како доста солиден. Инаку ке бараш со номинална снага од околу 18 до 21 киловат, или за полесно еден киловат ти е 7 квадрати, па колку ке загреваш подели со 7 и ке имаш отприлика ориентација колкава снага ке ти треба од каминот.
За цепењето и складирањето на дрвата незнам што толку сте се уплашиле. Еден до два дена работа во цела година е. Е сега дека се прави ѓубре , се прави но сите убајни наеднаш нема.
За котлите и печките на пелети е друга приказна, ама на мислење сум дека за домашни услови се се уште скапи. Згора на тоа и одржувањето не е баш како на рекламите, така да и тоа ако се земи во предвид не е баш добар избор.Плус квалитетот на пелетите, нивното чување( треба да се пази од влага) па и нивната цена која е берзанска( што значи нема да се намали за скоро, напротив) уште повеќе оди во нивна штета.За во деловен објект каде се грее на индустриска струја се повеќе од исплатливи, но за дома мој совет е НЕ.
И да има котли на пелети кои можат да работат и на дрва и на пелети но беа поприлично скапи.
Струјата која ја трошат печките на пелети е занемарлива. Најповеќе трошат кога се пали грејачот кој ги пали пелетите но тоа е само додека се запали, значи ако е се во ред околу 15 мин. Другото оди на вентилаторите, што значи занемарливо.
Некој спомна акомулатор на топлина. Тоа би требало да го има скоро секој систем на парно греење затоа што порамномерно се искористува енергијата која ја дава грејното тело, но искрено колку е скапа иневстицијата неможам да кажам, на нет сигурно ке најдите сликовите како е поврзана и што конкретно прави и кои се придобивките од неа. Во глобала тоа е добро изолиран сад полн со вода каде се скалдира вишокот на топлинска енергија за да се искористи покасно. Идејата е да грејното тело работи со максимална ефикасност што нормално ке резултира со вишок на топлина кој ако го немаме тој акомулатор ке замини неискористена или ке треба да го гушиме грејното тело со што му ја намалуваме ефикасноста која резултира со зголемени трошоци за греење.
За друго прашајте поконкретно, ке пробам да ви одгвоорам секако доколку сум запознаен со проблематиката
 
Сакаш да кажеш дека веќе го имаш Рустик, ама варијантата без котел?
Можеби ова ќе ти се види интересно:
http://www.samsvojmajstor.com/porta...matizacije/alfa-kamin-rustik-prepravka?page=1

За препорака не знам што да ти кажам, јас го привршувам спратот и засега имам само поставено во кошулицата цевки за централно греење. Ставив Херц алупласт цевки, многумина тврдеа дека турските алупласт цевки се квалитетни ама не ми даваше мир помислата да не ставам во подот најквалитетни цевки... кој ќе се заебава после ако има проблеми -вадење паркет/ламинат и кршење кошулица... итн.
Мајсторот (кај мене дојде со чирак за да заврши побрзо работа) што ми ги местеше цевките е добар, него можам да ти го препорачам но не знам дали би се нафатил да дојде во Штип. Зависи и што ти треба, ако ставаш инсталација на цевките на ѕид и не знам како, не знам колку има искуство човекот со такви работи. Пиши ми ПП ако сакаш, ќе го најдам некаде телефонот од момакот па направете си муабет.

Да... без котел.

Не ги разбирам многу стручните поими затоа и ги мешам, но моето парно ќе со ѕидни радијатори, предпостаувам кога споменуваш кошулици тоа се однесува на подно греење или такво нешто.
Кај мене нема простор за тоа. Ќе се буши низ ѕидови и че се спорведува инсталација за ѕидни радијатори.

За мајсторот ....ќе видиме сега најдов еден број од човек (многуфален) од Пробиштип.... па ќе видам и со него.
--- надополнето: 31 мај 2013 во 13:58 ---
Кажи искуства, имаше проблеми некои?
Добро влече со стандарден оџак? Треба дрвата на многу ситно да се цепат или собира и крупни дрва? На колку време додаваш дрва, итн, итн...

Гледам на форуми се шегуваат дека на жарот има доволно простор за скара правење... :)

Сега почна да чури. Но тоа е веќе од старост.
Треба само да се разглоби целото и има еден лепак кој издржува енормна температура, па со него се премачкуваат спојките и готово.
Што значи може да врши работа уште толку.
Но не сум во план тоа да го правам, затоа што планирам да го продадам.

Инаку дрво долго до 40 см, со пречник околу 25 собира без мака.
Јас цепам мал процент од вкупните дрва и тие ги користам при распалувањето.... потоа цели кутуци и немам мака.
Зависи од дрвата.... ама добри дабови дрва би требало да те скорнуваат од кревет на секои 2-3 саата за ложење.

И да... со него имам монтажна гусена решетка која се монтира внатре на огништето кое се користи како скара! :sneaky:
--- надополнето: 31 мај 2013 во 14:03 ---
Мислам дека претходно е веќе се кажано и за пелетите и за камините на пелети и за камините на дрва.
Ретко кој ке најдеш што има било каков камин дома дека ке се пожали од него, но реалноста обично не е толку розова.
За рустикот се фалат дека грееле цели куќи, да но има куќи и куќи. Тој на глава нека застани повеќе од 60-70 квадрати нема да загрее па незнам што да биди( без разлика дали е со котел или не, снагата е таа).
За квадраттурата која се спомува од некои 120- 130 квадрати има камини на дрва со стакло напред, но тоа морам да напоменам е максимумот кој еден камин може да го постигне. За повеќе треба котел за парно. Сега не сум во тек многу многу со моделите но мислам дека Дипломат 21 ке ти брка работа.
images

Најверојтано има и други модели сега излезено, но овој баш за таа квадратура се покажа како доста солиден. Инаку ке бараш со номинална снага од околу 18 до 21 киловат, или за полесно еден киловат ти е 7 квадрати, па колку ке загреваш подели со 7 и ке имаш отприлика ориентација колкава снага ке ти треба од каминот.
За цепењето и складирањето на дрвата незнам што толку сте се уплашиле. Еден до два дена работа во цела година е. Е сега дека се прави ѓубре , се прави но сите убајни наеднаш нема.
За котлите и печките на пелети е друга приказна, ама на мислење сум дека за домашни услови се се уште скапи. Згора на тоа и одржувањето не е баш како на рекламите, така да и тоа ако се земи во предвид не е баш добар избор.Плус квалитетот на пелетите, нивното чување( треба да се пази од влага) па и нивната цена која е берзанска( што значи нема да се намали за скоро, напротив) уште повеќе оди во нивна штета.За во деловен објект каде се грее на индустриска струја се повеќе од исплатливи, но за дома мој совет е НЕ.
И да има котли на пелети кои можат да работат и на дрва и на пелети но беа поприлично скапи.
Струјата која ја трошат печките на пелети е занемарлива. Најповеќе трошат кога се пали грејачот кој ги пали пелетите но тоа е само додека се запали, значи ако е се во ред околу 15 мин. Другото оди на вентилаторите, што значи занемарливо.
Некој спомна акомулатор на топлина. Тоа би требало да го има скоро секој систем на парно греење затоа што порамномерно се искористува енергијата која ја дава грејното тело, но искрено колку е скапа иневстицијата неможам да кажам, на нет сигурно ке најдите сликовите како е поврзана и што конкретно прави и кои се придобивките од неа. Во глобала тоа е добро изолиран сад полн со вода каде се скалдира вишокот на топлинска енергија за да се искористи покасно. Идејата е да грејното тело работи со максимална ефикасност што нормално ке резултира со вишок на топлина кој ако го немаме тој акомулатор ке замини неискористена или ке треба да го гушиме грејното тело со што му ја намалуваме ефикасноста која резултира со зголемени трошоци за греење.
За друго прашајте поконкретно, ке пробам да ви одгвоорам секако доколку сум запознаен со проблематиката

Владе... не си ме разбрал добро....или обратно.

Камин 24кW ми треба за парно..... не за една просторија.
Дневната просторија ми е одприлика 50-60 квадрати, така да планирам постојниот камин кој што планирам да го земам (кога ќе одлучам кој) да ми ја грее таа површина заедно со некој радијатор.
Па од таму да се разгранува инсталацијата, цефките за радијаторите по другите соби и надолу во други две собчиња кои ќе бидат за старите ;)

Оваа ламја како шо ја гледам е за отворена површина од некои 80 до 100 квадрати без парно.
Башка оваа еден рака дрва би собрала на едно ложење.o_O
 
Одлично те имам разбрано. Таа ламја е 18 киловат мислам( номинална снага, максимална 21) или отприлика за 130 квадрати.
Од тој модел имаш и за со котел и обичен, и вграден( сам да си го заѕидаш) и самоносечки како што е на сликата.
Така да во просторијата каде ке седи каминот ако е до кај 60 квадрати нема потреба од радијатори( ама не е на одмет да ставиш еден, нека има:)), а другите простории ке ги загреваш со парното. Не ме држи за збор ама мислам дека соодносот му беше 40/60 или 40% од снагата ја зрачи во собата, 60% од топлината оди низ радијаторите.
 
Blagodaram na sovetot . Se mislime uste,a denes resivme da kupime kakva i da bide. Znaci za taa sto vikas 35000 nwmame slusnato,a moze da se pogledne. Znaci do 40 000 den klima da bide dobra i za ladenje i za greenje salon od 40m2 so odlicna izolacija. na pocerokot bev ubedena deka Samsungot e bolji, Ama Sega poveke me vlece lgto. Znaci, dali LG s 12 af / cs 12 af ke mi gi zadovoli ocekuvanjata???
 
Znaci, dali LG s 12 af / cs 12 af ke mi gi zadovoli ocekuvanjata???
За 40м2 сите ќе ти препорачаат појака клима од 12ка (12000BTU), посигурно е да се земе една од 18000BTU или две од 12000BTU (како што е LG CS12AF). Aма пак се зависи од изолацијата и од тоа дали во просториите над, под и до тебе, се грее. Во принцип можеш да пробаш да земеш една 12ка и да видиш како ќе биде во зимата, па по потреба да додадеш уште една 12ка (или 9ка).
Само треба реално да очекуваш дека 12к за 40м2 тешко дека ќе биде доволна, освен ако изолацијата не е баш прва лига.

Од аспект на моќност на климата, и ако сакаш да бидеш релативно сигурна дека нема да се заебеш, можеби треба да размислиш да буџетот да го зголемиш за 7 до 9 илјади денари, и да земеш Fudjitsu ASYG12LLCA или Carrier Gold. По сите работи што ги научив се работи за осетно подобри машини.

На крај ваша си е одлуката, овде можеме да само да сугерираме што е што.
Штета што се брзаш, пошто на форумов има и попаметни и поискусни од мене... ама прашање е кој кога ќе ти го прочита прашањето.
 
Za 40000 za greenje vo debel minus tesko deka ke najdes. 12000btu ne te zadovoluva, 16000 i nagore, ilinekoja 12000 kako mitsubishi VAHZ ili Fujitsu LT ili Panasonic VE12NKE ili nekoja druga nordic klima (ali toa e mnogu skapo).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom