Најекономично греење и ладење

Член од
30 март 2012
Мислења
376
Поени од реакции
234
Gree Change ja namestija utrovo majstor Zoki od Skopje, za nivnata profesijonalnost nemam zborovi, znaci toplo gi preporacuvam i prvpat da vidam majstor da mi dojde so vakum pumpa a ne so nekoe motorce od frizider pripraveno/adaptirano i da mi vakumira.
Klimata do sega ne sum cul nekoj kompresor tolku tivko da raboti, sose ventilatorot na nadvoresnata edinica voopsto ne se slusaat, nikakvi gumici ne se potrebni za ispod kutijata, treba da se zagledate vo ventilatorot pa da svatite deka raboti.
Za nejzinata efikasnost rano e da se zbori, ce treba da se cekaat studeni vreminja pa da se kaze nesto relevantno. Za ladenje, ladi ama i najobicna i najevtina moze da ladi :)
Tocnata oznaka na klimata e grso-121h/jcd-n2 (od golemata kutija)
Vnatresnata edinica izgleda vaka:

Nadvoresnata izgleda vaka +nalepnica G10:
 
Член од
30 март 2012
Мислења
376
Поени од реакции
234
Izgleda i fali freon. :( Koga ladi po nekoe vreme pocnuva da mrzne prvo podebelata pa potenkata i toa mrznat samo kade ne se izolirani kako sto se gleda i na slikata. Kontaktiran e monterot i ce ja pogledne utre zadutre. Mislenje na nekoj sto razbira? Klimata ladi vnatre ama nemam tocen oset dali e toa dovolno bidejci i vremevo ne e za klima

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.367
Izgleda i fali freon. :( Koga ladi po nekoe vreme pocnuva da mrzne prvo podebelata pa potenkata i toa mrznat samo kade ne se izolirani kako sto se gleda i na slikata.
Колкава е должината на цревата? Проверуваа притисок по инсталацијата?
 
Член од
30 март 2012
Мислења
376
Поени од реакции
234
Mislam deka ne bese proveren pritisok po instalacija a crevata se so dolzina od okolu 2.8m
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.367
Mislam deka ne bese proveren pritisok po instalacija a crevata se so dolzina od okolu 2.8m
За таа должина нема потреба од додавање на фреон, ама да не истекло нешто при инсталацијата.
Баче види во спецификациите, во некој сервис мануал колку треба да биде притисокот и нека ти измерат сервисерите кога ќе дојдат. И како тоа „мрзнат„ двете црева, објасни поубаво...

Мене лично овој ми се свиѓа

Симпатично делува башка и голем отвор со што би ме спасило од мака за цепење.
Еве линк, ова треба да се простудира:
http://www.elitemadzone.org/t456643-integrisani-kamini-peci-na-pelet-za-dnevni-boravak

Во меѓувреме ова изгледа добро:
http://www.mbs.rs/thermo-pellet_sr.html
Овој е од 18KW, за мене можеби и тој од 12KW ќе заврши работа. Има и од 25KW.

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
За таа должина нема потреба од додавање на фреон, ама да не истекло нешто при инсталацијата.
Баче види во спецификациите, во некој сервис мануал колку треба да биде притисокот и нека ти измерат сервисерите кога ќе дојдат. И како тоа „мрзнат„ двете црева, објасни поубаво...

Еве линк, ова треба да се простудира:
http://www.elitemadzone.org/t456643-integrisani-kamini-peci-na-pelet-za-dnevni-boravak

Во меѓувреме ова изгледа добро:
http://www.mbs.rs/thermo-pellet_sr.html
Овој е од 18KW, за мене можеби и тој од 12KW ќе заврши работа. Има и од 25KW.

Изгледа ни @мкд владе ни @onak не се во можност да помогнат.

Оваа печка е на пелети. Со оглед на тоа што скоро и да немам никаква информација за печки на дрва, можеш да замислиш како е за печки на пелети.
Еднаш во еден муабет со еден човек тој спомена дека овие печки трошат струја.
По некое истражување за да видам колку струја би трошел со оглед на тоа дека за да гори ова чудо мора да има струја, го најдов ова...

Јас и струјата сме два различни поими, ама вака колку шо разбирам ова би му дошло колку 5 сијалици.
Е сеа никаде не видов дали е ова потрошена струја на саат или на ден (24саати).

Друг проблем е што сеуште нема разгранета мрежа за продажба на пелет.

Поентата на крај ми е..... не сакам да бидам пионер во ова и да тестирам печка која за моја употреба односно 24 KW би коштала МНОГУ. Прилично се скапи.

Добро би било кога некој тука би објаснил од свое искуство нешто во врска со овие камини.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.367
Оваа печка е на пелети. Со оглед на тоа што скоро и да немам никаква информација за печки на дрва, можеш да замислиш како е за печки на пелети.
Еднаш во еден муабет со еден човек тој спомена дека овие печки трошат струја.
По некое истражување за да видам колку струја би трошел со оглед на тоа дека за да гори ова чудо мора да има струја...
Нека ме поправат ако грешам, ама на секое парно му треба струја за пумпата. Освен на решенијата кои имаат термосифонски систем на дистрибуција на водата, ама тоа е друга приказна пошто збориме за камин во дневна соба.

Иначе табелава горе не си ја пренел во целост, кај потрошувачката има две **. Се кладам дека се работи за електричен грејач кој е опција, нешто као да искористиш евтина струја навечер кога е преладно а не си расположен да го ложиш каминот во 3 наутро, или кога те мрзи, не си дома, итн.
Не мораш да го користиш електричниот грејач ако не сакаш, а пошто изгледа е опција, не мора ни да го купиш. Иако јас мислам дека е убаво да го имаш.
Пумпата за парното не ќе да троши повеќе од 50-100W.

Дрва спроти пелети, тоа е друго прашање на кое само ти го знаеш одговорот.

Дрва= многу заебанции, сечење, цепење, складирање, транспортирање до спратот (ако си први, втори спрат на куќата). Ама и поевтина цена по киловат енергија од пелетите.

Пелети= автоматизација и ложење еднаш на ден (максимум двапати ако печката има помал резервоар). Вреќите со пелети зафаќаат малку простор во однос на дрвата.

Камините на дрва се доста поевтини. Пример Рустик етаж од Алфа Плам кошта некои 31-32к ден. во Вуделго или Сетек. Каминот на пелети од МБ Смедерво Thermo Pellet 18 kw кошта некои 80к ден. Тоа е противвредност од српски динари, не знам каде и дали ја има во Македонија -ако знае некој нека каже.

За цените на горивата еве пост од Смрт за зони:
(фали за пелети, амо може да се прерачуна и тоа)
Јас, а верувам сите други учесници, ја поздравуваме твојата идеја да ја смениш нафтата како гориво. Нафтата е многу скапа,
Денес, за друга потреба направив преглед на денешните цени на горивата и еве го постирам со надеж дека ќе ти користи тебе но и на другите учесници.
Цени на електична енергија сега се: висока тарифа 6,56 денари/KWh, ниска тарифа 3,28 денари/KWh.Инаку цените на струјата во Македонија, воопшто не се ниски туку се меѓу највисоките, на пример цената на струјата во САД е околу 11 центи ( 5,2 денари/KWh )
Еве ги цените на течните горива: Лесното масло за горење ( нафта за домаќинствата), еден литар чини 56,50 денари и содржи 11 KWh, значи единична цена е 5,14 денари/KWh. Мазут, се продава на килограми и еден килограм мазут чини 41,517 денари. Еден килограм мазут содржи 12 KWh, значи единична цена му е 3,45 денари/KWh. Природен компримиран гас, се продава на метри кубни и еден нормален кубен метар чини 32,4521 денари. Гасот содржи 9,5 KWh значи енергијата добиена од гас чини 3,42 денари/KWh. Ова се сегашни цени на течните горива. Зимно време овие цени се повисоки за 20 – 30%. Исто можете да видите дека цените на мазутот и на природниот гас се наполно исти. Тоа е секогаш така, цената на мазутот и гасот се „ врзани “ цени.
Еве ги цените на јагленот: Лигнит, се продава по цена од 4 до 5 илјади денари за тон и има топлотна моќ од 2 до 3 KWh од еден килограм значи просечна цена е 1,8 денари/KWh. Лигнит може да се добие во секое време од Катланово, Берово и Вевчани, а може да се увезе од Косово. Мрк јаглен во Македонија не се произведува но може да се набави бугарски Бобов Дол. Тоа е голем рудник со годишно производство од милион тони и се наоѓа во близината на Кустендил. Неговата цена во Бугарија е околу 200 лева, а кај нас би се добил по цена од 9000 денари за тон. Топлотна моќ, на јагленот од Бобов Дол е 5,6 KWh за килограм што значи цена му е 1,6 денари/KWh. Во Србија тешко се наоѓа мрк јаглен иако има рудници во Алексинац и Ресава, но најдов податоци од Србија за босански јаглен Бановиќи со топлотна моќ од 4,9 KWhпо цена 8000 денари за тон што значи и неговата цена би била 1,6 денари/KWh. Во Бугарија и Србија се продава руски камен јаглен со топлотна моќ од 8 KWh на еден килограм, по цена од 12000 денари за тон ( во Бугарија 370 лева, во Србија 20 илјади динари ). Неговата единична цена би била 1,5 денари/KWh.

За нас е интересно огревно буково огревно дрво кое се продава по цена од 2200 денари за метар кубен. Еден кубен метар бука има топлотна моќ од 2600 KWh, па цена за еден KWh е 0.85денари/KWh. Ова е цена, за дрво од ЈП Македонски шуми и по таа цена е огревното дрво во Бугарија ( 75 лева ) и во Србија ( 4500 динари ). Инаку по приватните складови во Скопје цената на буката е од 2800 до 3000 денари, што за еден KWh изнесува од 1,08 до 1,15 денари/KWh.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Vanlok
Еден килограм пелети содржи 5 KWh
Цената по која можат да се набават е околу 200 евра за тон, така да се прескапи за нас, затоа не ги ставив во листата. Цената на пелетите е двојно повисока од цената на огревното дрво
Еве цени за пелети од Србија
http://www.briket.co.rs/pelete-dzak-15kg+/+pelet+cene+Beograd
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Нека ме поправат ако грешам, ама на секое парно му треба струја за пумпата. Освен на решенијата кои имаат термосифонски систем на дистрибуција на водата, ама тоа е друга приказна пошто збориме за камин во дневна соба.

Иначе табелава горе не си ја пренел во целост, кај потрошувачката има две **. Се кладам дека се работи за електричен грејач кој е опција, нешто као да искористиш евтина струја навечер кога е преладно а не си расположен да го ложиш каминот во 3 наутро, или кога те мрзи, не си дома, итн.
Не мораш да го користиш електричниот грејач ако не сакаш, а пошто изгледа е опција, не мора ни да го купиш. Иако јас мислам дека е убаво да го имаш.
Пумпата за парното не ќе да троши повеќе од 50-100W.

Дрва спроти пелети, тоа е друго прашање на кое само ти го знаеш одговорот.

Дрва= многу заебанции, сечење, цепење, складирање, транспортирање до спратот (ако си први, втори спрат на куќата). Ама и поевтина цена по киловат енергија од пелетите.

Пелети= автоматизација и ложење еднаш на ден (максимум двапати ако печката има помал резервоар). Вреќите со пелети зафаќаат малку простор во однос на дрвата.

Камините на дрва се доста поевтини. Пример Рустик етаж од Алфа Плам кошта некои 31-32к ден. во Вуделго или Сетек. Каминот на пелети од МБ Смедерво Thermo Pellet 18 kw кошта некои 80к ден. Тоа е противвредност од српски динари, не знам каде и дали ја има во Македонија -ако знае некој нека каже.

За цените на горивата еве пост од Смрт за зони:
(фали за пелети, амо може да се прерачуна и тоа)

Изгледа не се разбравме најдобро....

Струја за пумпата е посебна струја и таа е неминовна.

Поентата ми беше струја за палење на пелетите и воедно одржување на нивното жариште пропратено со предпоставувам вентилатор.

Тука и тука може да видеш во целост што и како е со спецификациите за една (не е битно која) печка на пелети.

Друг проблем во пелетите...

Линкот кој ми го пушти во предходниот пост за српскиот или хрватски форум, не знам дали си го прелистал ама таму се споменува проблем кој е прилично деликатен.
Корисникот таму кажува дека првите пелети кои ги купил биле многу лоши.
Печката ја чистел на секои 3-4 часа, премногу димело, не ја давале потребната топлина кој треба да ја дава итн. итн.

Значи тоа би биле сериозни проблеми овде доколку нема квалитетни пелети изработени од дрво или слама.

Потоа таму се споменува за сериозната варијација на цената на пелетите во грејна сезона и во летна сезона.
Луѓето купувале во лето 4 тони пелети како не би купиле пелети во грејна сезона за поголема цена.
Според информациите што досега сум ги дознал пелетите се продаваат во вреќи од по 15 кг кои се со слична големина на овие вреќи од лепак за плочки

Е сега замисли колкав простор би требало да имаш ете на пример 1 тон пелети ?

Што се однесува до цената на грејно тело на пелети... еве овде една цена колку за ориентација.
За таков луксуз обично Македонче како мене ...... нема пари.

Вниманието ми е целосно свртено кон Камин на дрва кој би ми задоволил парно кое ќе грее одприлика 120-130 квадрати и кое ќе има барем малку естетика како би можел да го искорстам во дневната соба.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.367
Смрт за зони и пајак воз.
Ги знам одприлика цените на пелетите. Пак ќе кажам, се работи за компромис меѓу заштеда и комфор.
Нема секој време и воља за обврските со дрвата: сечење, цепење, складирање, итн. Башка не може автоматизација да се направи, мора да се ложи редовно: нема ложење -нема греење.

Дури и со дупло поголема цена од дрвата, пак е поевтино и од евтината тарифа на струјата. Се разбира дека во секој случај е најисплатливо греење и со клими и инвертори во комбинација со догревање на цврсти горива кога температурата ќе падне под -5с.
Тоа е мојот план, некакво парно/централно греење на дрва и/или пелети и пар клими/инвертори од средна класа (како GREE-то на колегата пар постови погоре, или LG или ако нема друга опција FUDJUTSU).

Јас лично барам печка (со котел) што би можела да работи и на дрва и на пелети, но не сум сигурен дека има таква. Резонмот е дека ваква инвестиција не се менува лесно, а сугурен сум дека во блиска иднина цената ќе падне и дистрибуцијата на пелети ќе се среди кога и побарувачката ќе порасне. Луѓево уште не знаат доволно за погодностите на пелетите (автоматизацијата на пример).

Дури наводно можат да се најдат и машини за правење на пелети за сопствени потреби, по цени од некои 300-500евра, но не знам дали и колку е ова точно.

Иначе треба да се напомне дека пелетите можат да бидат многу неквалитетни, посебно ако не се правени од дрва туку од остатоци од иверка и сл. материјали кои содржат лепаци. Ваквите пелети го запушуваат горилникот и прават многу проблеми.
Никој не ми препорачал пелети од Македонија, но ова би требало да се смени кога некој паметен ќе го увиди делот од пазарот кој знае што се квалитетни пелети (и затоа купува српски пелети, и тоа само од пар „сигурни„ фабрики).

Од сосема друга страна гледано, јас бев спремен да почнам со градење на ракетна печка со термо-акмулациона маса за складирање на топлината. Но не можам да го правам проектот зошто заборавив на носивоста на плочата на втор спрат: за термо-акмулационава печка требаат окулу 5 тони маса.
Можам да ја направам без термо-акмулациона маса ама се глуби главната поента -акумулацијата и плус пак не сум го решил загревањето другите соби. Можеби можам да ставам котел ама пак има проблем, овие печки се предвидени за исклучително ефикасно но затоа и исклучително брзо горење. Значи единствен ефикасен начин да се користат е акумулација на топлината, што би можело да се реши со некој голем резервоар за загреана вода, нешто што е исклучително сложен потфат.
Така да мора да барам конвенционално решение.
--- надополнето: 31 мај 2013 во 11:54 ---
Струја за пумпата е посебна струја и таа е неминовна.

Поентата ми беше струја за палење на пелетите и воедно одржување на нивното жариште пропратено со предпоставувам вентилатор.
Дап ама и со вентилаторот не би требало да иде повеќе од стотина вати, тие 500вати наведи со ѕвездички (за кои фали објаснување) се максималната потрошувачка кога се палат пелетите -еднократно.

Потоа таму се споменува за сериозната варијација на цената на пелетите во грејна сезона и во летна сезона.
Луѓето купувале во лето 4 тони пелети како не би купиле пелети во грејна сезона за поголема цена.
Според информациите што досега сум ги дознал пелетите се продаваат во вреќи од по 15 кг кои се со слична големина на овие вреќи од лепак за плочки

Е сега замисли колкав простор би требало да имаш ете на пример 1 тон пелети ?
Ова е точно и за дрвата, и добар домаќин купува дрва барем пола сезона порано. Иначе киловат за киловат енергија дрвата заземаат неспоредливо повеќе волумен.

Муабетот е дека ако немаш каде да складираш вреќи пелети, секако немаш простор ни за дрва да складираш.

Што се однесува до цената на грејно тело на пелети... еве овде една цена колку за ориентација.
За таков луксуз обично Македонче како мене ...... нема пари.

Вниманието ми е целосно свртено кон Камин на дрва кој би ми задоволил парно кое ќе грее одприлика 120-130 квадрати и кое ќе има барем малку естетика како би можел да го искорстам во дневната соба.
Те разбирам, така си е. Колку е долга чергата толку ќе ги пуштиш ногите.
Ни јас уште се немам одлучено и уште размислувам -има време до следната грејна сезона.
Парите се големи но и комфорот е голем. Не сум ни сигурен колку ќе имам време (и воља) да се заебавам со дрвата и сите заебанции поврзани со нив.

Само сакав да скренам внимание на сите аспекти.

Иначе, кога би одел на камин со котел на дрва најголем кандидат би ми бил Рустик Етаж каминот од Алфа Плам, кошта некои 500евра и на нетот зборат дека е ОК. Владе кажа дека се работи за стар дизајн кој не е најефикасен, но луѓето што го имаат го фалат и иако е стар дизајн -испитано функционира и не е шкарт.
Иначе погледај од страница 90/91 па натаму, се направи малку подетален муабет за камини, печки и ќумбиња.

Еве го Рустикот подоле како изгледа, но мислам дека не ти доволен за твојата површина (иако луѓе зборат дека цели куќи греат со него, зависи и од изолацијата).
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Иначе, кога би одел на камин со котел на дрва најголем кандидат би ми бил Рустик Етаж каминот од Алфа Плам, кошта некои 500евра и на нетот зборат дека е ОК. Владе кажа дека се работи за стар дизајн кој не е најефикасен, но луѓето што го имаат го фалат и иако е стар дизајн -испитано функционира и не е шкарт.
Иначе погледај од страница 90/91 па натаму, се направи малку подетален муабет за камини, печки и ќумбиња.

Еве го Рустикот подоле како изгледа, но мислам дека не ти доволен за твојата површина (иако луѓе зборат дека цели куќи греат со него, зависи и од изолацијата).
[/QUOTE]

Рустикот е моментално во употреба, стар е веќе 10тина години.
Само што е без парно.

Сега се проширува фамилијата.... потребни се повеќе соби да бидат топли, затоа сега се впуштам во инвестиција која мислам дека е добра.

Сега за сега тражам и екипа која ќе ја монтира инсталацијата а како моја обврска си барам и грејно тело.
Досега беше една екипа која за површина 120-130 квадрати со прилично добра изолација а лоши прозори ми побараа 1000 евра (до печка).
Треба да најдам уште минимум една екипа со нивна понуда како би може да одберам кој ќе ја изработи инсталацијата

Можеби знаеш некој кој инсталира парно во околната на Штип ?

Инаку како што и првично споменав наредбата од ТШМДСС (таа што мора да се слуша) е камин со стакло напред!
И сега сум во потрага по таков!
--- надополнето: 31 мај 2013 во 12:22 ---

Рустикот е моментално во употреба, стар е веќе 10тина години. Само што е без парно. Сега се проширува фамилијата.... потребни се повеќе соби да бидат топли, затоа сега се впуштам во
Сакаш да кажеш дека веќе го имаш Рустик, ама варијантата без котел?
Можеби ова ќе ти се види интересно:
http://www.samsvojmajstor.com/portal/forums/gradjevinarstvo/instalacije-grejanja-i-klimatizacije/alfa-kamin-rustik-prepravka?page=1

За препорака не знам што да ти кажам, јас го привршувам спратот и засега имам само поставено во кошулицата цевки за централно греење. Ставив Херц алупласт цевки, многумина тврдеа дека турските алупласт цевки се квалитетни ама не ми даваше мир помислата да не ставам во подот најквалитетни цевки... кој ќе се заебава после ако има проблеми -вадење паркет/ламинат и кршење кошулица... итн.
Мајсторот (кај мене дојде со чирак за да заврши побрзо работа) што ми ги местеше цевките е добар, него можам да ти го препорачам но не знам дали би се нафатил да дојде во Штип. Зависи и што ти треба, ако ставаш инсталација на цевките на ѕид и не знам како, не знам колку има искуство човекот со такви работи. Пиши ми ПП ако сакаш, ќе го најдам некаде телефонот од момакот па направете си муабет.
 
Член од
31 мај 2013
Мислења
5
Поени од реакции
1
ќе може ли некој да ми каже кој е подобриот избор од одие две клими SAMSUNG AR 12 FSFTKWQ I LG S 12 AF/CS 12 AF
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.367
ќе може ли некој да ми каже кој е подобриот избор од одие две клими SAMSUNG AR 12 FSFTKWQ I LG S 12 AF/CS 12 AF
За Самсунг зборат лоши работи, брендот си е ОК... за се ама не за климатизери. Наводно многу расипувања и проблеми, башка лоши перформанси и не грее добро на минус температури. А ако ти е само за ладење тогаш не ти треба инвертор, земи обична клима. Иначе ако баш инсистираш на Самсунг купувај денес, до утре имаш акција со бесплатна монтажа од Видеодата.

Пролистај ги последните десетина страници, има дискусија за климатизерите. Ако сакаш на кратко, од двете наведени јас би земај ЛГ. Но има и други опции...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom