Смрт за зони и пајак воз.
Ги знам одприлика цените на пелетите. Пак ќе кажам, се работи за компромис меѓу заштеда и комфор.
Нема секој време и воља за обврските со дрвата: сечење, цепење, складирање, итн. Башка не може автоматизација да се направи, мора да се ложи редовно: нема ложење -нема греење.
Дури и со дупло поголема цена од дрвата, пак е поевтино и од евтината тарифа на струјата. Се разбира дека во секој случај е најисплатливо греење и со клими и инвертори во комбинација со догревање на цврсти горива кога температурата ќе падне под -5с.
Тоа е мојот план, некакво парно/централно греење на дрва и/или пелети и пар клими/инвертори од средна класа (како GREE-то на колегата пар постови погоре, или LG или ако нема друга опција FUDJUTSU).
Јас лично барам печка (со котел) што би можела да работи и на дрва и на пелети, но не сум сигурен дека има таква. Резонмот е дека ваква инвестиција не се менува лесно, а сугурен сум дека во блиска иднина цената ќе падне и дистрибуцијата на пелети ќе се среди кога и побарувачката ќе порасне. Луѓево уште не знаат доволно за погодностите на пелетите (автоматизацијата на пример).
Дури наводно можат да се најдат и машини за правење на пелети за сопствени потреби, по цени од некои 300-500евра, но не знам дали и колку е ова точно.
Иначе треба да се напомне дека пелетите можат да бидат многу неквалитетни, посебно ако не се правени од дрва туку од остатоци од иверка и сл. материјали кои содржат лепаци. Ваквите пелети го запушуваат горилникот и прават многу проблеми.
Никој не ми препорачал пелети од Македонија, но ова би требало да се смени кога некој паметен ќе го увиди делот од пазарот кој знае што се квалитетни пелети (и затоа купува српски пелети, и тоа само од пар „сигурни„ фабрики).
Од сосема друга страна гледано, јас бев спремен да почнам со градење на
ракетна печка со термо-акмулациона маса за складирање на топлината. Но не можам да го правам проектот зошто заборавив на носивоста на плочата на втор спрат: за термо-акмулационава печка требаат окулу 5 тони маса.
Можам да ја направам без термо-акмулациона маса ама се глуби главната поента -акумулацијата и плус пак не сум го решил загревањето другите соби. Можеби можам да ставам котел ама пак има проблем, овие печки се предвидени за исклучително ефикасно но затоа и исклучително брзо горење. Значи единствен ефикасен начин да се користат е акумулација на топлината, што би можело да се реши со некој голем резервоар за загреана вода, нешто што е исклучително сложен потфат.
Така да мора да барам конвенционално решение.
--- надополнето: 31 мај 2013 во 11:54 ---
Струја за пумпата е посебна струја и таа е неминовна.
Поентата ми беше струја за палење на пелетите и воедно одржување на нивното жариште пропратено со предпоставувам вентилатор.
Дап ама и со вентилаторот не би требало да иде повеќе од стотина вати, тие 500вати наведи со ѕвездички (за кои фали објаснување) се максималната потрошувачка кога се палат пелетите -еднократно.
Потоа таму се споменува за сериозната варијација на цената на пелетите во грејна сезона и во летна сезона.
Луѓето купувале во лето 4 тони пелети како не би купиле пелети во грејна сезона за поголема цена.
Според информациите што досега сум ги дознал пелетите се продаваат во вреќи од по 15 кг кои се со слична големина на овие вреќи од лепак за плочки
Е сега замисли колкав простор би требало да имаш ете на пример 1 тон пелети ?
Ова е точно и за дрвата, и добар домаќин купува дрва барем пола сезона порано. Иначе киловат за киловат енергија дрвата заземаат неспоредливо повеќе волумен.
Муабетот е дека ако немаш каде да складираш вреќи пелети, секако немаш простор ни за дрва да складираш.
Што се однесува до цената на грејно тело на пелети...
еве овде една цена колку за ориентација.
За таков луксуз обично Македонче како мене ...... нема пари.
Вниманието ми е целосно свртено кон Камин на дрва кој би ми задоволил парно кое ќе грее одприлика 120-130 квадрати и кое ќе има барем малку естетика како би можел да го искорстам во дневната соба.
Те разбирам, така си е. Колку е долга чергата толку ќе ги пуштиш ногите.
Ни јас уште се немам одлучено и уште размислувам -има време до следната грејна сезона.
Парите се големи но и комфорот е голем. Не сум ни сигурен колку ќе имам време (и воља) да се заебавам со дрвата и сите заебанции поврзани со нив.
Само сакав да скренам внимание на сите аспекти.
Иначе, кога би одел на камин со котел на дрва најголем кандидат би ми бил Рустик Етаж каминот од Алфа Плам, кошта некои 500евра и на нетот
зборат дека е ОК. Владе кажа дека се работи за стар дизајн кој не е најефикасен, но луѓето што го имаат го фалат и иако е стар дизајн -испитано функционира и не е шкарт.
Иначе погледај од
страница 90/91 па натаму, се направи малку подетален муабет за камини, печки и ќумбиња.
Еве го Рустикот подоле како изгледа, но мислам дека не ти доволен за твојата површина (иако луѓе зборат дека цели куќи греат со него, зависи и од изолацијата).