Епа, безизлезна ситуација. L Не знам кој крај да фатам. Не знам што е правилно што не е. Имам или имав 3 години врска, во која поголем дел од времето работите не беа како што треба, ама останувавме заедно поради чиста причина шо се сакавме. Прво, на почетокот, ме изневери, ми призна дека само се работи за бакнеж и дека сето тоа го прекинал бидејќи ме сакал и сум му значела. Дека потребна било доверба во една врска, и затоа ми признал, па ајде некако со ветувања, триста чуда и се смиривме. Ај, си реков, почеток на врска, нема везе, ќе се среди.
Помина тоа, и нормално, се беше супер, убо ни беше заедно но почнавме да се дистанцираме и од моето и од неговото друштво. Па добро, не беше тоа некој голем проблем, (иако од денешна перспектива ми светнува ламбичката што е работата) почнавме да излегуваме сами и убо ни беше иако одевме на места само тој каде што сака, и се правеше се само тоа што тој сака, и секако реагирав,пробував со муабет да се среди се, но само се каравме и реков џабе се расправам, не постигнувам ништо. Па ајде продолживме така се додека тој почна да ми префрла за тоа дека сум сакала да се гледам со другарките. Му сметаше и денско пиење кафе со другарки, и воопшто му сметаше и дома на гости да ми дојдат и најблиски другарки.
Па кавги, па циркузи – не ми е јасно како можи да биди љубоморен на другарките кога цело слободно време го поминував со него, и во еден месец ако се видев со нив 2-3 пати. И се одалечив од многу луѓе, прекинав многу контакти, најблиските веќе кренаа раце од кога едно сто пати сум ги одбила за да се видиме. Добро тоа плус проверување на пораки, повици, фејсбук, па и за секој еден на фб кој ти е овој, што ти е овој, и давање отчет за се. Да, разговарав, пробував на секој можен начин да посочам дека воопшто нема потреба од сето тоа, па и се дерев иако тоа не е во моја природа вооптшто, раскинав неколку пати па се смиривме, но нишо не постигнав со то.
Се гледам себеси сега како некоја малумна што не може да процени човек, но прва врска, и јас таква смотана и неискусна тогаш имав 16 години ко почнавме да одиме. Болната љубомора е незнам, налошо нешто што може случи во една врска, а пред две години некој да ми зборуваше за ова дека ќе се случи - ненормален имаше да го напрам. Не ми се верува како може човек толку да се смени. Не можам веќе да издржам, немам на кој да му кажам за ова, бидејќи се дистанцирав од сите. Морам вака, на овај начин.
Размислував, и знам дека што поскоро завши сето ова – подобро. Го сакам, ме сака, сексот е одличен ама, љубоморните испади ме истоштија и немам желба веќе да се борам за врската и да му докажувам работи за кои не ни има потреба да ги помисли. Денес ставив крај. ( до кога ќе издржам не знам). Ми се плачи, ми иди не знам што да направам. Толку вложив, толку се трудев а не вредело.