The Curious Case of Benjamin Button
Тамам ќе кажев дека љубовните, романтични филмови не се мој жанр, го гледав овај филм. Дефинитивно не сум фан на романтични филмови со предвидлива содржина, но ова е нешто сосема поразлично и дефинитивно треба да го погледнете. Одлична приказна добро пренесена пропратена со одлична музика и кастинг.
Раскажувањето на приказната многу наликува на Прашина од Милчо Манчевски, додека претходен филм кој сигурно го знаете од овај режисер е Fight Club. Приказната се базира на фантастична случка на дете кое се раѓа старо па со време станува наизглед се помлад и помлад. Како дел од прекрасната режија се некулкуте исторски настани, како Прва и Втора Светска војна или поплавата на
New Orleans, кој се само парцијално спомнати со што не би и се наштетило на приказната, но придонесуваат во тоа да не уверат во нејзината веродостоност. Оцена: 9/10