- Член од
- 20 март 2008
- Мислења
- 694
- Поени од реакции
- 414
Не, не сакам поезија... сакам само стихови, како што го направи тоа сега. Конечно и тебе ти текна да бидеш конкретен.Стихови...Сакаш поезија, не?
Еве и стихови:
Стар Завет: Постанок 1.26, Постанок 18.1-18.3., Исаија, 6.3.
Нов Завет: Матеј, 28.19, Матеј 3.16, 3.17.
Доволно?
Ајде сега, убеди ме во спротивното, а тоа убедување да биде совршено...
Ајде еден по еден....
Ова ’постанок’ не ти звучи малце старомодно и излитено? Во поновите преводи на биб. ова е заменето ама нвм. 1:26 - Во никој случај ова не укажува на некакво тројство. Тука Бог му се обраќа на Исус за тоа што планирале да прават.. сеа нели не било тоа така како што денеска двајца праат муабет, ама така е доловено во библијата за ние луѓето да сфатиме. Ако ти во присуство на 2-3ца покрај тебе кажеш : Ајде да направиме кула од песок ( да речеме дека сте на плажа ), дали тоа значи дека ти, и уште другите 2-3ца сте повеќе личности составени во еден човек?
18:1-3... од почеток читајќи ги стиховиве неможев да сфатам како тоа упатува на тројство ама после неколку читања ми светна... ’..тројца луѓе.. ’.Ова е прилика кога кај Авраам дошле на гости тројца луѓе, коишто биле ангели но тој не знаел. Тоа биле ангели кои имале човечки облик и биле пратени да му ја објават на Авраам радосната вест дека неговата жена Сара, иако на стари години, ќе има син. Ова во никој случај не се поврзува со тоа дека Бог е 3 личности.
Исаија 6:3 - Ако видиш од контекстот, односно ако ги прочиташ првите 2 стиха ќе видиш дека тука се зборува за престолот на Бог и како околу престолот имало ангели наречени Серафими, тоа се ангели на највисока положба. И подолу во третиот стих продолжува дека тие ангели еден на друг си велеа..... Вака ако ми ваѓаш од контекст, до утре можеш да најдеш стихови со кои ќе докажеш што сакаш. Ама библијата не е пишувана стих по стих... туку по цели мисли, настани итн... значи во никој случај неможеш да извадиш еден стих од негде и да го употребиш во своја корист.
Матеј 28:19 Иако Бог, Исус и светиот дух се спомнати во исти стих, никаде не пишува дека тие се едно. Исус со овој стих им се обраќал на евреите. Интересно е да размислиш што верувале евреите како нација. Кога израелците го добиле законот, којшто нели е сега дел од стариот завет на библијата, една од заповедите е : Немој да имаш други богови освен мене. (5 мој. 5:7) За колку личности станува збор во овој стих? Понатамо во 5 мој. 6:4 читаме :Послушај, Израеле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ ( превод од МПЦ ). Ова било многу важно за израелците бидејќи тие самошто биле ослободени од ропство од Египет каде што се обожавале 3 Богови т.е. Озирис, Ирис и Хорус. Бидејќи Исус бил роден евреин, тој морал да ги следи истите заповеди. По неговото крштавање, кога Сатана го искушувал, тој му рекол : Бегај Сатано зашто напишано е ....... и само НЕМУ служи му. Исус тука рекол... нему служи му, не нас или ние коешто би го рекол ако би бил дел од некое тројство.
Матеј 3:16,17 Напротив со овој стих се побиваш сам себе. Тука вели дека кога Исус се крсти Божјиот дух слезе врз него и се чу глас од небото како вели: Овој е мојот сакан син.... Кога Исус би бил дел од тројство тој би рекол, Ова сум јас, Бог ... или нешто во тој стил.
Се надевам ќе го прочиташ ова цело... да не испадне дека само за џабе потрошив дел од моето скапоцено време