Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Абе заспани.....нема логика во религијата, и коранот тоа ви го кажува. Монотеистичките религии работат со срцето, не работат со логика. Пример за тоа ви се 7те неба во коранот, кои исто така не сте ги разбрале.Каде е здравиот разум во 7те неба? Ако бидете умни можеби некогаш и ке ви ги објаснам 7те неба, а не да ми цитирате тука суфи кои не сте ги разбрале.
И некој ке очекува од вас да разберете како 1+1+1=1 :facepalm:
Тоа за вас е шпанско село.Папагали како вас само знаат да повторуваат тоа што некој ке им го каже и немаат разум сами да сФатат што сакал авторот да каже.

Е мој Гурџи, одамна зборувам јас за лоботомијата која е присутна кај нив:cool:

Тоа што ти го бараш од нив уште илјада години со ова темпо нема да го разберат.

Оние што успеале да разберат - излегле од кафезот, а со самото тоа и од канџите на една воено политичка идеологија, опасна за секого.

Патот кон излезот од кафезот и кон слободата е - или потполно разбирање на суштината на светите книги (наоѓање на виситната) или класичен атеизам.

И двата наизглед дијаметрално спритивни пата, водат кон слободата од кафезот.

Разликата е во вкусови, односно во практикување на слободата и начинот на користење на нејзините благодети.
 
Кажи што не ти е јасно брат....имаш проблем да сватиш дека 1+1+1=1.
Тоа ли е твојот проблем?

Гурџи мене не ми е јасен друг аспеклт на равенствово.
Не мислиш ли дека со равенствово му вметнувате ограничување на некој кој е омнипотентен.
 
Алах и Јахве навистина не се еден и ист бог, туку уште еден обид од Исламот да му припише континуитет на Куранот во однос на Светото Писмо.

МIKI1, не јавувај се на сериозни дискусии каде што е потребно знаење. Ти имаш резервација за Колозовско презентирање на православието. ;)

Ако сакаш да звучиш сериозно, отвори некоја Библија на арапски јазик и види таму како Јахве во 99,9% е преведен на арапски. Ако Аллах и Јахве навистина не се истиот Бог, тогаш имате несериозни познавачи и преведувачи на Библијата.
 
МIKI1, не јавувај се на сериозни дискусии каде што е потребно знаење. Ти имаш резервација за Колозовско презентирање на православието. ;)
.

Omer,

имам напишано и еве пак пишувам: дискусијата со верните во Исламот не е дискусија, туку двоен паралелен монолог.
Исто како да „дискутирам„ со протестанти...:icon_lol:
--- надополнето: 30 мај 2013 во 00:01 ---
Ако Аллах и Јахве навистина не се истиот Бог, тогаш имате несериозни познавачи и преведувачи на Библијата.

Omer,

Јахве, т.е. Господ Бог и Алах, имаат толку различни атрибути, што е невозможно да им изведеш ниту НЗС (најмал заеднички содржател).

Имено, Бог Е Троичен:
- уште од вечноста,
- и во Стариот Завет
- и во Новиов Завет.

Алах е чиста единка, која од Троичен Бог, се саморедуцирала на „единица„!?....:confused:

Господ Бог Е Троичен, затоа што на размуните битија, како што Е Бог, како што се ангелите, како што е човекот, им требаат други разумни битија за да станат заедница од личности, Ти текнуе?....

На еден еднокелиски огранизам не му трба друг еднокелиски организам, на еден камен не му треба друг камен, на едно дрво не му треба друго дрво, но на еден човек, му треба друг човек, за да бидат заедница, како што е заедницата од Троичниот Бог. Затоа Христос вели: „...каде се двајца и тројца собрани во Мое име, таму Сум и Јас...„. Ти текнуе?....Еден изолиран човек не е може да сочинува Црква, оти еден човек не може само со себе да стапи во личносна релација оти е сам, но двајца и тројца, собрани во заедница, чинат (мала) Црква.

Алах пак, е, се чини, некое самоизолирано битие, кое битисува „некаде„, и кое гледа сеир „од страна„ со она кое тој го создал. Небитно е што Алаховите луѓе се прлелкаат во гревови, страдаат и умираат во гревови, оти Алах не е од тоа засегнат....
 
Микица, ти реков без Колозовите проповеди.;) Лажи некоја неедуцирана или полу едуцирана (како тебе) душичка за наводното ти тројство спомнато во Стариот и Новиот Завет,а мене само одговори ми:

-Ако Јахве и Аллах не се истиот Бог, тогаш зошто во преводите на Библијата на арапски јазик, Јахве е преведен како Аллах?
 
Алах и Јахве навистина не се еден и ист бог, туку уште еден обид од Исламот да му припише континуитет на Куранот во однос на Светото Писмо.

Ете веднаш ако немаат одховор веднаш навреди.

Во контекст со твојот одговор не ми е баш јасен
Мики зошто исламот се приврзува за Христијанството и тврди дека куранот е упдејт на библијата а притоа го отфрлаат Господ Исус како Бог?
Односно зошто му препишува континуитет?

Дали тоа значи дека Ангелот Деница Сатанител решил да згреши милијарди верници да не се покрстат и во ангелот на светлината ги измамил?
Или пак Бог решил да не искушува?
Баш доколку знаеш и какво толкување имаат православните теолози во врска со ова значење.
Мене повеќе разумот ме влече на ова второво.
 
-Ако Јахве и Аллах не се истиот Бог, тогаш зошто во преводите на Библијата на арапски јазик, Јахве е преведен како Аллах?

Еве ти еден стих од арапска Библија:

يهوه. أقرب معنى لهذا الاسم «الكائن (Осија 12:5, арапски превод на Библијата)

Во превод ова значи: „А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово.“ (Осија 12:5, Библијата)
Арапскиот збор што е најдесно од стихот е ЈАХВА (يهوه ).Како што веќе знаеш, Алах се пишува поинаку на арапски јазик т.е. вака:
( الله )
.
 
Лажи некоја неедуцирана или полу едуцирана (како тебе) душичка за наводното ти тројство спомнато во Стариот и Новиот Завет

Omer,

Троичноста Божја е свршено јасна во Стариот, а особено во Новиот Завет, ама ајде, терај си по свое...
--- надополнето: 30 мај 2013 во 01:07 ---
,а мене само одговори ми:

-Ако Јахве и Аллах не се истиот Бог, тогаш зошто во преводите на Библијата на арапски јазик, Јахве е преведен како Аллах?

Од кај да знам...Зашто мене ме прашуваш, кога знаеш дека сум (полу)неписмен?...:icon_lol:
--- надополнето: 30 мај 2013 во 01:18 ---
Во контекст со твојот одговор не ми е баш јасен
Мики зошто исламот се приврзува за Христијанството и тврди дека куранот е упдејт на библијата а притоа го отфрлаат Господ Исус како Бог?
Односно зошто му препишува континуитет?
.

Исламот се поврзува кон јудео-христијантството пред се‘, заради убедливост: ако Исламот каже дека е целосно нова вера, која има временска „луфта„ од 6 векови во однос на христијанската, тогаш секој потенцијален верник би ја забележан неспоивоста меѓу Исламот и рисјантството. Но ако Исламот барем мисловно се поврзе со христијанството па уште ако во себе асимилира учење кое е дел и од Стариот и од Новиот Завет, ете ти убедлива вера, која не е ептен нова, туку „као„ има барем грам заедништво со претходната, со рисјанската...

На Исламот не може да му се забележи една работа: дека Исмаил, синот Аврамов и Агарин, навистина е предокот/пра-таткото на денешните арапи. Ете, толку е врската на Исламот со христијанството, односно на Куранот со Светото Писмо. Тоа што Исламот Го „асимилира„ Христа и Го симнува на ниво‘ од обичен смртник и пророк, тоа е најблаго речено, несериозно од нивна страна.

Разликата меѓу учењето од Исламот и од Црквата е толку голема, што нема начин на кој можат да се премостат тие суштински разлики-освен со фантастични измислици и искривувања.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 01:19 ---
Дали тоа значи дека Ангелот Деница Сатанител решил да згреши милијарди верници да не се покрстат и во ангелот на светлината ги измамил?

И јас така би рекол...
--- надополнето: 30 мај 2013 во 01:23 ---
Или пак Бог решил да не искушува?

Прав си: Бог го допушти појавувањето на Исламот како камшик за рисјаните.

Како што старозаветните евреи беа сардисани од сите страни со непријателски племиња, така и Исламот е непријател на Црквата Христова. Доволна е проста споредба: се‘ што чинел Мухамед, тоа го чинел како целосен опозит од Исусовото учење.
 
Тука имам едно подпрашање до тебе, сакам да ми споредиш неколку опозити во учењето на Исус и во учењето на Мухаммед, али сакам говор на Исус и говор на Мухаммед, а не да ни кажуваш што раскажуваат неговите апостоли и она што ти како прикаска си го слушнал за Мухаммед.

Со Почит.
 
сакам да ми споредиш неколку опозити во учењето на Исус и во учењето на Мухаммед,

На пример: Христос поучуваше, лекуваше болни, воскреснуваше мртви.
Кажи ми дека тоа го чинел и Мухамед, освен што пишувал поезија.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 10:37 ---
али сакам говор на Исус и говор на Мухаммед, а не да ни кажуваш што раскажуваат неговите апостоли

Е многу сакаш бе чоек...А да не сакаш и аудио-видео записи од тие говори?...
Ај биди посериозен и не ми поставувај услови во протестантски манир.
 
На пример: Христос поучуваше, лекуваше болни, воскреснуваше мртви.
Кажи ми дека тоа го чинел и Мухамед, освен што пишувал поезија.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 10:37 ---

Е многу сакаш бе чоек...А да не сакаш и аудио-видео записи од тие говори?...
Ај биди посериозен и не ми поставувај услови во протестантски манир.

А кој рече дека не правел, гледаш дека ми одговараш не според твоето знаење туку според она што си го слушнал за Мухаммед??

читај бе МИКИ1...

Со молитва правел да врне дожд, со допир правел од јалова овца да протече млеко, знаел за некои работи пред да се случат и дека се случиле без да биде присутен и без некој да му каже, зарем не е тоа исто??
 
Omer,

Троичноста Божја е свршено јасна во Стариот, а особено во Новиот Завет, ама ајде, терај си по свое...
--- надополнето: 30 мај 2013 во 01:07 ---
Како тоа? Дај ако сакаш објасниси ја изјавава, ама те молам... стихови ! и од стариот и од новиот завет... баш да видам колку е совршено јасна.
 
А кој рече дека не правел, гледаш дека ми одговараш не според твоето знаење туку според она што си го слушнал за Мухаммед??

kralot,

штом слушнам нешто пофално и чудотворно кај Мухамеда, прво Тебе ќе Те известам...
--- надополнето: 30 мај 2013 во 11:38 ---
Со молитва правел да врне дожд, со допир правел од јалова овца да протече млеко, знаел за некои работи пред да се случат и дека се случиле без да биде присутен и без некој да му каже, зарем не е тоа исто??

kralot,

чудата Мухамедови, кои ги наведуваш, немаат ништо заедничко со чудата Христови, кои се засновани на неограниченото Христово човекољубие па затоа се неспоредливи.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 11:48 ---
Како тоа? Дај ако сакаш објасниси ја изјавава, ама те молам... стихови ! и од стариот и од новиот завет... баш да видам колку е совршено јасна.

Стихови...Сакаш поезија, не?

Еве и стихови:
Стар Завет: Постанок 1.26, Постанок 18.1-18.3., Исаија, 6.3.
Нов Завет: Матеј, 28.19, Матеј 3.16, 3.17, Лука 1.32, Јован 14.16, 14.17.

Доволно?

Ајде сега, убеди ме во спротивното, а тоа убедување да биде совршено...
 
kralot,

штом слушнам нешто пофално и чудотворно кај Мухамеда, прво Тебе ќе Те известам...
--- надополнето: 30 мај 2013 во 11:38 ---

kralot,

чудата Мухамедови, кои ги наведуваш, немаат ништо заедничко со чудата Христови, кои се засновани на неограниченото Христово човекољубие па затоа се неспоредливи.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 11:48 ---

Стихови...Сакаш поезија, не?

Еве и стихови:
Стар Завет: Постанок 1.26, Постанок 18.1-18.3., Исаија, 6.3.
Нов Завет: Матеј, 28.19, Матеј 3.16, 3.17, Лука 1.32, Јован 14.16, 14.17.

Доволно?

Ајде сега, убеди ме во спротивното, а тоа убедување да биде совршено...

значи само Христос имал чудотворби??

зарем Аврам не пробал да го коли својот син, а ножот кој камен сечел не сечел на вратот на Исмаел, значи тоа не е чудотворство??

Зарем Аврам не бил фрлен во огон и останал жив, и тоа ли не е чудотворство??

Зарем Мујсеј не го отворил морето ?? и тоа ли не е чудотворство??

Зарем Ное не знаел за потопот па направил арка? и тоа ли не е чудотворство??

Види братче, пратениците божји се дарени со Муџиза, Чуда, кои бог им ди дал за да им ја докажуваат веродостојноста на нивните мисии!!
 
Чудата кои ги чинеле пророците, не се чуда сторени по нивната моќ, туку по Божјата се‘моќ. Христовите чуда не се исто што и пророчките чуда, туку Христос чини чуда по Својата се‘моќ.

Христос не чини чуда за да бидат чудни, туку чини чуда кои се во човекова корист, а токму тоа е суштинската разлика меѓу Христовите и Мухамедовите чуда.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom