Заебите вие кампањи протув пушење и алкохол. Нема фајде од тоа, нема никаков резултат врз конзумацијата на цигари и алкохол. Јас конкретно сум ЗА да се поскапнат и цигари и алкохол, ама не за 5 денари или 10, туку за 20-30, да се осети разлика и да се удри по џебот јако. Тинејџери, секој втор човек е пушач/алкохоличар кој заработува 150/200 евра плата у месец и се жали дека неможе да сврзе крај со крај. Наместо 2 фурни леб да земе, тој зима половина или 1 поради тоа што мора да има пари за кутија цигари. Наместо литар млеко, нема да земе ниту литар, да му останат пари за пиво ко ќе му дојде пријател.
Јас во фамилија имам конкретен пример за тоа, мојот тетин. Работи ко ѕидар/молер и зима плата од 250 евра, кога и да дојде на гости бара пари и се жали како немал пари ништо да земе за свои дома, ниту да плати сметки. А пази, тетка ми работи у Охис и не прима плата а работи ради стаж поради страв дека е стара и ако даде отказ неможе да најде друга работа. Значи 3ца со се братчетка ми живеат од 250 евра плата. А двајцата се пушачи, и тоа страсни, секој ден и двајцата по 60 ден за пакла даваат и се трујат, додека братучетка ми јаде гевреци секој ден. Жално, жално. Поради вакви луѓе, иако ми се роднини, треба да се покачат цигарите и алкохолот за енорнмна сума, само тогаш луѓето ќе се свестат на каков луксуз пари фрлаат. Оној кој има пак ќе има, и пак ќе пуши. Али генерално ќе живееме подобро, поздраво и посреќно. Цигарите се моментална илузија на смиреност и задоволност, а у исто време гадна навика. Алкохолот бетер.