Како заработуваат пари нашите од дијаспората?

Член од
27 март 2013
Мислења
43
Поени од реакции
13
Freedom2say, се е убаво за тие што не купувале кука, за 50% од годинашен приход + - 1500-1700 Х 12 месеци = 18 000 ок,
може во Сомалија да купиш куќа за тие пари во МК, колку што гледам по огласите ке ти требаат ок 50 000 долари.

Само не напиша колку плаќате усигуране за 4 члена, а изгледа не плаќате а ако отиде 1 во болница тогаш треба да си купите Шатор за удобен живот.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.923
Поени од реакции
2.162
Одамна не сум била на форум, ама сега живеам во САД со фамилијата па да одговорам на прашањето. Сопругот работи како заварувач и заработува во просек 3200 долари месечно. За америчкиот стандард тие не се многу пари но ако човек ПАМТИ како живеел во Македонија, со тие пари тука СЕ ЖИВЕЕ. Тие кои велат дека одвај се поминува-како не, лажат. За илустрација: 600 долари стан, 170 осигурување за двата автомобила (да, два оти со еден ништо не правиш), 110 струја, 65 теле./интернет, 65 мобилни телефони, 400-500 гориво. Тоа е ПОЛОВИНА плата. Другата половина ја трошиме за храна, облека и се останато. Најмалку еднаш неделно одиме во ресторан, секој викенд сме некаде кинисани, одиме на кино, во забавни паркови итн.итн...и имаме две деца кои исто така си имаат трошоци!Јас сум моментално невработена и не се брзам многу да најдам работа!
Сакам да кажам, кога ќе почнам и јас да работам ние ќе заштедиме многу пари и без да штедиме вистински оти едната плата ќе ни биде ВИШОК! За една година ќе собереш пари за куќа! повеќе ништо не треба да кажам.
Иначе мажот ми работи од 07-17.30 од понеделник до петок и во сабота од 07.00 -12.00.
најдобрата работа во САД е што не мораш да ринташ како коњ, туку можеш лесно да најдеш и работа со пола работно време ако сакаш.. ринтањето е по слободен избор (сакаат многу пари!). Ама исто е и живеењето...
Кој за што е... ;)(y)
--- надополнето: 14 април 2013 во 08:21 ---
--- надополнето: 14 април 2013 во 08:25 ---
Уште една ситница...Не работиме со кредити, хипотеки и слично... никако не можеме да ја „купиме“ таа политика дека колку позадолжен во Америка толку поарно. Ние плаќаме кеш т.е. со дебитна. И не сме останале без пари.
Само едно прашање, во која сојузна држава си? Затоа што гледам дека цените се доста евтини. Тука не можеш да најдеш испод 900$ стан за кирија.

Без кредитна историја си ништо во Америка. Почнете да работите со кредитни карти оти нема да можете ништо да земете поголемо. Кредитите во Америка не се како во Мк. Кредитната историја им кажува на банките колку си доверлив со парите што ги бараш од банката, колку подобра кредитна историја толку помал процент на интерес ќе имаш ако сакаш да земеш куќа или нова кола на кредит.

А за добра куќа во подобра населба тука испод 200.000$ нема да најдеш, така да сакал неќел ќе мора да ја отплаќаш на кредит
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
YuZe, па и во Македонија се гледа кредитна историја ;)
 
С

Спасе супата

Гостин
На спортска прогноза многу фаќаат затоа се богати.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.923
Поени од реакции
2.162
YuZe, па и во Македонија се гледа кредитна историја ;)
Моите кога земаа кредит во Македонија пред години, им побараа само потврда од работа.

За кредит рејтинг ти треба години за да го изградиш, таква работа барем јас во Македонија не видов.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Моите кога земаа кредит во Македонија пред години, им побараа само потврда од работа.

За кредит рејтинг ти треба години за да го изградиш, таква работа барем јас во Македонија не видов.
Па не треба да им побараат, постои кредитен регистар и банкарите сами можат да си го проверат тоа.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Freedom2say, се е убаво за тие што не купувале кука, за 50% од годинашен приход + - 1500-1700 Х 12 месеци = 18 000 ок,
може во Сомалија да купиш куќа за тие пари во МК, колку што гледам по огласите ке ти требаат ок 50 000 долари.

Само не напиша колку плаќате усигуране за 4 члена, а изгледа не плаќате а ако отиде 1 во болница тогаш треба да си купите Шатор за удобен живот.
Многу е важно кога ќе дојдете овде да сте подалеку од „нашите“. Извинете што така звучам грубо, ама ние нашата малограѓанштина си ја носиме со нас и колку побрзо ќе се најдеме меѓу непознат свет толку поскоро ќе научиме се што треба. Да, може да се купи куќа од најмалку 100м2 за сума од 15 до 30 илјади долари. Ако имаш вистинска информација и ако знаеш каде да ја бараш.

Платата што ја напишав од сопругот е чиста плата без одбивки. Инаку од бруто платата секоја недела му запираат 90 долари за здравствено осигурување за сите 4-ца (family insurance). Осигурувањето е на некој начин преку фирмата иако му запираат дел, бидејќи со тоа право се стекна по 90 дена од вработувањето. Ние плаќаме само 30 долари партиципација од посета на матичен или специјалист. И за лекови исто ни плаќа осигурувањето. Значи, да нема забуна. Не сме ниту на државно осигурување ниту на социјална помош. И никој подобро од мене не знае што значи медицински трошоци овде. При рутински преглед ми открија рак :( и три месеци поминав по болници. Со осигурувањето кое го имаме ние исплативме околу 1000 долари по основ на партиципација за време од три месеци, а осигурителната компанија исплати 20 илјади долари. o_O :confused: Повеќе од јасно ми е дека Господ не' сакал и дека можеби не се сите толку среќни. Ако требаше ние да ги платиме овие трошоци, наредните неколку години требаше да работиме да се исплатиме на докторите.

--- надополнето: 30 мај 2013 во 06:12 ---
Само едно прашање, во која сојузна држава си? Затоа што гледам дека цените се доста евтини. Тука не можеш да најдеш испод 900$ стан за кирија.

Без кредитна историја си ништо во Америка. Почнете да работите со кредитни карти оти нема да можете ништо да земете поголемо. Кредитите во Америка не се како во Мк. Кредитната историја им кажува на банките колку си доверлив со парите што ги бараш од банката, колку подобра кредитна историја толку помал процент на интерес ќе имаш ако сакаш да земеш куќа или нова кола на кредит.

А за добра куќа во подобра населба тука испод 200.000$ нема да најдеш, така да сакал неќел ќе мора да ја отплаќаш на кредит

Кога гледавме да земеме втор автомобил сакавме да го земеме на кредит за да почнеме со кредитна историја но се соочивме со проблем бидејќи ја немавме. Почнавме да работиме со кредитни картички и веќе првиот скор ни е 730 и на двајцата што не е лошо како за старт. Инаку ние сме во Северна Каролина.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 06:20 ---
кај мислиш да ја градиш куќата што ќе ја заработиш со една нормална плата за една година?:confused:
--- надополнето: 14 април 2013 во 11:05 ---

Нема да градиме куќа, ќе си купиме изградена. на готово.

како и кога после едно вакво работно време на сопругот можете еднаш неделно да одите на вечера,секој викенд негде да кинисате,сопругот твој од челик е правен или ни продаваш пуфки овде нас на форумов:eek:

иначе јас исто сум дваесетина години во странство;)[/quote]

Не ви продавам пуфки, ви ја кажувам вистината. Ние сме првите Македонци во градот во кој дојдовме и иако од почетокот многу ни беше тешко заради тоа, за кратко време сфативме дека тоа ни е благослов, а не проклетство. Одењето во ресторан еднаш неделно не кошта од 30-50 долари. Кога велам дека некаде кинисуваме, Бог да чува, да не мислиш дека одиме на Хаваите :eek: ?
Одиме блиску, до 3 часа возење. На излетнички места, на езеро, планина, на гости...во музеи...такви работи. Далеку сме од живеење богато или многу комфорно ама во споредба со Македонија... човечки и достоинствено живееме.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
да беа Германија,Австрија,Швајцарија комшии на Македонија и ние ќе бевме како нив,но за жал Србија,Албанија,Бугарија,Грција тоа се нашите комшии,кој од кого посиромав
очекувањата наши се Македонија да биде Луксембург покрај овие комшии:confused:
--- надополнето: 14 април 2013 во 10:56 ---

кај мислиш да ја градиш куќата што ќе ја заработиш со една нормална плата за една година?:confused:
--- надополнето: 14 април 2013 во 11:05 ---

како и кога после едно вакво работно време на сопругот можете еднаш неделно да одите на вечера,секој викенд негде да кинисате,сопругот твој од челик е правен или ни продаваш пуфки овде нас на форумов:eek:

иначе јас исто сум дваесетина години во странство;)
Абе Шота со 4 плати дома од кој твојата е над 5000 евра вие одите во ресторант, шетате некаде или не ви стасуваат? Те гледам незадоволен цело време, да ме убиеш неможам да сфатам како може да се жалиш на такви примања.
 
F

FARANG

Печалбар...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Печалбар...
Ама 20 години во Германија со таква плата, плус жена му, мајка му и татко му работеле неверојатно е. Баш класичен печалбар, сите се тие ист калап што заминале во 70те,80те и 90те, кукањето од МКД си го однеле. Како кампања да водат против новите генерации, демек не идете ќе се заебете. Арно викаат кога ќе идеш настрана бегај од своите, полошо нешто нема.
 
Менаталитетот е заебана работа, не се мења тек така. Не се сите исти, ти си отишла на страна да живееш може он си има друг филм.

Не ги мешај тие од 90тите тоа се веќе школувани генерации до пред тоа е веќе друга работа. Тебе некој можеше да те предомисли да си ја пробаш среќата? Тој што решил да оди ќе отиде нема сила веќе што може да го задржи. Најтешко е да решиш а треба да си луд да ја базираш твојата одлука стриктно на мислења од форуми без да истражиш подетално каде твоето искуство и знаење се бара и цени.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Менаталитетот е заебана работа, не се мења тек така. Не се сите исти, ти си отишла на страна да живееш може он си има друг филм.

Не ги мешај тие од 90тите тоа се веќе школувани генерации до пред тоа е веќе друга работа. Тебе некој можеше да те предомисли да си ја пробаш среќата? Тој што решил да оди ќе отиде нема сила веќе што може да го задржи. Најтешко е да решиш а треба да си луд да ја базираш твојата одлука стриктно на мислења од форуми без да истражиш подетално каде твоето искуство и знаење се бара и цени.
Кој е филмот? Ќе печали и ќе замине со парите два метри под земја? Кога веќе и децата се со нив, не гледам причина да не се живее како човек. И тие деца ќе пораснат и ќе работат. Досега по еден стан ако немаат спечалено, незнам што да речам.
Не дека ќе го предомисли некој, само неможам да сфатам зошто е кампањава демек ние лажеме, они 20 години живеат таму и живеат мизерно. Излегува дека некој лаже, а не ми е јасна целта. Никој не прочитав да каже дека седи во странство и од небо пари му паѓаат.
 
F

FARANG

Гостин
Кој е филмот? Ќе печали и ќе замине со парите два метри под земја? Кога веќе и децата се со нив, не гледам причина да не се живее како човек.траИ тие деца ќе пораснат и ќе работат. Досега по еден стан ако немаат спечалено, незнам што да речам.
Не дека ќе го предомисли некој, само неможам да сфатам зошто е кампањава демек ние лажеме, они 20 години живеат таму и живеат мизерно. Излегува дека некој лаже, а не ми е јасна целта. Никој не прочитав да каже дека седи во странство и од небо пари му паѓаат.

Види многу од тие што се дојдени порано без школо и не живеат бог знае како. Да може стекнале некој имот ама они немат култура и желба за повеќе. Како да ти кажам во Австралија на пример 90% се од битолските села. За нив до ден денес искачања е локална пицерија во населба зборам и за таквите кој имаат бизниси и добри добри пари.... Тој што некогаш немал секогаш живее во страв да не му се повтори тоа. Првата генерација која нема потпора ептен па...

Од 90тите навака веќе нема селска емиграција евентуално ако некој се сожалил да повлече братучеди или некој подалечни роднини. Сега се друг тип луге идат, други желби, друг начин на живеење
 
Kajgana Shop

На врв Bottom