Одамна не сум била на форум, ама сега живеам во САД со фамилијата па да одговорам на прашањето. Сопругот работи како заварувач и заработува во просек 3200 долари месечно. За америчкиот стандард тие не се многу пари но ако човек ПАМТИ како живеел во Македонија, со тие пари тука СЕ ЖИВЕЕ. Тие кои велат дека одвај се поминува-како не, лажат. За илустрација: 600 долари стан, 170 осигурување за двата автомобила (да, два оти со еден ништо не правиш), 110 струја, 65 теле./интернет, 65 мобилни телефони, 400-500 гориво. Тоа е ПОЛОВИНА плата. Другата половина ја трошиме за храна, облека и се останато. Најмалку еднаш неделно одиме во ресторан, секој викенд сме некаде кинисани, одиме на кино, во забавни паркови итн.итн...и имаме две деца кои исто така си имаат трошоци!Јас сум моментално невработена и не се брзам многу да најдам работа!
Сакам да кажам, кога ќе почнам и јас да работам ние ќе заштедиме многу пари и без да штедиме вистински оти едната плата ќе ни биде ВИШОК! За една година ќе собереш пари за куќа! повеќе ништо не треба да кажам.
Иначе мажот ми работи од 07-17.30 од понеделник до петок и во сабота од 07.00 -12.00.