Natural-girl
Morphine
- Член од
- 16 октомври 2007
- Мислења
- 3.462
- Поени од реакции
- 5.246
После 8-ма недела од бременост одсекогаш постоела таа комисија за одобрување. Се консултирав со мајка ми како било порано. Значи и во времето на комунизмот постоел таков закон, веројатно за да се заштитат и самите гиниколози. Закон постоел ама никој не го има почитувано, значи си абортирале и после 8-ма недела без да одат на комсии.
Разликата, покрај тоа што играат "педерски" и сакаат молчејќи нешто да протнат, што ништо не е ново во оваа тркачка држава, е тоа што во новите измени на овој закон за да абортира жена/девојка е потребна согласност од брачен партнер. Значи, ако сака некоја да абортира мора да оди со таткото на детето за да добие дозвола. Барем по она што јас прочитав, тоа го сфатив. Малку не ми е јасно како ќе оди делот со девојки кои не се во брак или во случаевите каде што постои бременост настаната како последица од силување.
Согласноста ја дава само мајката, инаку докторот треба да ги обавести и мајката и таткото за можните ризици и слично. Како да ги обавести, не е наведено мислам. Но, можеби ставиле глоби за нелично известување.
Дел од проблемот со ова е што кај нас многу чекање има во здравствениот систем, тешко е да се заврши било што.
Жената можеби доцна, на пример во 6тата недела да дознае дека е бремена. Колку време и` преостанува? 2 недели за целата оваа голгота (психичка и физичка):
- Матичен
- гинеколог (чекање, можно и денови)
- гинеколог од клиника (чекање, можно и денови)
- советување со психолози
- 3 дена
- гинеколог посета и потпишување писмена согласност
- абортус.
Што знам, откако читав за македонската пракса при каснувањето од кучиња (како требало да им го донесеш кучето, успут да бараш ветеринари, и како е проблематично дали или не ќе ти дадат анти-рабиес серуми од кои ти зависи животот!), ми е страв да шетам навечер сама. Сега со абортусиве, страв ми е да праам и други работи. (шала)