ADreamer - Кај нас писателите сами прават се, пишуваат, полираат/поправаат, промовираат, плаќаат итн.
Во странство се знае, секој професионален автор/ка, има свој тим кој вклучува: менаџер, публицист, едитор и високо-профилна издавачка куќа која ги плаќа сите, целиот тој тим, најголемиот дел од тортата секако го јаде писателот/писателката. Издавачките куќи исто така се подобро скоцкани отколку тука, имаат посебни критериуми и стандарди, знаат да намирисаат бестселер, целат кон точно одредена публика, со точно одредени вкусови итн.
Затоа книги како Хари Потер, Twilight, 50 Shades of Grey и Девојката со Тетоважа од Змеј итн. се толку комерцијално успешни. Таргетираат одредена група луѓе, со поедин вкус, промотивните проекти околу книгата низ нос и грло им се протнуваат на таргетираната публика и гледаат да ја прочешлаат книгата за доправки ако треба да се направат, пред да се издаде како продукт. Пред продуктот да се издаде, или пред да ја допишеш наредната книга, се дава аванс (најчесто се големи пари, не знам кај нас дали ова е пракса). Кај нас оваа софистицираност нажалост ја нема, и писателите најчесто од свој џеб вадат за се, и дури и тоа често не е доволно.
Да не започнувам па за стрип уметноста. Its another can of worms.
Едноставно не сме таква нација се уште, а и доста млади, со само две декади позади нас како држава. Се уште сме work in progress за многу работи, и ќе пројде време пред да добиеме некој вид софистицираност на ова поле кај уметностите и креативноста. Друго, писaтeлите се стремат да пишуваат филозофски книги, историски коментари, критики за реалноста денес, или ако е фикција, најчесто е фикција на база на сува драма, без добри додатни литературни елементи кои ќе ја зашеќерат приказната, или поезија, стихозбирки и песни. Побогата и поимагинативна фикција единствено имам видено кај македонските стрипаџии, мада и таму се чини поголемиот дел се држат до формулата која дарила претходно успех, се плашат од експериментирање. А и зошто не би се плашеле? Ќе им мавне по џебот ако направат "погрешен чекор", а стрипот е тоа од кое вадат леб. Исто и кај писателиве може да е случајот. Или можеби имаме некреативна писателска каста, или нешто надвор од границите во кои се наоѓа македонската литература денес се смета за незрело, несериозно, невкусно, неуметнички, ниска категорија, без класа.
И јас пишувам, иако до сега освен на ептен блиски другари/ки не сум го открил тоа, еве, гледам има доста други во слична или дури и идентична ситуација, па да споделиме искуства, желби, надежи, критики и фрустрации околу сето ова

. Јас за разлика од другиве на англиски пишувам, не знам зошто точно, можеби бидејќи делата, ако некогаш се решам/успеам да ги издадам, не ги гледам како дел од македонската литература, туку странска. Мислам и дека нема голема целна група луѓе кои би ги читале делата. Претежно е фикција (авантура, фантазија, алтернативна историја, sci-fi итн.). Проблемот со кој јас се соочувам не е недостаток на инспирација или мотивација, но на некој блок наидувам кога се обидувам да завршам некое дело, на пример, знае да се формира нова приказна во главурдава моја, па ја почнувам таа, и така натаму. Еден вид, злобен магичен круг. Само две дела имам дотуркано до задоволително ниво (од едно 30ина), едно негде до пола е, другава приказна, веќе и фалат уште 2-3 поглавја да биде комплетирана, но никако да ги завршам овие две. Се обидов деновиве нешто, ама слабо ми оди, бидејќи и немам спиено како што треба веќе добар период (очигледно со тоа што пишувам во 3 ипол сабајле), и може тоа има некаков ефект.
И тоа што викаш, темите каде се постираат свои дела или делови од свои дела се некако замрени. Не е лошо да ги освежиме наскоро со по нешто наше

.