Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
После 8-ма недела од бременост одсекогаш постоела таа комисија за одобрување. Се консултирав со мајка ми како било порано. Значи и во времето на комунизмот постоел таков закон, веројатно за да се заштитат и самите гиниколози. Закон постоел ама никој не го има почитувано, значи си абортирале и после 8-ма недела без да одат на комсии.
Разликата, покрај тоа што играат "педерски" и сакаат молчејќи нешто да протнат, што ништо не е ново во оваа тркачка држава, е тоа што во новите измени на овој закон за да абортира жена/девојка е потребна согласност од брачен партнер. Значи, ако сака некоја да абортира мора да оди со таткото на детето за да добие дозвола. Барем по она што јас прочитав, тоа го сфатив. Малку не ми е јасно како ќе оди делот со девојки кои не се во брак или во случаевите каде што постои бременост настаната како последица од силување.
 
Самата трудница ја носи одлуката за прекинување на бременоста. Ама неам го прочитано законот, ептен на брзина "никна" променава. Не ми е јасна потребата да се донесе законов по брза постапка.
 
Баш од таа причина се иритирачки промените што сакат да ги протнат. Не ги деградирам мажите во никој случај, но мислам дека дали ќе присуствуват или не, на трудницата нема ништо да и промени.

Инаку еве еден дел:
"Во моментов прекинување на бременоста се врши врз основа на Закон донесен од 1977 година. Бидејќи истиот не е во согласност со денешниот здравствен систем и актуелните методи и принципи на лекување, се предлага донесување на нов закон."

Имало потреба од нов закон и знаат дека ќе има реакции за некои делови во него, како она што го споменав погоре, па од таму и потребата да се донесе по брза постапка. Сите спорни закони и менување на членови се донесуваат така, навикнати сме веќе.
 
. Малку не ми е јасно како ќе оди делот со девојки кои не се во брак или во случаевите каде што постои бременост настаната како последица од силување.
Ако е бремена, а не е во брак, автоматски спаѓа во класата на сертифицирани распуштеници и не и следува абортус.
Ако е силувана, сигурно се шетала разголена и сама си го барала, и пак не и следува абортус.
 
Не сакам да избрзувам додека точно не видам што е пропишано. Сепак, очекувам, откако ќе се спроведат овие измени, следно да се донесе закон за фризерај. Моми, бирајте си стил со време. И трк на фЛизер, нормално, со мажот под рака за потребната дозвола.

П.С. Прво попојте, потоа законодавците. Модерна верзија на борба против вештерството!!! :facepalm:

hairstyle2n-2-web.jpg

--- надополнето: 29 мај 2013 во 13:27 ---
Ако е бремена, а не е во брак, автоматски спаѓа во класата на сертифицирани распуштеници и не и следува абортус.
Ако е силувана, сигурно се шетала разголена и сама си го барала, и пак не и следува абортус.

Треба да им следува, ама со бокс во стомак или фрлање по скали.
Немодерен низаеден!! :)
 
Цитат од рандом госпоѓа на фб:

Без разлика дали ќе се повикаме на деонтолошката,консеквенционалната, на теоријата на доблеста или теоријата на правото, секоја од нив дава ист одговор. Правото на живот е во основата на секое друго право! Со попрости зборови:За да имам право на избор,право на образование,право на чиста животна средина,право на ова или она јас треба да сум ЖИВ/А.Значи правото на живот мора да се оствари за да ги реализираат сите други права! А пак ние од “најеманципираните” до најтрадиционалните немаме аргументи со кои ќе оправдаме и одземеме нечие друго право на живот!Да не ви одземам многу време само да ве прашам кој е бенефитот за жената врз нејзиното физичко и ментално здравје од три абортуси годишно или од четири е можеби поголемо?Никого не залажувајте со мое тело мој избор па тоа тело на кое толку многу се повикувате зарем не сваќате дека го направило изборот.Неговиот избор е нов живот вашето тело го вдомило новиот човек!Вие одите и против своето тело!Најтрагично ова придонесува во огромна мера мажите како Пилат да си ги измијат рацете препуштајќи ви вам за право да донесувате одлука и во нивно име. Така и вие и тој не ни помислувате да го прашате него/неа дали сака да биде, односно не биде! Како тоа ако се одлучиш да родиш раѓаш човек а ако абортираш што абортираш полноглавец?А "цивилизациските" придобивки се друга тема. p.s имам 5 деца
 
Што се буните ко грк у апс мајке ви?Да не ви е малку еден абортус годишно?Сте чуле за кондоми?Абортусот НЕ е средство за контрацепција!
 
Знаев дека наваму ќе ја носат дискусијава, али ај си викам не се до толку нели факултет ова она.
Lu5; кажи и на госпоѓата ако е расположена да ми роди едно да и дадам контакти и така е во форма.
 
Заеби права, заеби ово-оно, ја ова вака го сфаќам:
Неможеме да го наречеме абортусот дека е убиство, поради фактот дека СУШТЕСТВОТО што се абортира (сеуште не го нарекувам личноста, ќе видите зошто) сеуште нема:
Извод (се разбира нит матичен број)
Карактер
Име
Убиство јас го сфаќам како извршување на злосторен чин во кој се инволвирани минимум 2 лица од кои едното го врши тој чин, а другиот подлежи на него (злосторник - жртва). За каква личност зборуваме тука, кога нема ниту име, ниту матичен број, ниту пак други биолошки предиспозиции што ги има секое живо човечко суштество.
Според мене, да убиеш некого е да ги прекинеш сите врски што ги имал тој со надворешниот свет, а последиците од тоа се страдања на тие луѓе со кои тој воспоставил некакви врски (пријателства, љубов, непријателства, неверства, почит и сл.). Ја не викам дека и фетусот нема врска со мајката, али тоа е фетус кое како што кажав - во највеќето случаи нема ни име.

Еве ви убиство (како и обид за убиство) на невино суштество:
Во Кина новороденче фрлено во канализација
Во Германија пронајдени три убиени бебиња во замрзнувач за храна
И да не набројувам други болни грозоморни чинови...

Абортусот е исправка на човечка грешка, а и спас од животно страдање на детето кое го чека суров живот (искрено, доколку сакате дете и донекаде сте спремни за тоа, вие нема да абортирате).
Дали ќе дозволите детето да страда во беда, предизвикана од родителската целосна неподготвеност да се издржува детето, или ќе бидете хумани и ќе го спасите од потенцијалната мизерија која го чека?
Не гледајте спрема ова од религиозна гледна точка, знам дека турциве направиле голем хаос кај нас, али дајте фокусирајте се кон вистинските факти. Остајте ги стереотипите и предрасудите. Времево е такво - денес имаш утре имаш, али наредните години може па ич да немаш.
Точно е дека и тоа заслужува живот, но не заслужува доколку ти незнаеш како да му го пружиш.
 
Е да, така му иди некако, кога се решаваме на абортус го викаме фетус, а кога се решаваме на рожба, чедо.
 
Значи за тебе детето е личност и човечко суштество ако државата му даде бар код.
Или ако си стигнал ти да му дадеш звук на кој би се одзивал.

И те молам немој одма со тоа дека абортусот бил "за нивно добро",да сме ги спаселе од беда зошто во ниеден случај не е така.Туку е само акт на себичност од неодговорни суштества кои се раководат во животот само од најниските животински инстинкти јади,пиј и еби се.Ако не си способен да се грижиш за други држи го каишот на панталони/не ги шири нозете или ако го правиш истото купи барем некаква контрацепција.

И во секој случај мислам дека многу подобро во животот поминале циганчињата под новиот мост кај железничка кој во зима боси се лизгаа по удолницата среќни на снегот,одколку оние што завршиле во кофи по клиниките за абортус.Каков таков колку и да е тежок тие деца барем добиле шанса,што ќе биде од нив си останува на нив.

Aбортусот не го гледам како законодавен проблем,а во никој случај како религиозен.Никаков закон нема да ги спречи мајките,па и татковците а и нивните фамилии да си ги убиваат децата,и да не се лажеме нема никаква разлика дали детето е убиено додека било во стомакот или некој решил да му го исече јазикот,да му стави крпа во уста и да го фрли во нива во Арачиново да се угуши или пак докторот во Америка кој убил 600 бебиња со кршење на нивната кичма со клешти на барање на мајките.

Проблемот е чисто морален.Себични сме и егоисти сме и се што на некој начин го нарушува тој наш концепт гледаме на каков било начин да го тргнеме или ако не можеме да избегаме од истото.Бебињата се само показател како "најдобрите","најспособните" и "најубавите" всушност се толку неспособни што не само што не можат друг да издржуваат туку ни себеси најчесто не можат.Реалност која е многу полесно да биде исфрлена во кофа одколку да се биде соочено со истата.

И ве молам не внесувајте сега овдека бремености поради силувања или деца кои би биле ментално или физички болни зошто добро знаете дека не зборував за такви случаи.
 
Цитат од рандом госпоѓа на фб:

Без разлика дали ќе се повикаме на деонтолошката,консеквенционалната, на теоријата на доблеста или теоријата на правото, секоја од нив дава ист одговор. Правото на живот е во основата на секое друго право! Со попрости зборови:За да имам право на избор,право на образование,право на чиста животна средина,право на ова или она јас треба да сум ЖИВ/А.Значи правото на живот мора да се оствари за да ги реализираат сите други права! А пак ние од “најеманципираните” до најтрадиционалните немаме аргументи со кои ќе оправдаме и одземеме нечие друго право на живот!Да не ви одземам многу време само да ве прашам кој е бенефитот за жената врз нејзиното физичко и ментално здравје од три абортуси годишно или од четири е можеби поголемо?Никого не залажувајте со мое тело мој избор па тоа тело на кое толку многу се повикувате зарем не сваќате дека го направило изборот.Неговиот избор е нов живот вашето тело го вдомило новиот човек!Вие одите и против своето тело!Најтрагично ова придонесува во огромна мера мажите како Пилат да си ги измијат рацете препуштајќи ви вам за право да донесувате одлука и во нивно име. Така и вие и тој не ни помислувате да го прашате него/неа дали сака да биде, односно не биде! Како тоа ако се одлучиш да родиш раѓаш човек а ако абортираш што абортираш полноглавец?А "цивилизациските" придобивки се друга тема. p.s имам 5 деца

Не може да се повредат прават на лицата што се уште не се настанати. Кој е тука носителот на правото на живот? Фетусот? Тој сеуште не е субјект на правото. Како би можеле да се повредат неговите права?
 
Триста и кусур страници за абортусот и постојано е горлива тема.
Се е кажано по сто пати.
И моево нема да биде нов рецепт за топла вода, ама сепак ќе кажам.
Како што со години ги дававме парите на Бугарите за да студираме, сега ќе им даваме пари за да абортираме.
Освен ако не протуркаат закон за мочање во филџан на граница, па цариникот да ти направи брзопотезен тест за бременост.
„Вр'штај се обратно момиче, бременна си. Седи си в Македонија, докато не родиш.“ :tapp:
 
Уште не научивме дека вакви специфични закони кои засегаат многу луѓе, не се носат по скратена постапка преку ноќ, потребни се дебати, да се искажат аргументите За и Против, да се испеглаат разликите и да се најде некое законско решение кое нема да задира во нечии права. Самите со ваквата постапка прават јавноста бурно да реагира и да не прифаќа ништо. Ама ајде, има уште многу додека созрее државава.
Сексуалните односи се интимна работа, што вас ве занима дали некоја жена абортира еднаш или сто пати во годината. Имате дома тефтер и ги класифицирате во домаќинка или непоштена или ви одговара да го пикате носот каде што не му е местото. Гледајте си свој двор, кој што сака нека прави, негов живот негова одлука што со него. Доста со тоа судење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom