Писатели, јавете се! :)

Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
fuentes-wallpaper.jpg Се зачленив на форумов и ја отпочнав темава со една цел на ум:
Поддршка на писателствувањето.
Во моментов се борам со пишување на малку подолго дело и сфатив дека побројни поддржувачи и луѓе за разменување искуства се нешта кои се многу неопходни за секој кој се фатил за пенкалото и седнал да си ги преточи мислите во приказна.
Секојдневието е испразнето од луѓе кои ја поддржуваат уметноста и кои знаат да дадат искрена критика. Вообичаено сите се воодушевени од она кој некој го пишува. Тоа е нешто кое ужасно ме нервира. Не сакам некој да ми аплаудира, сакам некој кој ќе ме критикува и ќе ме натера да се подобрам.
Ова е дискусија за сите оние кои сакаат да пишуваат и сакаат да најдат поддршка за тоа.

Што пишувате, кои се вашите навики за пишување, дали наоѓате поддршка околу вас?
Би охрабрила и постирање на сопствени дела и барања за критики.
Се на се, се надевам на генерална дискусија за искуствата на сите кои го сакаат пишаниот збор. :)
 
B

BrunoFresh

Гостин
Да, пишував до пред некое време и прекинав пред 4-5 месеци. Пред се затоа што имав/м премногу обврски и немав/м слободно време да седнам да напишам нешто што сепак треба психички да си тука спремен. Имам збирка од поезија и проза напишано но никогаш не ја склопив во таква целина за да можам да ја издадам. Најчесто пишував реализам, но во последно време заминав во некои фантазирачки светови во стилот на Lord of the Rings, Narnia, и така натаму но прекинав како што кажав ради премногу други обврски.
И да , во план сум да продолжам да пишувам летово и имам добри замисли за некоја книга да изададам па ќе видиме :)
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Ова е последниот дел од првата глава. Многу сум самокритична, таа глава е единствената со која сум задоволна. Ќе оставам да ги поправам сите останати кога еднаш засекогаш ќе го поправам текот на книгата.

„Ми текнува на денот кога сосила ме затворија во ова место. Се сеќавам дека долго потоа плачев, пикната во постелата, згадена од мирисот на урина кој ја исполнуваше мојата соба. Поминаа месеци пред да проговорам со некој. Секое утро гледав како сонцето изгрева и небото светнува. Секое утро гледав во ѕидините околу дворот и се молев наредното утро никогаш да не дојде. И секое следно утро, кога креветот ќе ми закрцкаше под телото, разочарано ги отварав очите и се обидував да се помирам со тоа дека повеќе ниту Бог не ме сака.
Се сеќавам дека денот кога сосила ме затворија во ова место, си реков дека болката ќе помине и времето ќе ги излечи сите рани. Денес не верувам дека некогаш сум можела да се излажам повеќе. “

--- надополнето: 28 мај 2013 во 23:41 ---

Општа практика: пишуваш по outline или одиш онаму каде ликовите ќе те однесат?
 
B

BrunoFresh

Гостин
Општа практика: пишуваш по outline или одиш онаму каде ликовите ќе те однесат?
Зависи од ситуацијата или од целта на пишувањето , т.е. она што сакам да го постигнам
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.463
Поени од реакции
4.382

Премало е делчето кое ни го покажа за да може да се даде некој суд. Се гледа само дека книгата ја пишуваш од прво лице. Колку старни имаш напишано од книгата?
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.265
Поени од реакции
18.483
Одамна забележав дека сакам и можам да пишувам, ама тогаш само водев некои дневници со податоци, настани и слично. Пред некое време започнав да пишувам нешто поврзано, но стагнирав овие неколку недели. Можеби ова овде ќе ме мотивира да продолжам :D
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.648
Поени од реакции
31.876
Да сум писател не сум, може да се нарече аматер кој напиша книга во добро поминати летни ноќи. Пишував строго наутро, обично после 02 часот со слушалки на уши и некоја фино, одбрана, инструментална музика во зависност од расположение, музика која ми креираше некаков си интересен амбиент. Мотивацијата некогаш се губи, па ако сакаш на глава застани, не ти идат да сврзиш 5 реченици какви што сакаш. Обично пишував кога имав по некој атом негативна енергија, а по мое тие подобрите страни ги напишав кога сум бил апла напизден. Инспирација црпев од две сосем различни страни. Едната е онаа мрачна, темна која ме поврзуваше со загуба на ептен блиска и драга личност, а другата по малку ведра и позитивна, поврзана со некое моментално расположение.
Книгата ја завршив најпрвион од личен инает за да ја негирам мрзата која некогаш ме обзема, а потоа и од инает кон една кладба која сум ја направил со девојката дека до септември таа ќе ја има книгата во рака, а јас чоколадото кое си го ветивме. За жал(или за среќа на останатите кои ќе ги поштедам од глупостите испишани на страните :P ) книгата ја немам издадено. Си ја имам онака во pdf и испечатив една во глуп формат, како семинарска работа. :)

Инаку да поминат колоквиумиве, здравје со план сум да почнам друга. Приказната ја имам, ми ја раскажа дедо ми и снимена ми е в телефон.Го немам крајот бидејќи воедно стариот почина. Но ја имам баба ми која ќе го дополни . Таа ќе биде за бегалците од глупата ни соседска држава за време на граѓанската војна.
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Не ја пишувам од прво лице, мешан POV е.
Првата и двете последни глави кои се во сегашноста се во прво лице, останатите (самата приказна) е во сезнаечки наратор, минато време.
Напишана е цела, одамна, пред години. Долго не можев да седнам и да ја поправам, не знаев зошто.
И потоа сфатив дека приказната ми е полна со дупки, непотребни сцени и ликови.
Од триста и нешто страни ми останаа сто и нешто.
Оттогаш досега ја создавав приказната онаква каква што сакам да биде, детално ги разработив сцените и главите, па сега го немам оној проблем кога немам инспирација да не знам што да пишувам следно.
Конечно, седнав да ја напишам приказната не грижејќи се за стилот. Ја пишувам едноставно, само ја поставувам. Се надевам на конечно завршување летово, за после тоа да можам да поминам месеци на полирање и поправање.

Не постирав поголем дел бидејќи не сум сигурна дека вака ќе остане. Но, убаво ми е да видам дека има и други кои сакаат да пишуваат и не оставиле околностите да им ја убијат желбата. Затоа и ја отворив темава, за оние кои пишуваат и се борат со својата проза.
А и видов дека замреле темите каде луѓето си ги постирале делата.

И друга работа, многу слабо се развива македонскава литература од аспект на „раскажување“. Постмодернизам, постмодернизам, литература за академците... Аман. :sick: Мислам, се со усул.
Некако, што и да сум прочитала од македонциве е склоно кон сува филозофија, а не филозофија преку приказна.
Не е ни чудо што и оние луѓе кои читаат купуваат странски романи, со чест на исклучоци кои не читаат книги поради приказната туку поради одредени зацртани книжевни вредности.
Ме интересира кои се вашите мислења околу тоа?
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Да сум писател не сум, може да се нарече аматер кој напиша книга во добро поминати летни ноќи. Пишував строго наутро, обично после 02 часот со слушали на уши и некоја фино, одбрана, инструментална музика во зависност од расположение, музика која ми креираше некаков си интересен амбиент. Мотивацијата некогаш се губи, па ако сакаш на глава застани, не ти идат да сврзиш 5 реченици какви што сакаш. Обично пишував кога имав по некој атом негативна енергија, а по мое тие подобрите страни ги напишав кога сум бил апла напизден. Инспирација црпев од две сосем различни страни. Едната е онаа мрачна, темна која ме поврзуваше со загуба на ептен блиска и драга личност, а другата по малку ведра и позитивна, поврзана со некое моментално расположение.
Книгата ја завршив најпрвион од личен инает за да ја негирам мрзата која некогаш ме обзема, а потоа и од инает кон една кладба која сум ја направил со девојката дека до септември таа ќе ја има книгата во рака, а јас чоколадото кое си го ветивме. За жал(или за среќа на останатите кои ќе ги поштедам од глупостите испишани на страните :P ) книгата ја немам издадено. Си ја имам онака во pdf и испечатив една во глуп формат, како семинарска работа. :)

Не знам каде прочитав дека не постојат писатели аматери. Секој кој пишува може слободно да си се класифицира како писател. Има писатели и издадени писатели.
И оттогаш сосема си го присвоив тоа размислување.
Инаку, зошто не ја издаде?
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.648
Поени од реакции
31.876
Не знам каде прочитав дека не постојат писатели аматери. Секој кој пишува може слободно да си се класифицира како писател. Има писатели и издадени писатели.
И оттогаш сосема си го присвоив тоа размислување.
Инаку, зошто не ја издаде?
20 000 денарчиња бара печатницата. Да ги давам од џеб не ги давам. Додуша и не сум побарал салам спонзорства, но ништо страшно. Задоволство ми беше што седнав и комплетирав една приказна целосна каква што сакам. Другото е онака :)
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Одамна забележав дека сакам и можам да пишувам, ама тогаш само водев некои дневници со податоци, настани и слично. Пред некое време започнав да пишувам нешто поврзано, но стагнирав овие неколку недели. Можеби ова овде ќе ме мотивира да продолжам :D
Дај боже, ни требаат свежи лица на книжевнава сцена.

20 000 денарчиња бара печатницата. Да ги давам од џеб не ги давам. Додуша и не сум побарал салам спонзорства, но ништо страшно. Задоволство ми беше што седнав и комплетирав една приказна целосна каква што сакам. Другото е онака :)

Чудно само 20 000 што барале, сум чула и за многу поскапо.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.648
Поени од реакции
31.876
Дај боже, ни требаат свежи лица на книжевнава сцена.

Чудно само 20 000 што барале, сум чула и за многу поскапо.
Зависи колку книги сакаш да печатиш. За 100 мислам дека беше оваа сума.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.463
Поени од реакции
4.382
Во моменти на инспирација сум пробал да пишувам некои работи но се се завршувало после неколку дена или недели а најмногу поради следното: Ке прочитам, препрочитам или ке се сетам нешто на пример од Андриќ, Достоевски, Андреевски, Бајрон.... и ке си речам- абе иди пецај риби, ова се родени писатели, џабе се мачиш. Мислам надвор од здравиот разум и смешно е некој да се споредува со тие џинови од писатели но самата помисла на некое дело од такви гиганти ти ја зама секоја волја да напишеш некој ред и си викаш ма добро ми е мене и како читател:(
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Ама нивните издадени зборови станале такви после десетици преправки.
Ти си го споредуваш првиот обид со нивниот последен. Нормално е дека ќе се обесхрабриш. Кој не би..
Плус, тоа што си го напишал најверојатно било под чиста свест и здрав разум, останативе во опијати се давеле.

Во моменти на инспирација сум пробал да пишувам некои работи но се се завршувало после неколку дена или недели а најмногу поради следното: Ке прочитам, препрочитам или ке се сетам нешто на пример од Андриќ, Достоевски, Андреевски, Бајрон.... и ке си речам- абе иди пецај риби, ова се родени писатели, џабе се мачиш. Мислам надвор од здравиот разум и смешно е некој да се споредува со тие џинови од писатели но самата помисла на некое дело од такви гиганти ти ја зама секоја волја да напишеш некој ред и си викаш ма добро ми е мене и како читател:(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom