Мело + Исла = Ранокија
Има нешто вистина во ова?
Види сега, Марота не е нај-нај, ама не е ни до толку глуп
. Јас прочитав директна размена Исла-Ранокиа...
Dee_Jay
Ви го прелистував малку фан-клубов да видам реакциите за Мацари (од кои морам да признаам се смеев многу
), но наидов на твоето мислење за игрите во првиот дел на Интер, т.е за тоа дека Интер победи многу натпревари на среќа и дека играше катастрофално.
за таквото реално размислување, оти на многу интераши уште тогаш им објаснував дека имаат нереална слика за нивниот тим и дека резултатите ги добија на бутање (ако не се лажам и со довчерашниот Потопо дискутирав за тоа пред некое време, не ми текнува сега како му е никот), но голем дел не сакаа да веруваат во тоа. Самиот Страма изгледа си мислеше дека тече мед и млеко во Интер, па се опушти и можеби затоа вака заврши. Да беше пореален, можеби Интер ќе имаше различен крај на оваа сезона...
Инаку за Мацари нема што да ви кажам, човекот ми е многу антипатичен, но морам да признаам дека изгледа на некои навивачи на Интер им е поантипатичен отколку и мене
Секогаш се другите криви, дали среќата, дали судиите, дали времето... Никогаш не се обвинува самиот себе
. Интер барем еднаш да донесеше малку симпатичен тренер, одма ќе ги почитував, но вака со овој тешка работа и за другата сезона
. Сепак мислам дека со малку правилен трасфер-период имате реални шанси со Мацари да постигнете подобри резултати, дури и да се борите за врвот. Голем инает е и многу е пргав, а тоа е гарант за каков-таков успех. Само најдобро ќе биде кога ќе ви израмнат на пример од 2-0, 2-2 или кога ќе ви дадат некој еврогол од триесетина метри, да му се види фацата на Мацари
. Човекот позеленува тогаш и веднаш некако самиот се теши дека немал среќа и дека не може тој да направи да спречи такво нешто. Само кога ќе се сетам на фаците кои ги направи кога Погба даде страшен гол во првиот дел против Наполи, а многу повеќе кога Милан израмни од 2-0, 2-2 тогаш мислам дека му идеше да заплаче на сред терен