Будва

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Будва е приморски град во Црна Гора. Градот е центар е на општината Будва и има околу 10.000 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.
BUDVA2.jpg

Будва е град стар околу 2.500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море.
Има огромен број археолошки докази за тоа дека Будва е една од најстарите урбани населби на јадранското приморје, додека бројни пишани сведоштва кажуваат дека постои од V век п.н.е. Една легенда кажува дека Будва била создадена од Феникиецот Кадм кој нашол засолниште на ова место за него и неговата жена Хармонија.
Туристичката содржина на ова летувалиште е збогатено со традиционални културни, забавни и модни манифестации. Преубавиот стар град, опкружен со ѕидини, храбро зачекорил во морето. Тесните, со камен поплочени улици се слеваат во преубавите малечки градски плоштади. Во непосредна близина се наоѓаат и луксузните будвански хотели.
7329645.jpg

old-city-of-budva-as.jpg

Просечната температура на воздухот во месец јули изнесува 29 Ц, а на морето 25 Ц. Будва изобилува со песочни плажи кои по својот квалитет се вбројуваат во најквалитетно опремени за секаков вид на уживање. Во Будва има над 25 плажи, кои се омилени дестинации на црногорските туристи.
Најдолгата плажа е Јаз, која е долга 2.5 км и е покриена со песок.
9267612.jpg

Најпопуларната плажа во Будва е Могрен. Се наоѓа помеѓу неколку големи карпи, а до неа се стигнува преку пат од стариот дел на Будва долг 500 метри.
plaja-mogren.jpg
Меѓу другите плажи што се во официјалните граници на градот се Ричардова глава, Пизана, Словенска и Гуванце.

Сте биле во Будва? Планирате да одите?
 
На памет го научив цел град :) . Од 2005та наминвам секоја година, ама ова најверојатно ќе прескокнам. Убедливо најубав град во Црна Гора.
 
Moрам пак да одам, за поправање впечаток.Оти како мало дете памтам само рани од морски еж и камења по плажите:unsure: Очигледно е многу сменето.
 
Летово дефинитивно ќе го поминам во Црна Гора,само не знам каде сеуште.
За ноќен живот дефинитивно Будва е врвот меѓутоа ќе размислам уште малку.
Некој да бил па да каже нешто повеќе?:D
 
Многу ладна водата , нек си ибе мајката... инаку само старото градче им вреди, другото е просек...
 
Многу ладна водата , нек си ибе мајката... инаку само старото градче им вреди, другото е просек...
Другото не вреди ни да се коментира,црна гора мислам земја од пола милион луѓе од кои пола од нив уште им е страв да се наречат црногорци,тоест преку лето се црногорци преку зима срби.

Ама јбг имале среќа им се погоди да излезат на море,а и паметни се викаат инвеститори им градат русите им го средуваат градчето.
Кај нас во споредба Охрид тек сега ќе почне да се средува,а треба да биде туристички центар на земјава.
 
Планирам оваа година со друштво,ама може некој да ми каже како се движат цените за храна и спиење по хотели и приватно?
Сум слушнал дека таму највеќе од сите летни дестинации има затровувања со храна а и еднаш тоа излезе и во јавност мислам
 
Имам одено едно 7-8 лета во будва на одмор. Последен пат бев пред 4 год и може да кажам дека Будва не е тоа што беше. Одкога дојдоа Русите да градат огромни хотели се изгубија плажите што ги имаше Будва. Сите плажи се уништија, веќе не можеш слободно да седиш на плажа а да не платиш. А и хотелите ги градат еден до друг многу блиску па веќе на ништо не личи. Првите години кога идев во Будва многу повеќе ми се допаѓаше отколу последите години што бев.
 
Може ли некој да ми каже искуство и сместување во вила на самата плажа ЈАЗ во близина на Будва? Имам и јас слушнато за минатата година поготово дека не можеш веке ни пешкир да ставиш ,а на ова аплажа малку биле поскапи апартманите но се наоѓала на сама плажа и во склоп имало и лежалки? Башка глеав слики од плажата прекрасна е..
 
Херцег Нови е убав,ама сите плажи се бетонирани,само Милашиновиќи и уште 1-2 се со песок и тоа вештачка ризла врз камења
 
2008ма бев во Будва и ептен јако си поминав. По временски пријатен одмор до сега не сум имал. Температурата идеалка - дневна се' околу 30, а на вечер свежичко и на отворено без тренерка не се седи (на вечер спиеш џоа бебенце, а не по два пати да менуваш постелнини и да пливаш во споствената пот). Градската плажа е цела заземена од ресторани и кафичи со нивни лежалки и столчиња кои се плаќаат, ама по океј цени. Најубавото бањање до сега сум го имал таму, кога со еден другар отидовме на плажа во 6.00 сабајле - живо пиле немаше, сонцето пред малце се појави, се изнапливавме и кога стасавме до буринцата да одмориме малце, пуштам поглед на доле - глетка ипол. Водата беше кристал, почисто нешто во животот не сум видел, игла можеше да се види доле на песокта (а бевме на осетна длабочина). Ноќниот живот петка. По две фолк ѕвезди секоја вечер има. Плус високите црни долгокоси црногорки .. :love:
 
Како се цените во Будва...пици...кафани...пијалок...
 
Како се цените во Будва...пици...кафани...пијалок...

Тоа пред 5 год. значи, цените беа сосема нормални. Ефтин алкохол низ пиљарите колку ти душа сака (се удавивме во Никшичко и ефтини Вотки - Бог знае што имаше внатре) и ефтини им се пекарите - имавме ние една во близина и секој ден доручкувавме таму, џаабе уплативме полн пансион кога доручекот и ручекот ниту еднаш не ги фативме. Гиро јадевме се сеќавам многу - околу 2.5 Евра им беше. По кафани не одевме (на главното шеталиште уствари и ги нема). Кафичите и баровите се малку посолени нормално, ама финтата е што многу крадат - три пива ако испиеш во некој бар, може три пати различно да ти го наплатат, а и мајмуни се правеа често околу кусурот се сеќавам - цехот на пример 17 Евра, му даваш 20, ќе ти каже немам ситно и кажи им чао на 3те Евра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom