Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Будва е приморски град во Црна Гора. Градот е центар е на општината Будва и има околу 10.000 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.
Будва е град стар околу 2.500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море.
Има огромен број археолошки докази за тоа дека Будва е една од најстарите урбани населби на јадранското приморје, додека бројни пишани сведоштва кажуваат дека постои од V век п.н.е. Една легенда кажува дека Будва била создадена од Феникиецот Кадм кој нашол засолниште на ова место за него и неговата жена Хармонија.
Туристичката содржина на ова летувалиште е збогатено со традиционални културни, забавни и модни манифестации. Преубавиот стар град, опкружен со ѕидини, храбро зачекорил во морето. Тесните, со камен поплочени улици се слеваат во преубавите малечки градски плоштади. Во непосредна близина се наоѓаат и луксузните будвански хотели.
Просечната температура на воздухот во месец јули изнесува 29 Ц, а на морето 25 Ц. Будва изобилува со песочни плажи кои по својот квалитет се вбројуваат во најквалитетно опремени за секаков вид на уживање. Во Будва има над 25 плажи, кои се омилени дестинации на црногорските туристи.
Најдолгата плажа е Јаз, која е долга 2.5 км и е покриена со песок.
Најпопуларната плажа во Будва е Могрен. Се наоѓа помеѓу неколку големи карпи, а до неа се стигнува преку пат од стариот дел на Будва долг 500 метри.
Меѓу другите плажи што се во официјалните граници на градот се Ричардова глава, Пизана, Словенска и Гуванце.
Сте биле во Будва? Планирате да одите?