КОЈА Е СМИСЛАТА НА МОЕТО ПОСТОЊЕ?
Ce поставува следното прашање: Зошто живеам? Или: Зошто постојам на овој свет? Или: Која е смислата на моето постоење?
Еден ден во Есен еден индустријалец ме викна по телефон, мошне возбуден: „Господине, дојдете веднаш!" Јас побрзав кај него. Тој ме пречека со зборовите: „Мојот син се застрела!" Јас го познавав момчето. Беше студент. Имаше сè што ќе му посакаше срцето: беше здрав, убав и богат. Одамна имаше и своја кола. He беше заплеткан во никаква непристојна афера. И таков младич си истрелал куршум во устата! Во писмото што го оставил зад себе стоеја само зборовите: „He гледам никаква смисла повеќе да живеам. Затоа си го прекинувам животот. Мојот живот е бесмислен!" Навистина потресно!
Видете, прашањето за смислата на нашето постоење е од непроценливо значење. А тоа е вистина, бидејќи ние имаме само еден единствен живот. Дали некогаш сте размислувале какво значење има фактот што живееме само еднаш?
Кога одев во основно училиште, не бев толку добар по математика. Мојот учител едноставно немаше разбирање за мојот начин на решавање. Кога ќе ги решев задачите, тој понекогаш, не криејќи го несогласувањето со моите математички решенија, сета тетратка ќе ми ја испишеше со црвено мастило. Тоа изгледаше грозно. Кога така добро ќе ја ишараше, јас обично таа тетратка ќе ја тргнев настрана, иако уште не беше наполно испишана, па ќе си купев нова, убава и чиста. Така можев пак одново да почнам.
Ех, кога човек би можел така да почне со својот живот! Верувајте, милиони луѓе, кога ќе им настапи смртниот час, помислуваат: „Ах, само кога би можел уште еднаш да почнам од почеток! Сè би било поинаку!" Школската тетратка лесно може да се замени со нова, но животот никако. Ние имаме само еден единствен живот. Колку страшно мора да е сознанието кога ќе утврдиме дека сме го извалкале, дека сме живееле грешно! Имаме само еден единствен живот. Ако го прокоцкаме, тој е прокоцкан за сета вечност. Затоа, ова што ви го кажувам е од исклучителна важност!
Утринава, покрај хотелот каде што отседнав помина големо стадо крави. Бидејќи се приготвував за претстојното предавање, си Вомислив: „Сигурно овие крави се многу среќни. Тие воопшто не размиелуваат зошто постојат на бвој свет. Овде работата е јасна: Даваат млеко и на крај месо за исхрана на луѓето." Сфаќате ли? Животните не мораат да мислат за смислата на животот. По ова животните се разликуваат од луѓето. И ова е најстрашното, што има големо мноштво луѓе кои живеат и на крај умираат без притоа ниту еднаш да се запрашаат: „Зошто всушност живеам?" Тие луѓе и не се разликуваат од животните. Гледате? Разликата меѓу човекот и животното е мала. А човекот го прави човек токму размислувањето: „Зошто сум овде? Зошто сум човек? Зошто живеам?"