Зошто постоиме? Која е нашата цел на живеење?

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Existence is abundant -millions and millions of flowers, millions of birds, millions of animals - everything in abundance. Nature is not ascetic, it is dancing everywhere - in the ocean, in the trees. It is singing everywhere - in the wind passing through the pine trees, in the birds.... What is the need of millions of solar systems, of each solar system, of having millions of stars? There seems to be no need, except that abundance is the very nature of existence; that richness is the very core; that existence does not believe in poverty.
Ова е од Ошо :)

Животот не може да се оддели од нас и да речеме имаме живот, туку ние сме самиот живот(некој може да ја замени со воља и сл.). За нешто што е вон--временски-просторно не може да се поставува прашање за цел, затоа што целта претпоставува почеток a каде е почетокот и каде е крајот?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Животот не може да се оддели од нас и да речеме имаме живот, туку ние сме самиот живот(некој може да ја замени со воља и сл.). За нешто што е вон--временски-просторно не може да се поставува прашање за цел, затоа што целта претпоставува почеток a каде е почетокот и каде е крајот?
 

Kiro Hametovski

Sniffericious
Член од
11 декември 2005
Мислења
1.685
Поени од реакции
43
Абе најпросто е ова, и воедно е доказ колку човечкиот мозок може да забега во непотребни насоки со својата комплицираност, со оглед на тоа дека ова е едно од најтупените прашања низ човечката историја. Па, шознам, ја сеуште верувам дека единствената причина да се живее ова наше ''животче'', кое е максимум стотче (ако ти се погоди), е човек да биде среќен. Е сеа, останува особата да си најде што уствари го прави среќен. Дали е тоа милијарди у кеш или да те гаѓаат со лајна, тоа си е до тебе. Ако те прави среќен, тоа е играта и нема друга. :)
 

Џага

Ено Девојче
Член од
4 мај 2013
Мислења
38
Поени од реакции
55
Целта на живеење е да се постигне целта на секој индивидуалец.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Абе најпросто е ова, и воедно е доказ колку човечкиот мозок може да забега во непотребни насоки со својата комплицираност, со оглед на тоа дека ова е едно од најтупените прашања низ човечката историја. Па, шознам, ја сеуште верувам дека единствената причина да се живее ова наше ''животче'', кое е максимум стотче (ако ти се погоди), е човек да биде среќен. Е сеа, останува особата да си најде што уствари го прави среќен. Дали е тоа милијарди у кеш или да те гаѓаат со лајна, тоа си е до тебе. Ако те прави среќен, тоа е играта и нема друга. :)
Среќата нема никаква врска со нешто што е надвор од тебе. Така да ни особи ни милијарди не вршат работа, тоа ти е само хемија.....што не значи дека не треба да ги имаш.

Има една добра песничка орбитал што ја направиле....и што го доловува моментот, за тој што може да го види
..............
I still believe in paradise
but now at least I know it's not some place you can look for
cause it's not where you go
it's how you feel for a moment in your life
and if you find that moment
It will last forever..
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Не мора да има смисла и цел . Онака.
 

Kiro Hametovski

Sniffericious
Член од
11 декември 2005
Мислења
1.685
Поени од реакции
43
Среќата нема никаква врска со нешто што е надвор од тебе. Така да ни особи ни милијарди не вршат работа, тоа ти е само хемија.....што не значи дека не треба да ги имаш.

Има една добра песничка орбитал што ја направиле....и што го доловува моментот, за тој што може да го види
..............
I still believe in paradise
but now at least I know it's not some place you can look for
cause it's not where you go
it's how you feel for a moment in your life
and if you find that moment
It will last forever..
Не те разбрав што не треба да имаш? Среќата е хемија да, ама што ќе ти ја предизвика тоа зависи :)
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Секој од нас индивидуално ја дава смислата на животот.
Секој од нас има за задача да ја најде целта на своето постоење.
Својот сопствен пат.
Мислам дека најбитното нешто кое треба да се осознае е љубовта.
Љубовта кон себе на прво место(не зборам за Нарцизам) пошто ако немаш љубов кон себе неможеш ни да ја подариш ниту пак ќе бидеш способен да ја примаш.
и љубовта кон светот.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Секој од нас индивидуално ја дава смислата на животот.
Секој од нас има за задача да ја најде целта на своето постоење.
Својот сопствен пат.
Мислам дека најбитното нешто кое треба да се осознае е љубовта.
Љубовта кон себе на прво место(не зборам за Нарцизам) пошто ако немаш љубов кон себе неможеш ни да ја подариш ниту пак ќе бидеш способен да ја примаш.
и љубовта кон светот.
Да да, се тоа, и ако може пари.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Во урнатините на хотелот „Македонија“во катастрофалниот земјотрес во Скопје
во 1963 година е пронајден непознат странец,чиј документи не се најдени но кој во мигот на смрта држел во раце два стуткани дела од наполу искинат пергамент испишан на арапски јазик, и на чие што лице не се исцртувал смртен грч, туку среќна насмевка.
Совесните стручнаци за идентификација ќе го дадат ракописот на превод.Во преводот,
приложен кон службениот извештај пишува:
Сите ние сме појдени од исто место и имаме иста цел, макар што треба да дојдеме до неа по различни патишта. Должината на годините го менува човекот, зошто тој е пленик на времето, и тоа внесува смут во неговите сваќања на нештата.“
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264

КОЈА Е СМИСЛАТА НА МОЕТО ПОСТОЊЕ?

Ce поставува следното прашање: Зошто живеам? Или: Зошто постојам на овој свет? Или: Која е смислата на моето постоење?
Еден ден во Есен еден индустријалец ме викна по телефон, мошне возбуден: „Господине, дојдете веднаш!" Јас побрзав кај него. Тој ме пречека со зборовите: „Мојот син се застрела!" Јас го познавав момчето. Беше студент. Имаше сè што ќе му посакаше срцето: беше здрав, убав и богат. Одамна имаше и своја кола. He беше заплеткан во никаква непристојна афера. И таков младич си истрелал куршум во устата! Во писмото што го оставил зад себе стоеја само зборовите: „He гледам никаква смисла повеќе да живеам. Затоа си го прекинувам животот. Мојот живот е бесмислен!" Навистина потресно!
Видете, прашањето за смислата на нашето постоење е од непроценливо значење. А тоа е вистина, бидејќи ние имаме само еден единствен живот. Дали некогаш сте размислувале какво значење има фактот што живееме само еднаш?
Кога одев во основно училиште, не бев толку добар по математика. Мојот учител едноставно немаше разбирање за мојот начин на решавање. Кога ќе ги решев задачите, тој понекогаш, не криејќи го несогласувањето со моите математички решенија, сета тетратка ќе ми ја испишеше со црвено мастило. Тоа изгледаше грозно. Кога така добро ќе ја ишараше, јас обично таа тетратка ќе ја тргнев настрана, иако уште не беше наполно испишана, па ќе си купев нова, убава и чиста. Така можев пак одново да почнам.
Ех, кога човек би можел така да почне со својот живот! Верувајте, милиони луѓе, кога ќе им настапи смртниот час, помислуваат: „Ах, само кога би можел уште еднаш да почнам од почеток! Сè би било поинаку!" Школската тетратка лесно може да се замени со нова, но животот никако. Ние имаме само еден единствен живот. Колку страшно мора да е сознанието кога ќе утврдиме дека сме го извалкале, дека сме живееле грешно! Имаме само еден единствен живот. Ако го прокоцкаме, тој е прокоцкан за сета вечност. Затоа, ова што ви го кажувам е од исклучителна важност!
Утринава, покрај хотелот каде што отседнав помина големо стадо крави. Бидејќи се приготвував за претстојното предавање, си Вомислив: „Сигурно овие крави се многу среќни. Тие воопшто не размиелуваат зошто постојат на бвој свет. Овде работата е јасна: Даваат млеко и на крај месо за исхрана на луѓето." Сфаќате ли? Животните не мораат да мислат за смислата на животот. По ова животните се разликуваат од луѓето. И ова е најстрашното, што има големо мноштво луѓе кои живеат и на крај умираат без притоа ниту еднаш да се запрашаат: „Зошто всушност живеам?" Тие луѓе и не се разликуваат од животните. Гледате? Разликата меѓу човекот и животното е мала. А човекот го прави човек токму размислувањето: „Зошто сум овде? Зошто сум човек? Зошто живеам?"
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.904
За да си го најдеме патот во животот и да си ја завршиме мисијата што ја должиме првенствено, притоа да стануваме што подобри луѓе. За мене поголема смисла од оваа нема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom