Од она што научив читајќи разни форуми, можам да те посоветувам да земеш обичен сплит систем, не инвертор. За ладење било која клима ќе ти заврши работа.
Потребната јачина зависи многу фактори, како квалитетот на изолацијата и на фактот на која страна ти гледа собата (дали е изложена на директно на сонце). За твојата квадратура не би смеело да не заврши работа било која клима од 9000BTU, но можни се проблеми со лошо изолирани соби кои гледаат на југ... Од тој аспект и како што и напишаа погоре 12000BTU e посигурен избор во тој случај.
За конкретен модел, нешто ми ги фалеа BEKO обичните клими, за парите добри биле. Лошо е што 3те години гаранција ги врзуваат со 2 редовни годишни сервиси кои сервисот ти ги наплаќа по 10евра секој. Цената на 12000BTU 3.5 киловатната варијанта е 17500ден (9000BTU 2.5 киловатната варијанта не е ни 1500ден поевтина и затоа неисплатлива).
Сигурен сум дека има и други опции, па нека ме поправат другите.
Иначе кога сме кај обични сплит систем клими со фиксна брзина, да не знае некој за фирма/модел која декларирано работи и на пониска температура (греење)?