MEDDLE
уставен кривичар
- Член од
- 19 февруари 2008
- Мислења
- 1.995
- Поени од реакции
- 1.406
Се е супер,само што во Македонија нема националисти.Овие портокаловите се обични полтрончиња и недоучени лепачи на плакати,далеку се од десноориентирана партија,која всушност и не постои во Македонија.
Има брат, и тоа не мислам само на овие „портокаловиве“ (без оглед на тоа што се полтрони - не значи тоа ако некој е националист дека не може и не е полтрон...)....
Али мислам те сфаќам зошто велиш така - дека нема националисти... Едноставно немаат методика и немаат, ај да речам „update“, на националистичките реторики и случувања што се околу нас (Грција, Бугарија, Албанија, Србија и сл исл..) .. Апсурдно е и глупаво, да ти му одиш на Гркон и му тераш националистичка реторика дека, рецимо, „Александар е наш, ни ја крадете историјата, Егеј и Солун се наши!“ Или на пример, лупање у гради за македонштината на најрадикалните „комити“ и „војводи“, меѓу кои Протогеров, Александров, Михајлов, Матов, Татарчев и сл и сл.. Па реториката преку создавање на митови и приказни, и глорифицирање на некое славно минато, нагласувајќи го до плафон и сл исл.... и што со тоа? Погледни ја реториката на „Златна Зора“, таа и тоа како се разликува од онаа на нашиве „наци-белчиња“..
Или земи ги бе овие „Атака“ на ВОлен Сидеров у Бугарија.. тие не само шо се Пандан на Грцине, него онака баш се интелектуално потковани за разлика од Грцине... И наравно ВМРО на Каракачанов...
http://off.net.mk/lokalno/balkanshtina/bugarska-rabota-1
http://bg.wikipedia.org/wiki/Волен_Сидеров
http://bg.wikipedia.org/wiki/Красимир_Каракачанов (ова ти го стаив намерно на бугарски, затоа што поинформативно е и подетално - да не ме сфатиш погрешно
)Со други зборови, они веќе таква реторика создале повеќе од 50,60 и 70 години уназад, и таквата реториака кај нив е веќе како „оче наш“, па затоа прешле на други методи, други „муабети“, и апсурдно е сеа ние со стари финти да играме „тук на лук“....Ние денес ја создаваме истата реторика, и тоа многу многу многу закаснето и некако непотребно... Начинот на кој што нашиов народ пред 70 и кусур години, ја создал „националистичката реторика“ го доживеал својот реален врв 1945 година и тоа, колку и да звучи апсурдно, но со партизанскиот отпор, оти токму тој се стремел и создал национална држава во рамките на тогашна ФНРЈ. Но токму нивната „националистичка“ реторика, била сосема доволна за да ги оствари идеалите кои што тогаш биле неопходни - од една страна создале држава, а од друга ги оттргнале сите примеси на „фалшлив и трул национализам“ - про-бугарски, про-српски и про-грчки македоно-национализам (нешо што уште од создавањето на МРО, ко слепо црево се влечело во интелектуалната наобразба на тогашната македонска интелегенција)...Сети се само до 1953 година, додека ФНРЈ била под „Инфромбирото“ за чистките кај нас, и од каков карактер се тие чистки.....А денешниве „националисти“, од бог знае кои причини, (фројдовски речено) инфантилно се навраќаат кон „имагинарниот и изгубен татко“, па од него непотребно го преземаат стариот мит, што веќе е расчистен 1945 година....А што ревитализираат и што рекапитулираат? про-бугарската, про-српската и про-грчката националистичка реторика, ете тоа „воскреснуваат“.. смешно и патетично...
Така да, кажи ми, кој од нашиве „националисти“, би седнал и би зборел за „чисти раси“, „чисти нации“ со некој како Волен СИдеров од Атака, или некој од Златна Зора, на конгреси и збиралишта на про-наци здруженија и партии низ светов?! Никој, нема шанси.. ПРво затоа што мнгоу е јасна политиката на овие две групи кон нас, и второ, не затоа што нема националисти кај нас, него затоа што колку год да се тие националисти кај нас „Радикални“ и удираат „клин со клин“ (а се такви), никад ама никад не можат да им парираат на овие споменативе (поради првата причина - политиката ко нас, и поради она шо ти реков погоре - немање реален „update“ на наци-реторика)...
Единствен човек, од Македонија, што може да оди рамо до рамо со овие од Атака, ВМРО-БНД и Златна Зора, е националистот Младен Србиновски http://mk.wikipedia.org/wiki/Младен_Србиновски , ...Не за друго него затоа што тој преку својот нацинален нихилизам и дефетизам, оди во прилог на нивните каузи...
Малку забегав јас.. се надевам модераториве, а ни ти, нема да ми замерат...
Има, Страшо Ангеловски.
![]()
А Тодор Петров, го забораи, а?
И оној урчалон - Ванчо Шехтански ? 


Ти во која група национализам спаѓаш прва или втора (ова као делење обврзници или пензии од страна на државата)
.... Или еве ти уште еден пример, како дипломиран правник, еве на Правен фаултет, било кој од професорите прашај, дали од катедрата по Трудово право и работни односи, ќе ти каже дека најдобар закон за работни односи што некогаш оваа држава го имала до денес. Али прашај ги зошто не сме успеале од 91 да направиме еднакво добар закон, и да ги средиме еднаш за секад асално да фунцкионираат ЗРО, Закон за пензиско и Закон за здравствено.. нема човек у државава шо ќе ти одговори на тоа прашање..
И тоа е крајно банално !