Национализам...позитивен или негативен?

  • Креатор на темата Креатор на темата Wade
  • Време на започнување Време на започнување
фала, се гледа дека само ТИ ја долови поентата, ......... така да ако еден разбрал, значи било доволно разбирливо за да и другите сфатат. затоа и нема да ги реплицирам тие што не разбраа. нека се замислат.:confused:

навивачки групи со национализам споредуваш? :rolleyes:тоа е срање. и јас идам на мечеви, но таму се иде за да навиваш, дадеш подршка на својот тим/поединец, а не да се тресат глупости кои немаат врска со спортот
Во основа така треба ама например Комитите се познати националисти и стално прават некои проблеми мене воопшто не ми се допаѓаат. Постојано прават проблеми и тепачи...Комитите ми се само пример има и други кој се слични а и бетер.
Или например онаа песна Тера-Раса Солунско Поле...катастрофа :facepalm:
 
Со оглед на се поголемата максималистичка исламизација на Европа,а тука спаѓа и Балканот,дури и ние лично сме засегнати од овој проблем,национализмот е единствената опција која може да понуди конкретно решение,секако доколку ни се важни принципите и вредностите врз кои почива Стариот континент.Сите пацифистички идеологии,повици за мир и толеранција и соживот,обид за прокламирање на мултикултурни општества,квазилиберални активности и дејаниа,анархистички повици за укинување на државата се покажаа јалови за денешното општество.
Се случи огромна трагедија пред повеќе од година на Смилковско езеро,се случи слична работа мотивирана од слична идеологија вчера и во Велика Британија,тоа е тренд кој се повеќе и повеќе ќе ја притиска и ќе и тежи на Европа.Очекувам да стане еден нов вид на вкрстување на копјата при судирот на интересите.И само десната опција,посебно крајната десница нуди решение за овој,според мене наметнат,проблем.
За 50 години чичковците со замастени бради можеби ќе бројат дури и половина од популацијата во Европа,тогаш ќе бидат и многу поголем и влијателен фактор,кој се погласно ќе го бара тоа што го зацртал.Како планираат сите "утрендсумсомодата" квазиинтелектуалци,кои се срамат од изразот национализам,да го решат овој проблем?
Нема ништо современо во тоа да бидеш анархи и да бидеш либерален покрај останатото,како што нема ништо затупено и негативно во тоа да бидеш националист.Прашање на перспектива е.Лично,иако не се сметам за националист,мислам дека национализмот е позитивна појава за разлика од национал-шовинизмот,иако и национализмот има свои слабости,впрочем како и секоја идеолошка категорија.
 
па ДА, затоа што еве кажи ми ти искрено што доби/добива македонија од пацифистичкото однесување?
или пак од друга страна националистичкото движење на нашите соседи вродува со плод?
и еве, да речеме дека треба да продолжиме така, да бидеме гандиевисти, ...... до кога според тебе би требало така да биде? уште 10год? или 25? или пак 50? а со тоа се наметнува прашањето, што ќе се случи со нас додека ние глумиме лудило? ќе постоиме? или некоја друга формула за нас има? и јас сум за мир и НЕнационалистичко однесување, али се повеќе ми се гази по жуљ.
Јас сум апсолутно против таквото мазохистичко однесување, не е нормално и не е здраво. Но ако го возвратиш ударот со национализам, не си направил ништо добро, еден си уништил, друг се родил. Проблемот може да се реши и без омраза кон нации. Едноставно, тоа што треба да го имаш на ум е дека се спртивставуваш на некој кој се обидува да ти ја ограничи слободата.
извини, ќе се навратам повторно на моите прашања на кои не ми даде конкретен одговор. ???
 
Во основа така треба ама например Комитите се познати националисти и стално прават некои проблеми мене воопшто не ми се допаѓаат. Постојано прават проблеми и тепачи...Комитите ми се само пример има и други кој се слични а и бетер.
Или например онаа песна Тера-Раса Солунско Поле...катастрофа :facepalm:

Ти батка нишо не си разбрал од муабетот изглеа:facepalm:

Какви црни комити те спопале, и песни за СОлунско поле?!?!?

Прочитај го постот на Muranyi два подоле од твојот, и ќе сфатиш што било поентата на муабетот на kooperativa.
Барем се надевам дека ќе сфатиш:cool:
 
Со оглед на се поголемата максималистичка исламизација на Европа,а тука спаѓа и Балканот,дури и ние лично сме засегнати од овој проблем,национализмот е единствената опција која може да понуди конкретно решение,секако доколку ни се важни принципите и вредностите врз кои почива Стариот континент.Сите пацифистички идеологии,повици за мир и толеранција и соживот,обид за прокламирање на мултикултурни општества,квазилиберални активности и дејаниа,анархистички повици за укинување на државата се покажаа јалови за денешното општество.
Се случи огромна трагедија пред повеќе од година на Смилковско езеро,се случи слична работа мотивирана од слична идеологија вчера и во Велика Британија,тоа е тренд кој се повеќе и повеќе ќе ја притиска и ќе и тежи на Европа.Очекувам да стане еден нов вид на вкрстување на копјата при судирот на интересите.И само десната опција,посебно крајната десница нуди решение за овој,според мене наметнат,проблем.
За 50 години чичковците со замастени бради можеби ќе бројат дури и половина од популацијата во Европа,тогаш ќе бидат и многу поголем и влијателен фактор,кој се погласно ќе го бара тоа што го зацртал.Како планираат сите "утрендсумсомодата" квазиинтелектуалци,кои се срамат од изразот национализам,да го решат овој проблем?
Нема ништо современо во тоа да бидеш анархи и да бидеш либерален покрај останатото,како што нема ништо затупено и негативно во тоа да бидеш националист.Прашање на перспектива е.Лично,иако не се сметам за националист,мислам дека национализмот е позитивна појава за разлика од национал-шовинизмот,иако и национализмот има свои слабости,впрочем како и секоја идеолошка категорија.
Целиов муабет ти е апсурден и парадоксален. Како проблем со еден религиозен фундаментализам и национализам решени нудиш во друг.:confused: Сум чул за глупави решенија ама ова е едно од најглупавите. И малку национализам било добро многу било лошо ко да е некој зачин во салата... Ако форираш еден фундаментализам и национализам само го влошуваш проблемот со другиот... Како у стилот јас сум заникаде ама има и бетер од мене :) Ова ме потсетува со муабетот со платите ама од спротивна страна таму нема никој побетер има само подобри...какви ли не глупости веруваат луѓето во оваа земја да не ти се верува а ги има доста. Кога ги гледам луѓево незнааш дали да им се смееш дали да ги жалиш или да им се ситиш во нивната глупавост и самосоздамени проблеми и јадови и ирационални желби и потреби и стравови. Не дека ова е типично Македонски проблем во основа го има секаде ама тука сум го набљудувал подетално феноменот онака од социолошко-сеирџиски момент...
--- надополнето: 23 мај 2013 во 19:10 ---
Ти батка нишо не си разбрал од муабетот изглеа:facepalm:

Какви црни комити те спопале, и песни за СОлунско поле?!?!?

Прочитај го постот на Muranyi два подоле од твојот, и ќе сфатиш што било поентата на муабетот на kooperativa.
Барем се надевам дека ќе сфатиш:cool:
Проблемот е што ја разбирам поентата и колку нема поента сетотоа...
 
Супер тогаш. Сега онака приземјено одговори, не се овие од сликиве наследници на тие што ја изгубија граѓанската војна во Грција? Не успејаа победниците комлетно да ја изменат етничката слика на Грција и да направат од Грција етнички чиста држава? Овие на сликава се историски поразени во Грција за навек, па макар се собрале и милијарда. Денес, нивните лидери или луѓето што излегле од нивните организации, ко Ципрас на пример, ги бранат нивните фашистички црвени линии за спорот со нас. Истите тие се плашат да кажат дека Македонија постои. Немој сега да се оградиш од Ципрас и СИРИЗА, тоа е се сем приземјено.

Ја изгубија војната поради недоволна организираност. Грешката беше во нив, не во идеологијата. Тука и јас сум разочарана.

извини, ќе се навратам повторно на моите прашања на кои не ми даде конкретен одговор. ???

Мислев дека беше јасно кога кажав дека сум против пацифизам кога има случај на наметнување авторитет. Така да прашањата ти се поставени на погрешна особа. Оди прашај некој хипик и сподели што ќе ти каже... И мене ме интересира на која карта ќе игра. :icon_lol:
Лично јас се гадам од нивниот мазохизам. А затоа што се гадам од мазохизам и не сум мазохист, се противам и на национализмот.
 
Ја изгубија војната поради недоволна организираност. Грешката беше во нив, не во идеологијата. Тука и јас сум разочарана.
Ако некогаш одиш за Чијапас или која било друга анархистичка комуна, сакам благовремено да ме известиш за и јас да дојдам. Да се запознаам од блиску со функционирањето.

Од кај знаеш, може анархист ќе станам.
 
Целиов муабет ти е апсурден и парадоксален. Како проблем со еден религиозен фундаментализам и национализам решени нудиш во друг.:confused: Сум чул за глупави решенија ама ова е едно од најглупавите. И малку национализам било добро многу било лошо ко да е некој зачин во салата... Ако форираш еден фундаментализам и национализам само го влошуваш проблемот со другиот... Како у стилот јас сум заникаде ама има и бетер од мене :) Ова ме потсетува со муабетот со платите ама од спротивна страна таму нема никој побетер има само подобри...какви ли не глупости веруваат луѓето во оваа земја да не ти се верува а ги има доста. Кога ги гледам луѓево незнааш дали да им се смееш дали да ги жалиш или да им се ситиш во нивната глупавост и самосоздамени проблеми и јадови и ирационални желби и потреби и стравови. Не дека ова е типично Македонски проблем во основа го има секаде ама тука сум го набљудувал подетално феноменот онака од социолошко-сеирџиски момент...
--- надополнето: 23 мај 2013 во 19:10 ---

Проблемот е што ја разбирам поентата и колку нема поента сетотоа...
ок стеф, гледам дека си 100% за пацифизам. само не знам дали би бил толку пацифистички настроен ако некој ти дојде на врата и ти каже “ќе те пљачкам“!!! но тоа е твое, додека не ти затропа на врата, додека кај комшијата има пожар, ти и сличните на тебе ќе си свиркаат и викаат .......... не е моја куќа.
но за мене, не само мојата врата пред моето живеалиште е мое, него и цела македонија е моја, моја одговорност, мој допринос и моја кривица. ако не плаќам данок, тоа значи ЈА ОГРАБУВАМ македонија. тоа значи дека ме боли уво за македонија. ова само колку за пластичен пример го кажав, но ми ја сваќаш поентата.
 
па ДА, затоа што еве кажи ми ти искрено што доби/добива македонија од пацифистичкото однесување?

Извини брат.. али многу лоша ти е поентата..
Прво, не знам кого сфати овде дека алудира оти Македонија, конкретно, треба да се однесува пацифистички?!

или пак од друга страна националистичкото движење на нашите соседи вродува со плод?

Да.. извини, али национализам, раѓа национализам.. финтата е што со тоа? Ако поентата е на националистот да му отидеш, онака пацифистички, „еј те сакам, ај мир да праиме“, онда од старт губиш...

Ако поентата е па на „националистот“ да му отидеш со „Национализам“ (рецимо према Грциве, пошто нив ги спомнавте неколку пати), онда пак си се заебал.. Многу е лесно да се повика човек на национализам при национализам од другата страна, али многу е тешко да согледа зошто и како да го направи тоа, нели? Е у нашава ситуација, рецимо - Македонија vis-a-vis Грција. Многу е лесно на Грција да се повика на национализам, она нема никакви пречи веќе од 45 година па навака да го прави тоа нели? Нема никаков етнички проблем внатре, нема ништо што одвнатре би ја попречило таа појава (без оглед дали е оправдана или не), али кај нас тоа е невиден зајеб.. Оди натерај ги „браќана Албанци“ да се палат и жарат, на македонски национализам, да не поддржат нас, онака националистички, баш у стилот клин со клин се избива, према грцине.. НИКАД! Не дека нешо они као ете „демек не не сакале“, панема да не поддржат во тоа, него едноставно е глупо и смешно! Ние сме држава со поише етницитети и поише националности инароди, и такви сме биле од 45-та, а и пред 45-та као вардарска бановина, т.е. као виалет у Отоманска Империја. .така да, пак и таа карта е многу заебана...Имаш од една страна албански националисти, и македонски националисти, и ај сеа кажи ми ти мене, како ќе ги натераш овие првиве да го тераат „нацоналистичкото“ тук на лук - клин со клин се избива, према грцине.. Кој ги ебе Албанците? хахах .. ма немој да ме јебеш - шо би рекол Кили.. Тоа веќе го правиме, али ко што гледаш од 2006 година нема плод во спорон со имено (пошто нели ги спомна грците, бугарите, албанците - нашите соседи)... не иде.. АКо ти се прави покољ, од национални побуди на националностите шо живеат кај нас во МКД, изволте.. слободно.. ова е слободна држава.. само и за тоа терба да знае чоек како, дали и зошто би го направил. .а не само клин со клин..
Има една поговорка.. од кол накол.. колот в газ.. а колот нали, има форма на клин.. така да и овде губиш од старт...

Така да, поентава овде е да се стави прст на чело и добро да се размисли што се прави (нешто шо глеам не го практикуваме као народ, пошто лесно се дразниме на национализам последно време)... Не треба чоек нешо многу да е мудар за сите тие работи. .треба само да биде индолентен кон детските болести на оние што ги манифестираат( националистите внатре и надвор)...

и еве, да речеме дека треба да продолжиме така, да бидеме гандиевисти, ...... до кога според тебе би требало така да биде? уште 10год? или 25? или пак 50? а со тоа се наметнува прашањето, што ќе се случи со нас додека ние глумиме лудило? ќе постоиме? или некоја друга формула за нас има? и јас сум за мир и НЕнационалистичко однесување, али се повеќе ми се гази по жуљ.

Апсолутно се слагам,... не треба да се биде гандиевист.. но ниту едно решение не доаѓа брзо... а гледам „националистиве од 2006 година, па со она „клин со Клин“ како ги решаваат проблемите.. 7 години пењават за решавање на спорот со името.. па пак ништо.. и сеа?

А од друга страна, не знам кого овде гледдаш да се однесува „гандиевистички“ а.к.а Невил Чембрленовски... ?!?

Друг е проблемот овде.. а секако решението не е „Ганди“, а уште помалку па „национализам“.. Барем овде на Балканов тоа од 1878 година до денес се покажало као мнгоу многу многу многу многу смешно глупо незрело инфантилно и дебилно решение... и ништо од тоа не вродило со плод...
 
Ако некогаш одиш за Чијапас или која било друга анархистичка комуна, сакам благовремено да ме известиш за и јас да дојдам. Да се запознаам од блиску со функционирањето.

Од кај знаеш, може анархист ќе станам.

Договорено. Кога ќе пораснеш, одиме!
 
ок стеф, гледам дека си 100% за пацифизам. само не знам дали би бил толку пацифистички настроен ако некој ти дојде на врата и ти каже “ќе те пљачкам“!!! но тоа е твое, додека не ти затропа на врата, додека кај комшијата има пожар, ти и сличните на тебе ќе си свиркаат и викаат .......... не е моја куќа.
но за мене, не само мојата врата пред моето живеалиште е мое, него и цела македонија е моја, моја одговорност, мој допринос и моја кривица. ако не плаќам данок, тоа значи ЈА ОГРАБУВАМ македонија. тоа значи дека ме боли уво за македонија. ова само колку за пластичен пример го кажав, но ми ја сваќаш поентата.
Јас си го сакам својот имот повеќе од државата затоа несакам да плаќам данок...А денес е Македонија утре некоја друга држава се менува се а животот е краток за да се врзеш за некое арбитрарно парче земја. Не ја сакам државата не ја ни мразам туку е нешто со кое во овој век човеков или календарски мора да се живее. Државата е како досаден комшија ама тоа е комшија ти е мора да го трпиш ама немора да го сакаш. Така и со државата си се родил некаде на некој идиот мора да му плаќаш данок тој ќе ти даде нешто како возврат...ти треба не ти треба тоа...ги сака одредени луѓе мрази други...некогаш оправдано некогаш не...и така. Знамиња химни симболи ова она има во основа е иконографија баш како во црква или некој фудбалски клуб...читам некој запалил Албанско знаме во Струга вчера...па сега они ќе заплата Македонско па ќе се степаат на некоја утакмица...Дај бе жити се досадни сте ко хемороиди. Сум бил и на други форуми кај што се караат МК со грци бугари албанци ова она...пцуење вреѓање вадење цитати колку големи биле тие пред 3000 години колку направиле. Мислам фак оф ко да е твое лично достигување владење на некој нарцисоиден и мегаломански цар од пред неколку века...покажи се ти што можеш што знеа колку ти сече колку си креативен...апсолутно нема ништо посебно за гордење што си се родил во ХХХ држава и некоја будала ти дала државјанство ради лепе очи.
Гордење со државајанство е како да се гордееш што татко ти е владика и поради тоа си подобар од некого што не е...тие сите ги сметаат за сељаци и снобови...а тие што се горееле со државата и нејзниотот минато биле патриоти и тоа бил добро...кое лицемерие и глупост и мизерија.
 
Целиов муабет ти е апсурден и парадоксален. Како проблем со еден религиозен фундаментализам и национализам решени нудиш во друг.:confused: Сум чул за глупави решенија ама ова е едно од најглупавите. И малку национализам било добро многу било лошо ко да е некој зачин во салата... Ако форираш еден фундаментализам и национализам само го влошуваш проблемот со другиот... Како у стилот јас сум заникаде ама има и бетер од мене :) Ова ме потсетува со муабетот со платите ама од спротивна страна таму нема никој побетер има само подобри...какви ли не глупости веруваат луѓето во оваа земја да не ти се верува а ги има доста. Кога ги гледам луѓево незнааш дали да им се смееш дали да ги жалиш или да им се ситиш во нивната глупавост и самосоздамени проблеми и јадови и ирационални желби и потреби и стравови. Не дека ова е типично Македонски проблем во основа го има секаде ама тука сум го набљудувал подетално феноменот онака од социолошко-сеирџиски момент...
Глупост е тоа,што воопшто се обидуваш да воспоставиш аналогија помеѓу национализмот од една и исламизмот од друга страна.Национализмот не е сам по себе агресивен и насочен надворешно,како национал-шовинизмот.Е исламизмот пак,би претпочитал дома да ти влезе и да има секс со жена ти,а ти треба да бидеш благодарен за тоа.
Научете основни термини,па потоа навредувајте за да би се осеќале супериорно пишувајќи глупости кои немаат врска со постот на соговорникот.
--- надополнето: 23 мај 2013 во 23:12 ---
а гледам „националистиве од 2006 година, па со она „клин со Клин“ како ги решаваат проблемите.. 7 години пењават за решавање на спорот со името.. па пак ништо.. и сеа?
Се е супер,само што во Македонија нема националисти.Овие портокаловите се обични полтрончиња и недоучени лепачи на плакати,далеку се од десноориентирана партија,која всушност и не постои во Македонија.
 
Има, Страшо Ангеловски.

:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom