bobipp
Let's cook!
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 11.908
- Поени од реакции
- 6.998
Точно...најјако е ко ќе прочитам: Реномирана компанија од областа на прехранбена индустрија бара електро-инженер...Eксплоатацијата во МК е ебана работа.Уште кога ќе ги видам огласите..за обичен келнер се бара диплома,работно искуство од 5 години и црн појас карате,а пекмезите чорбаџиски нигде не напишале кои услови ги нудат за работа и колку е платата/дневницата/сатницата.. АЛО ПЕКМЕЗИ,работникот го занима за колку пари ќе ви рмба,а не колку успешна и напредна компанија сте,демек,и колку јако досие имате со вашето неколку годишно постоење на пазарот.
на вработување.ком.мк беше овај оглас и им пишав коментар:
-Абе луѓе, пишете која компанија, за какво работно место, други услови...од таа индустрија кај нас познати се: Витаминка од Прилеп, Европа од Скопје, Макс од Струмица, Винчини од Виница...од кај да знам јас за која компанија се работи и дали ми одговара да одам да работам Виница или Струмица...пример..за Скопје не ми одговара да одам за 300 евра, ама Прилеп би работел и за 200...
А вчера низ разговор...баш на тв идеше новата реклама за Дачија, и ми вика татко ми...абе како можи нова кола да е 7000 евра? Е па така му викам, затоа што е направена од работници во фабрика која е странска инвестиција и кај шо земаат 300-400 евра плата, затоа и производот е ефтин. Пример работникот во Романија за истата работа ќе земе 300 евра-400 евра, ама работникот во Фолксваген во Германија ќе земе 1500.