Национализам...позитивен или негативен?

  • Креатор на темата Креатор на темата Wade
  • Време на започнување Време на започнување
едно од човековите својства (вродена) е да се групира, а воедно и да се идентификува со таа група.
Ова е грешка. Не постои нешто такво кај човекот, ниту групирањето, а ни индетификувањето со било која група (што и да значи ова), е вродено.
Се е тоа последица на дресурата...
 
Ова е грешка. Не постои нешто такво кај човекот, ниту групирањето, а ни индетификувањето со било која група или што и да е е вродено.
Се е тоа последица на дресурата...
грешка си. доволно е да ти ги посочам мајмуните (шимпанза, горили и орангутани) најблиските сродници на човекот.
 
грешка си. доволно е да ти ги посочам мајмуните (шимпанза, горили и орангутани) најблиските сродници на човекот.
У право си човекот од секогаш бил најголем мајмун од сите мајмуни.
 
У право си човекот од секогаш бил најголем мајмун од сите мајмуни.
не заборавај дека и ти спаѓаш во оваа дефиниција ;)
него, ај кога веќе не сакаш со мајмуни, може и со други животински видови да се види потребата од групирање. може со мравки да правам споредба? или сардини? или ластовици? ...... може и пчели нели?
 
Вака мајмуните ни се браќа и се најбољи за разлика од оние птиците пуни се перја и со споен анус и мочало :sick: Така да Мајмун Пауер!!!
У основа муабетов ми е одбрано е некоја рандом причина за групирање и се палат некој на тоа е тоа.
 
па ДА, некои се палат на тоа и со тоа си добиваат поени, а ние ко НЕпалачи го јадеме стапот. затоа викам дека е потребно и ние да се групираме, да си ја цениме националноста повеќе. ако сами не се цениме, не сме горди на тоа што сме, тогаш ни другите нема да не ценат.
 
Ако земаш пример од животните, зошто не се групираш општо со твојот род, човечкиот, туку правиш поделби меѓу него и ги нарекуваш природни?
 
Глупости се тоа нема фајде од никаква националост само безкорисно губење време енергија и создава проблеми и кавги. Има многу поубави и покорисни работи од тоа во животот.
 
Ако земаш пример од животните, зошто не се групираш општо со твојот род, човечкиот, туку правиш поделби меѓу него и ги нарекуваш природни?
затоа што и тие (животните) се делат меѓу себе. има повеќе групи на оси, или делфини, или ........ така да се што кажувам е сосема природно. ако збориме за вештачко, ...... вештачко е толерирањето на непријателите!!! во природата ако некој/нешто ти е непријател, или го убиваш или го победувач и потчинуваш. е тоа е вештачко, толерирањето на непријателите.
--- надополнето: 23 мај 2013 во 03:09 ---
Глупости се тоа нема фајде од никаква националост само безкорисно губење време енергија и создава проблеми и кавги.
ок, да се согласам со тебе. но сигурен сум дека и ти и било кој друг нормален троши енергија кога ќе слушне за нападнати деца/старци во автобус. или пак дека сме бугари кои живеат во некоја земја наречена македонија........... па кога веќе трошам енергија на непотребни нешта, тогаш да направам да и другите трошат од својата енергија за глупости. ниедна од набројаните, а и ненабројаните работи ние како македонци не сме ја започнале или испровоцирале, се однесуваме крајно цивилизирано, ама како за возврат добиваме по глава воспитни. и така со децении, не со години, него со децении. е па на секое трпение му доаѓа крајот. така и на моето. можда не ви се допаѓа, али ништо што кажав не е ни лага ни претерано. чиста вистина.
 
Не се замарај со тие работи стварно не се битни. 2-3 ца се истепале во бус и...некој Стојко Пламенов рекол нешто и... има една што ја викаат на децата „Ако другар ти се фрли во Вардар и ти ќе се фрлиш?“ :) Тоа е...ова што го наброја се најбанални ситници и едни од најмалите проблеми во животот. Ќе се караш за вот евер глупост знаме име химна дали на Аце коњот бил арапски или персиски...
 
до сега не се замарав и карав, но ти реков, тие што се караат, тие газат. и не се 2-3 инцидента, или една изјава која го навредува целиот македонски народ. така да, ова твоето “најбанални ситници“ ....... ќе се промени (а и треба во најскоро време) затоа што до кога ќе бидеме незаинтересиранни за нас, нашите деца и нашата идина. море како што иде време ќе почнам и да верувам во национализмот ко во религија. ;) а богами и хитлер да го повикувам на спиритуалистичките сеанси
 
а богами и хитлер да го повикувам на спиритуалистичките сеанси

Хитлер би ве збришал и тебе и твојата фамилија за две секунди. Тоа е она што го посакуваш на твоите најмили?
 
едно од човековите својства (вродена) е да се групира, а воедно и да се идентификува со таа група. затоа порано постоеле племиња (во кои секако имало класи), кои после прераснале во нации и пак тука има класи (сиромашни, богати, шамани, и сл). таквото групирање и чуството на припадност не е ништо нови или исмислено во ново време. само терминот нација е!!! зошто постои таа потреба од таква идентификација и припадност е друга тема, али дека е сосема природна, .... природна е. то ко еве на пример и потребата во верување на бог. недокажана работа, али ете, милијарди луѓе си веруваат.
да се вратам на темата, ....... со тоа групирање, кое се одвива по принципот на сличности, нуди заеднички интереси, меѓу кое е и сигурноста. е кога станува збор за сигурноста, .. тоа во ова НЕвреме во кое живееме е на многу ниско скалило. затоа и реков дека сега не гледам ништо лошо во тоа да сме малку повеќе национално настроени, загрозени сме од други национални интереси. а мене ме интересира македонсиот интерес. не гледам ништо вештачко во тоа да се бранам. мене со тебе ме спојува (се разбира ако си македонец) тоа што имаме заеднички предци, заедничка историја за која некој гинел, а всушност гинел за нас, ......... тоа што заеднички поминале војни и окупации, успеси на научници или писатели (сите тие потекнуваат од некое наше племе). ете тоа ме/не спојува нас македонците.

Чекај малце сеа...
Ако „национализмот“ и „нацијата“ се природни, зошто велиш дека „НАЈПРВО ПОСТОЕЛЕ ПЛЕМИЊА, ПА ПОТОА СЕ ПОЈАВИЛЕ НАЦИИТЕ?“
Како ти го разликуваш племето, ордата, семејството, од нацијата т.е. национализмот?
Ако чувството за припадност го симплифицираш и подведуваш под една галва - дека ете тоа е едно универзално чувство на „национализам“ на „припадност кон нацијата“, онда зошто не се чувствуваш националистички кон твоите родители - мајка, татко, баба и дедо, а припаѓаш на нив т.е. имаш чувство на припадност кон нив - физичка и емоционална?
И најнакрај, објасни ми го ти „националистичкиот“ момент на Никола Тесла на пример.. он никад не рекол дека е Хрват или Србин, (иако бил Роден во Лика - српска енклава во Хрватска во Краљевина Југославија) он се идентификувал како Југословен, а живеел во САД (ЊуЈорк)?
Друго.. имаш еден куп луѓе на планетава што по потекло ius sanguinis, се од еве да речам, македонија, германија, иран, шпанија, англија исл исл, а живеат во сосема друга држава, но се идентификуваат и ја прифаќаат нацијата и националноста на земјата каде што живеат и каде што моментално припаѓаат ius domiclili... Како ти мене овде ќе ми го објасниш „природниот континуитет“ на нацијата и национализмот овде?
А пошто толку си запнал за племето како еден „природен“ континуиран пред-процес кон настанување на нацијата и национализмот, онда што е природниот континуиран пред-процес на племето? И по тебе испаѓа ли сега дека токму тоа „прото племе“ се чувствувало исто, ама баш исто (имало исто чувство на припадност) како и денешниве националисти ?

А да.. ги спомна и шимпанзата, органгутаните, кучињата и разни други животињи.. Тие имаат чувство за припадност или инстинкт?

Национализмот е се само не љубов кон нацијата. Верувај љубов кон нацијата и народот не се покажува со омраза и ксенофобичност кон другите нации или вери

Да.. затоа се прекинуваат фудбалски утакмици заради национализам . нели?

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=171F8D5718F37A43BF676616F638580D

П.С. И не ги мешајте Рамјштајн во оваа приказна.... Рамштајн се националисти, нацисти и расисти, колку што Хитлер бил добар сликар - шо би рекле Лајбах....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom