едно од човековите својства (вродена) е да се групира, а воедно и да се идентификува со таа група. затоа порано постоеле племиња (во кои секако имало класи), кои после прераснале во нации и пак тука има класи (сиромашни, богати, шамани, и сл). таквото групирање и чуството на припадност не е ништо нови или исмислено во ново време. само терминот нација е!!! зошто постои таа потреба од таква идентификација и припадност е друга тема, али дека е сосема природна, .... природна е. то ко еве на пример и потребата во верување на бог. недокажана работа, али ете, милијарди луѓе си веруваат.
да се вратам на темата, ....... со тоа групирање, кое се одвива по принципот на сличности, нуди заеднички интереси, меѓу кое е и сигурноста. е кога станува збор за сигурноста, .. тоа во ова НЕвреме во кое живееме е на многу ниско скалило. затоа и реков дека сега не гледам ништо лошо во тоа да сме малку повеќе национално настроени, загрозени сме од други национални интереси. а мене ме интересира македонсиот интерес. не гледам ништо вештачко во тоа да се бранам. мене со тебе ме спојува (се разбира ако си македонец) тоа што имаме заеднички предци, заедничка историја за која некој гинел, а всушност гинел за нас, ......... тоа што заеднички поминале војни и окупации, успеси на научници или писатели (сите тие потекнуваат од некое наше племе). ете тоа ме/не спојува нас македонците.
Чекај малце сеа...
Ако „национализмот“ и „нацијата“ се природни, зошто велиш дека „НАЈПРВО ПОСТОЕЛЕ ПЛЕМИЊА, ПА ПОТОА СЕ ПОЈАВИЛЕ НАЦИИТЕ?“
Како ти го разликуваш племето, ордата, семејството, од нацијата т.е. национализмот?
Ако чувството за припадност го симплифицираш и подведуваш под една галва - дека ете тоа е едно универзално чувство на „национализам“ на „припадност кон нацијата“, онда зошто не се чувствуваш националистички кон твоите родители - мајка, татко, баба и дедо, а припаѓаш на нив т.е. имаш чувство на припадност кон нив - физичка и емоционална?
И најнакрај, објасни ми го ти „националистичкиот“ момент на Никола Тесла на пример.. он никад не рекол дека е Хрват или Србин, (иако бил Роден во Лика - српска енклава во Хрватска во Краљевина Југославија) он се идентификувал како Југословен, а живеел во САД (ЊуЈорк)?
Друго.. имаш еден куп луѓе на планетава што по потекло ius sanguinis, се од еве да речам, македонија, германија, иран, шпанија, англија исл исл, а живеат во сосема друга држава, но се идентификуваат и ја прифаќаат нацијата и националноста на земјата каде што живеат и каде што моментално припаѓаат ius domiclili... Како ти мене овде ќе ми го објасниш „природниот континуитет“ на нацијата и национализмот овде?
А пошто толку си запнал за племето како еден „природен“ континуиран пред-процес кон настанување на нацијата и национализмот, онда што е природниот континуиран пред-процес на племето? И по тебе испаѓа ли сега дека токму тоа „прото племе“ се чувствувало исто, ама баш исто (имало исто чувство на припадност) како и денешниве националисти ?
А да.. ги спомна и шимпанзата, органгутаните, кучињата и разни други животињи.. Тие имаат чувство за припадност или инстинкт?
Национализмот е се само не љубов кон нацијата. Верувај љубов кон нацијата и народот не се покажува со омраза и ксенофобичност кон другите нации или вери
Да.. затоа се прекинуваат фудбалски утакмици заради национализам . нели?
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=171F8D5718F37A43BF676616F638580D
П.С. И не ги мешајте Рамјштајн во оваа приказна.... Рамштајн се националисти, нацисти и расисти, колку што Хитлер бил добар сликар - шо би рекле Лајбах....