ме навлекуваш да почнам со филозофски работи да објаснувам. али ако, .... се за добра дискусија

едно од човековите својства (вродена) е да се групира, а воедно и да се идентификува со таа група. затоа порано постоеле племиња (во кои секако имало класи), кои после прераснале во нации и пак тука има класи (сиромашни, богати, шамани, и сл). таквото групирање и чуството на припадност не е ништо нови или исмислено во ново време. само терминот нација е!!! зошто постои таа потреба од таква идентификација и припадност е друга тема,
али дека е сосема природна, .... природна е. то ко еве на пример и потребата во верување на бог. недокажана работа, али ете, милијарди луѓе си веруваат.
да се вратам на темата, ....... со тоа групирање, кое се одвива по принципот на сличности, нуди заеднички интереси, меѓу кое е и сигурноста. е кога станува збор за сигурноста, .. тоа во ова НЕвреме во кое живееме е на многу ниско скалило. затоа и реков дека сега не гледам ништо лошо во тоа да сме малку повеќе национално настроени, загрозени сме од други национални интереси. а мене ме интересира македонсиот интерес. не гледам ништо вештачко во тоа да се бранам. мене со тебе ме спојува (се разбира ако си македонец) тоа што имаме заеднички предци, заедничка историја за која некој гинел, а всушност гинел за нас, ......... тоа што заеднички поминале војни и окупации, успеси на научници или писатели (сите тие потекнуваат од некое наше племе). ете тоа ме/не спојува нас македонците.