Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Не се согласувам со начинот на кој што го кажа, ама до некаде е во право. Само до некаде, пред да ми се фрлите.
Читам на порталот Факултети една статија. Во статијава на кратко (за тој што го мрзи да чита) се вели дека 82 професори се пензиoнираат и трескаат глупости од типот дека овој кадар што останува не бил квалитетен. Па кој го образоваше тој кадар? М?? Ај да не се донервирам, ќе си продолжам кон поентата. После тоа, имаш момент од типот: “Најдобрите студенти пак сакаат да останат во земјава. Бараат од државата да им обезбеди работни места барем за они кои имаат просек 10.“
Ееееј, ало! Каде живеете? Значи млади луѓе со просек 10 бараат ДРЖАВАТА ДА ИМ НАЈДЕ РАБОТА. А останатите што не се со просек 10? Да се фрлат во Вардар? Не значи како прво просекот ништо, има луѓе кои едноставно практично многу подобро ги спроведуваат работите од останатите. Не дека сакам да омаловажувам, ама која е таа мозочна рамка со 10 просек која бара ДРЖАВАТА да ја вработи. Не ми е сфатливо некој со просек 10 да сака да работи во државна администрација, пошто друг начин како државата да им “даде“ работа не гледам.
Наместо да се борат за подобар и поконкурентен систем, со јака правна рамка, со помобилен и пофлексибилен пазар на труд (што значи и намалување на администрацијата),за развивање на приватниот сектор, они тука ми се појавуваат со квазикомунистички догми од времето на Југославија. Пази, МЛАДИ, ПРОГРЕСИВНИ луѓе. Од прогресивни немаат ни Ш.
Ете од ваква младина си патиме.
Државава има многу што да менува, ако почнам до задутре ќе пишувам, ама па и ваква младина не е баш за жалење и за да се плаче на неа, посебно кога дава вакви апсурдни изјави.
Нон-стоп збориме за студентски протести низ светот и на НИЕДЕН студент не бара државата да го вработи, туку се бори за подобри услови, за поправање/менување на системот и слично.
Кај нас се жалат дека државата не ги вработувала.
Ма волку изнервирана не сум била одамна, а после се чудиме од каде ваквите изјави. Џабе 10ките кога ќе останеш ограничен у мозокот.