Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Во сите други православни цркви каде што сум бил, обично среќавам по 2-3 верници што изолирано се молат. Едниот стои пред некоја икона и и се моли на Богородица, другиот стои пред некоја друга икона, а третиот седи на тие столчињата што се за молитва..


Чорба,
извртувањето на нештата веќе Ти преоѓа во лесно препознатлив манир.

Фактичката состојба е битно поинкава: кога велам дека верните заедно се молат, воопшто не мислам на личното молитвено однесување, кое во храмот не мора да биде видливо/слушливо кога во храмот нема литургија, туку мислам на литургиското молитвено однесување, на пример, при читањето на симболот од верата или на Господовата молитва или на читањето на молитвите поврзани со Светата Причест.

Ама ај...
--- надополнето: 18 мај 2013 во 20:21 ---
туку само палат свеќа и мислат дека готово си ја завршиле „обрската“ што ја имаат спрема Бог..


Па така кажи бе Чорба: јасно е дека пак во игра е бабичката која си палела свеќи, затоа што тоа било „традиција„ во Црквата, а уште е поочигледно Твоево тендненциозно посетување на хамовите во време кога НЕМА ЛИТУРГИЈА а со цел да „налеташ„ на некоја бабичка која пали свеќи „за здравје„ па таа бабичка да Ти биде основа за упатување клевети кон Црквата...:icon_lol:

Ама ај, кому му зборувам....
--- надополнето: 18 мај 2013 во 20:23 ---
Секој си се моли самиот за себе, изолирано. .

..а што не е погрешно...
 
Знае некој или има податок за овие случувања?Дали е вистина ова и ако е,
какво значење има.каква порака?


 
mountain,

чудата кои се случуваат во Црквата, имаат своја цел, а тоа е: опомената, поучувањето, предупредуањето, доказ за присуството Божјо во Светов, помош заснована на човекољубието Божјо и сл. Дали некој настан е чудо (Божјо) или не е, за тоа одлучува врвот од помесните Цркви, каде настанот се случил.

Надвор од Црквата, постојат чуда кои немаат ништо заедничко со човекот, туку тоа се чуда кои се бесмислица, т.е чуда колку да бидат чудни и необични настани, за „забављање„ на народните маси, кои редовно имаат демонско потекло, како на пример, чудата од денешните магови.
 
Секоја религија, секоја верска заедница за своите чуда вели дека се вистински, а за туѓите лажни, дека нејзините чуда се од Бог, а туѓите чуда од ѓаолот. Затоа објективноста на чудото не треба да се бара во неговото толкување од „религиозните авторитети“, туку во објективно испитување, без предрасуди. Доколку некој дојде до заклучок дека чудото е вистинито, дури тогаш секој согласно своите убедувања може да си толкува зошто тоа чудо се случило.

Ептен неинтелигентно ми е кога некој здраво за готово ќе си прифати некое непроверено чудо што се случило таму, некогаш и некаде, без никакви докази, без историски сведоштва.
А за денешниве „чуда“ на јутјуб што ги ставаат, сакав да ви ставам едно видео од еден пријател од Стурмица што од раката вади светлосни енергетски топки, кои потоа лебдат, ги врти ги онади и на крајот исчезнуваат. Ама го нема ставено на јутјуб, туку само на фејсбук. Е тоа „чудо“ го направил со едно аматерско програмче, за неколку минути работа (на зафрканции онака).
Со малку повеќе работа се прават и вакви „чуда“:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=7He_oSxVFy0#t=76s
 
Затоа објективноста на чудото не треба да се бара во неговото толкување од „религиозните авторитети“, туку во објективно испитување, без предрасуди. Доколку некој дојде до заклучок дека чудото е вистинито, дури тогаш секој согласно своите убедувања може да си толкува зошто тоа чудо се случило.

Ајде Чорба, од млатење празна слама, прејди на дела и кажи/одговори: по кој „објективен„ критериум, еден субјект или група субјекти, можат „објективно„ да расудат дали некој настан е чудо или не е, и дали тој настан е чудо Божјо или чудо демонско?...
 
Ајде Чорба, од млатење празна слама, прејди на дела и кажи/одговори: по кој „објективен„ критериум, еден субјект или група субјекти, можат „објективно„ да расудат дали некој настан е чудо или не е, и дали тој настан е чудо Божјо или чудо демонско?...
Алудираш на поповите ли :) ?
 
Не, алудирам на членот до кого го упатив прашањето од мојот пост: како може субјектот или група субјекти, да расудуваат „објективно„ и да проценат дали некој необичен настан е чудо Божјо или чудо демонско?

Црквата (свештенството и свештеномонаштвото...) има свој начин на расудување, кој не е „објективизиран„.
 
Ајде Чорба, од млатење празна слама....

Без нервози Мики. Сум приметил секогаш кога вистината не е на твоја страна почнуваш да ги навредуваш членовите, да користиш сарказам, исмејување. Ако немаш нешто паметно да пишеш, па и не мора да реплицираш за се и сешто.

по кој „објективен„ критериум, еден субјект или група субјекти, можат „објективно„ да расудат дали некој настан е чудо или не е, и дали тој настан е чудо Божјо или чудо демонско?...

1. Кога Бог прави чудо, Тој не прави чудо заради чудо, Тој не прави чудо ради обичен циркус, туку Го прави чудото за да биде Божји знак за оние кои го виделе, кои го испитале. Божјите чуда се недвосмислени, проверливи. Бог не прави чуда како што прават на пример овие од храмот во Ерусалим каде што запалуваат неколку свеќи скришно, зад очите на јавноста и после велат леле луѓе видете се симна оган од небото :) За Бог не е чудо тоа што некој 3-4 секунди ќе ја држи раката над пламенот. За Бог е чудо кога некој како Даниел ќе седи одредено време во оган (во вжарена печка) и нема ништо да му биде.

Еве на пример земи го чудото на исцелувањето на слепородениот што го исцелил Исус. Тој човек цел живот бил слеп и просел. Сите го знаеле за слеп од раѓање. Потоа сите го гледаат дека тој гледа. За некој да го негира ова чудо треба да излезе со некоја теорија на заговор дека родителите негови имале уште еден син идентичен близнак, кој цело време го криеле во некоја далечна земја и после толку години, скришно ги разменуваат синовите и велат чудо, нашиот син прогледа. Но и тука се поставуваат прашања кои би биле мотивите за еден толкав цел живот планиран заговор за да се исценира некое чудо. А исто така веројатно скептиците и противниците на Исус можеле да најдан и други докази дека тој не е истиот човек. Но такво нешто не нашле. Ете тоа е објективно чудо.

2. Што се однесува до толкувањето на чудото, дали тоа е од Бог или од ѓаволот, пак ќе повторам дека таа проценка е субјективна и не очекувај дека муслиманите или Јудеистите или хиндуистите ќе се согласат со христијанскиот критериум. Христијанскиот критериум е едноставен. Доколку објективно провереното чудо го прославува Бог и ги насочува луѓето во поголема вера во Бог, тоа чудо е од Бог. Доколку објективно провереното чудо не го прославува Бог и ги наведува луѓето кон идолопоклонство, кон помала вера во вистинскиот Бог - тоа чудо е од ѓаволот.
Во Библијата имаме пример каде што Бог правел одредено чудо (му наредил на Мојсеј да направи бронзена змија и секој што ќе погледнел во неа бил излекуван од змијскиот отров), но потоа, отколку луѓето почнале да и се клањаат, да ја обожаваат, да и принесуваат жртви, Бог ја уништил преку царот Езекија. (2 Цареви 18:4, Библијата)
Оттука гледаме дека Бог не сака дури ни неговите чуда да ги водат луѓето кон идолопоклонство.
 
Сум приметил секогаш кога вистината не е на твоја страна почнуваш да ги навредуваш членовите, да користиш сарказам, исмејување. Ако немаш нешто паметно да пишеш, па и не мора да реплицираш за се и сешто.

Чорба,

очекував одговор на моето прашање (како и на куп претходно поставени прашања на кои не добив одговор, што не ме чуди..) а не коментар на мојот пост. Дека си мајстор за монолози, тоа е појќе од очигледно...
--- надополнето: 21 мај 2013 во 14:00 ---
1. Кога Бог прави чудо, Тој не прави чудо заради чудо, Тој не прави чудо ради обичен циркус, туку Го прави чудото за да биде Божји знак за оние кои го виделе, кои го испитале. Божјите чуда се недвосмислени, проверливи. Бог не прави чуда како што прават на пример овие од храмот во Ерусалим каде што запалуваат неколку свеќи скришно, зад очите на јавноста и после велат леле луѓе видете се симна оган од небото :) За Бог не е чудо тоа што некој 3-4 секунди ќе ја држи раката над пламенот. За Бог е чудо кога некој како Даниел ќе седи одредено време во оган (во вжарена печка) и нема ништо да му биде.

Еве на пример земи го чудото на исцелувањето на слепородениот што го исцелил Исус. Тој човек цел живот бил слеп и просел. Сите го знаеле за слеп од раѓање. Потоа сите го гледаат дека тој гледа. За некој да го негира ова чудо треба да излезе со некоја теорија на заговор дека родителите негови имале уште еден син идентичен близнак, кој цело време го криеле во некоја далечна земја и после толку години, скришно ги разменуваат синовите и велат чудо, нашиот син прогледа. Но и тука се поставуваат прашања кои би биле мотивите за еден толкав цел живот планиран заговор за да се исценира некое чудо. А исто така веројатно скептиците и противниците на Исус можеле да најдан и други докази дека тој не е истиот човек. Но такво нешто не нашле. Ете тоа е објективно чудо.
.

А еве го и монологот....
--- надополнето: 21 мај 2013 во 14:01 ---
2. Што се однесува до толкувањето на чудото, дали тоа е од Бог или од ѓаволот, пак ќе повторам дека таа проценка е субјективна и не очекувај дека муслиманите или Јудеистите или хиндуистите ќе се согласат со христијанскиот критериум.

Не ме занимаат другите вери...Сеедно ми е за нив, оти некои од нив не ни познаваат и не признаваат постоење на демони, така да дискусијата за ставот од тие вери не ми е битна у животот.
--- надополнето: 21 мај 2013 во 14:03 ---
Христијанскиот критериум е едноставен. Доколку објективно провереното чудо го прославува Бог и ги насочува луѓето во поголема вера во Бог, тоа чудо е од Бог. Доколку објективно провереното чудо не го прославува Бог и ги наведува луѓето кон идолопоклонство, кон помала вера во вистинскиот Бог - тоа чудо е од ѓаволот.

И конечно, после оваа серија од монолози, одговори ми: кој е тој „објективен„ критериум? Тоа е она кое ме занима...

Како може субјектот, нека биде тоа и верник, да даде „објективно „расудување за потеклото од чудото?
 
1. Кога Бог прави чудо, Тој не прави чудо заради чудо, Тој не прави чудо ради обичен циркус, туку Го прави чудото за да биде Божји знак за оние кои го виделе, кои го испитале. Божјите чуда се недвосмислени, проверливи.
Исто како шетањето на живи мртовци сред бел ден низ Ерусалим. Тоа било чудо што илјадници луѓе го виделе.

Штета што на никој не му текнало да запише - да каже на син некој писмен што му бил...

Многу недвосмислено и проверливо.
 
Кој датум започнува Петровски пост (Апостолски)?
 
Кој датум започнува Петровски пост (Апостолски)?

Петровденски пости започнуваат на 1 Јули и се пости до 12 Јули до самиот празник Св:Апостол Петар и Павле (Петровден)
 
Ајде сега ти mountain кажи каде се наоѓа твојата црква, црквата каде што служиш, си ја негуваш својата вера, одиш на заеднички молитвени состаноци, каде што се причестуваш итн. Баш ме интересира и кога (во кои термини) имате богослужби, поуки, молитвени состаноци и сл.
Фала однапред за информациите.

mountain, зошто не кажувате од каде сте лоцирани и како и кога ви се богослужбите?
 
mountain, зошто не кажувате од каде сте лоцирани и како и кога ви се богослужбите?

Зошто гледам дека си играш курташак со мене!

Македонска Правпславна црква,и Католиците немааат никаков проблем и не се занимаваат со Протенстанските секти,Саботари,Јеховини сведоци .Адвентисти и мрајвалници,марсовци итн...А знак прашање е зошто толку се фрустирате вие со со тие две најголеми вероиповести во светот.
 
Де бе чоек, ти ме обвини дека не сум кажувал каде е мојата црква и што како верувам (и покрај тоа што ме немаше до сега прашано). Јас одма ти дадов веб страна со цела доктрина за нашите верувања, контакт телефон, мапа за локација, фејсбук фан страна каде што имаш тековни информации што се случува секоја недела итн. Транспарентност и отвореност до даске. Имаш и фотографии од редовнтие посетители.. фалат уште броевите на нивните лични карти таму. Али ако треба и тоа ќе ставиме, само да не не обвинуваат некои како тебе дека сме се криеле, небаре има од што да се криеме.

Е сега ја те прашувам истото. Ајде ти пиши каде се наоѓа твојата црква, црквата каде што служиш, си ја негуваш својата вера, одиш на заеднички молитвени состаноци, каде што се причестуваш итн. Баш ме интересира и кога (во кои термини) имате богослужби, поуки, молитвени состаноци и сл. Зошто не пишуваш? Зарем се срамиш од својата црква? Или можеби има нешто таинствено таму?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom