Поткрепа со Библиски цитат?
Прво и основно, во Библијата Бог никаде не забранил да бараме сличности меѓу човекот и Бог. Според Библијата човекот е создаден според Божјиот лик и сличност (подобие). Оттука е очекувано да имаат сличности. (на пример: човекот има разум, свест, јазик/говор, морал, слободна воља, дадена му е власт на Земјата, поседува креативност и инвентивност итн. - работи што ги добил од Создаделот, а во кои човекот е сличен на Бог)
И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик,
според Нашата сличност... Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско. (
Битие 1:26, Библијата)
Е сега да видиме дали има такви примери во Библијата каде што се наведени некои сличности на човекот со Бог или обратно.
Еве на пример, Бог го поставил Мојсеј да му биде како еден вид „бог“ на Фараонот, со тоа што Бог преку Мојсеј ќе го предупредува Фараонот, преку Мојсеј ќе го казнува за непослушноста, преку Мојсеј ќе му направи многу силни чуда и знаци. Значи тука
„И Господ му рече на Мојсеј: „Ете, Јас те поставив да му бидеш
бог на Фараонот; а Арон, братот твој, ќе ти биде пророк твој.“ (
Излез 7:1, Библијата)
Исто така Библијата ни вели да се угледаме на Бог (значи да земеме од Божјиот пример) во начинот на кој ги љубиме луѓето...
„И така,
угледајте се на Бога, како возљубени деца, и одете во љубов,
како што и Христосве љубеше вас и Се предаде Себеси за нас, како принос и жртва на Бога за благопријатен мирис.“ (
Ефешаните 5:1, Библијата)
Потоа на пример Павле им вели на мажите да ги љубат своите жени како што Христос ја возљуби Црквата. Значи Павле вели да ги љубиме жените свои слично како што Христос ја љуби Црквата
„Мажи, љубете ги своите жени,
како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа,“ (
Ефешаните 5:25, Библијата)
А најголем пример каде што Бог станал сличен со луѓето е преку Неговото отелотворување преку личноста на Исус Христос:
„Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа; Кој,
иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато -
тоа што е еднаков со Бога, туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи
сличен со луѓето. И откако се најде во
лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст.“ (
Филипјаните 2:5-8, Библијата)