Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
ja ne znam sto se fatile ovie kristijanive za trojstvoto kao demek toa bilo najbitno ustvari toa ne e najbitno nego najbitno e Isus koa rekol u bibliata pisua koa rekol moite sledbenici ke gi oznaete po toa sto megu niv ima ljubov(citaj sloga) znaci ne rekol ke gi poznaete po toa sto ke veruvaat vo trojstvo troica ili nesto slicno tuku kazal po delata znaci kaj ima sloga kaj muslimanite, vtoro kristijanite se isto ko evreite imeno evreite ne go priznavaat Isus kako sto ovie ne go priznavaat Muhammed a.s. a eve da receme ako kazat oni Muhamed bil nadaren poet pa sam go recitiral Kuranot a ovie zapisuvale samo togas po ista logika moze da se kaze i za kristijanstvoto znaci togas padja celata teologija nema nisto sve se izmislici a posto vikaat Biblijata bila objava togas po ista logika mora da se priznae i Kuranot opsto cela islamska kultura i civilizacija i za da ne se povtoruvam nema sto da dodadam.
 
Мухамед бил надарен поет.кој го зел стариот и новиот завет и направил Куран?
Односно Мухамед имал ѓаволска објава?
Библијата предупредува:Внимавајте ѓаволот ќе се појави во ангел на светлината.
Ќе се појават лажни пророци кој ќе ве заведуваат и одвраќаат од вистината.
И каде е тука спорот по 1400 години.ете се појави.
Сите тие писаниа дека не бил расспнат Христос туку Јуда и за воскресението го сведочи само искушението што започна пред 20 века.
Сите војни во светот,страдања,глад и болка кој ги предизвикува?
Муслиманите со бомби убиваат и предизвикуваат војни.
Зошто некој од Христијаните не го стори тоа?
Уште убиствата кај смилковско езерце беа од верски причини.Никој Христијанин не го сторил тоа и уште оној погоре збори за безмисленост и монолог.
Муслиманите прво ме пофаливте како убаво сум прашувал без да испровоцирам но
веднаш потоа следуваше Прашање во темата за Христијанство провокативно прашање како ние Христијаните сме биле маловерни и напразно сме верувале таква ни била верата.
Иако бегате од виситината и фактите што ве демнат.
Вие терајте си по вашиот демон и гледајте да убиете повеќе неверници а ние ќе си веруваме во Господ се додека Бог не го сруши светот и не ни суди.
 
Поткрепа со Библиски цитат?

Прво и основно, во Библијата Бог никаде не забранил да бараме сличности меѓу човекот и Бог. Според Библијата човекот е создаден според Божјиот лик и сличност (подобие). Оттука е очекувано да имаат сличности. (на пример: човекот има разум, свест, јазик/говор, морал, слободна воља, дадена му е власт на Земјата, поседува креативност и инвентивност итн. - работи што ги добил од Создаделот, а во кои човекот е сличен на Бог)

И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност... Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско. (Битие 1:26, Библијата)

Е сега да видиме дали има такви примери во Библијата каде што се наведени некои сличности на човекот со Бог или обратно.
Еве на пример, Бог го поставил Мојсеј да му биде како еден вид „бог“ на Фараонот, со тоа што Бог преку Мојсеј ќе го предупредува Фараонот, преку Мојсеј ќе го казнува за непослушноста, преку Мојсеј ќе му направи многу силни чуда и знаци. Значи тука

„И Господ му рече на Мојсеј: „Ете, Јас те поставив да му бидеш бог на Фараонот; а Арон, братот твој, ќе ти биде пророк твој.“ (Излез 7:1, Библијата)

Исто така Библијата ни вели да се угледаме на Бог (значи да земеме од Божјиот пример) во начинот на кој ги љубиме луѓето...
„И така, угледајте се на Бога, како возљубени деца, и одете во љубов, како што и Христосве љубеше вас и Се предаде Себеси за нас, како принос и жртва на Бога за благопријатен мирис.“ (Ефешаните 5:1, Библијата)

Потоа на пример Павле им вели на мажите да ги љубат своите жени како што Христос ја возљуби Црквата. Значи Павле вели да ги љубиме жените свои слично како што Христос ја љуби Црквата
„Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа,“ (Ефешаните 5:25, Библијата)

А најголем пример каде што Бог станал сличен со луѓето е преку Неговото отелотворување преку личноста на Исус Христос:
„Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа; Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога, туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст.“ (Филипјаните 2:5-8, Библијата)
 
Потоа на пример Павле им вели на мажите да ги љубат своите жени како што Христос ја возљуби Црквата. Значи Павле вели да ги љубиме жените свои слично како што Христос ја љуби Црквата
„Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа,“ (Ефешаните 5:25, Библијата)

Како што те рабрав ти викаше дека црквата била панганска?
Изјасни се сега малце каде си дали треба да имаме црква или не треба?
Ако се сеќаваш ми велеше молитвата е иста дали во православната црква дали од врв на водно.
 
Како што те рабрав ти викаше дека црквата била панганска?

Ти млад дечко не ме разбираш постојано и постојано и покрај тоа што неколку пати ти објаснувам едни те исти работи. И нема да ме разбереш додека внимателно не ме прочиташ (буква по буква) тоа што ти го велам.
Значи јас неколку пати ти објаснив дека терминот „црква“ во Библијата не се однесува на црковната градба (храмот) туку на луѓето. Значи кога апостол Павле вели:

„Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа,“ (Ефешаните 5:25, Библијата)

Павле не вели дека Христос ја возљубил црковната градба (храмот) и дека го предал Својот живот за црковната градба (храмот), туку дека Христос ги возљуби христијаните и го даде Својот живот за христијаните. Човекот е тој што имаше проблем со гревот, човекот е тој што имаше потреба од Спасител и застапничка жртва, а не каменот, дрвото, златниот крст, завесите итн.

Изјасни се сега малце каде си дали треба да имаме црква или не треба?

Зависи за кого како. Ако некој човек црквената градба ја гледа како нешто сакрално, како некое свето место и верува дека таму Бог повеќе го наклонува свето уво и подобро ги слуша молитвите и дека со присуството во тоа место нешто повеќе ќе се „освети“ или слично - таквиот човек е подобро да нема црковна градба, затоа што ако ја има ќе врши идолопоклонство од истата, а идолопоклонството е еден од гревовите што Бог најмногу ги мрази.

Но ако некој човек црковната градба ја гледа чисто како практично место каде што можат верниците да се соберат и да се поучуваат, да го слават Бог, ја одбележуваат Господовата спомен вечера, место каде што ќе може зимно време да се стоплат, да имаат покрив над глава да не наврнат, летно време да не горат од Сонцето и сл. Таквиот човек, ако има можности, треба да има црковна градба, бидејќи истата ќе му биде од практична помош, а нема да биде искушуван да гледа идолопоклонички кон таа црковна градба.
Велам „ако има можности“ бидејќи имало периоди и денес има такви места каде што луѓето немаат можности за црковна градба. Сепак тоа не ги спречува да бидат Црква Христова и да ги вршат должностите и привилегиите што им ги дал Исус.

Ако се сеќаваш ми велеше молитвата е иста дали во православната црква дали од врв на водно.

Да, се уште го велам тоа. А и не само јас, туку уште поважно е тоа што и Библијата (Божјиот Збор, Светото Писмо) го вели истото.
И во џамија да се молиш, Бог исто ќе те слушне :)
 
Значи јас неколку пати ти објаснив дека терминот „црква“ во Библијата не се однесува на црковната градба (храмот) туку на луѓето.

Односно секој човек е црква зам за себе?Тогаш зошто се вика душа нека се вика црква?


Да, се уште го велам тоа. А и не само јас, туку уште поважно е тоа што и Библијата (Божјиот Збор, Светото Писмо) го вели истото.
И во џамија да се молиш, Бог исто ќе те слушне :)

Она како се молат во џамијата наликува на молењето на луѓето од стариот Мојсејов завет нормално дека ќе те слушне дека и они се молат на Бог.
Кога ќе даваш некој библиски цитат гледај да биде прикладен.према темата за да те разбереме или пак да дадаеш некој објаснување.
Треба малку да научиш и духовно да се образуваш пријателе зошто кај тебе не гледам ништо такво.А вера без духовно верување небива
 
Односно секој човек е црква зам за себе?

Не.

Тогаш зошто се вика душа нека се вика црква?

Душа и Црква се два различни поима, па затоа душата се вика душа, а црквата црква.

Кога ќе даваш некој библиски цитат гледај да биде прикладен.према темата за да те разбереме или пак да дадаеш некој објаснување.

Па зарем еднаш сум ти објаснил дека кога во Библијата се спомнува зборот „Црква“ тој не се однесува на црковната градба (храмот) туку на луѓето-христијани? Само на форумов 3-4 пати ти објаснив и плус уште 1-2 пати по приватна порака.
 
Она како се молат во џамијата наликува на молењето на луѓето од стариот Мојсејов завет нормално дека ќе те слушне дека и они се молат на Бог.

Помал проблем е тоа кој како и кој каде се моли.

Но, она што е многу побитно, е следното:
- што изразува(ме) со молитвата?
- на кој бог му се обраќаме во молтитвата?
- дали богот ќе ја услиша нашата молитва и конечно,
- дали богот на кого му се молиме, ќе го исполни она кое сме го побарале во молитвата.

Нависитна, молитвата можам да ја кажам и дома, и во црковниот храм и на Марс, местото не е пресудно...Како велат Светиите: добро е ако се молите, но уште е подобро ако се молите заедно. Е, за тоа „...молење заедно...„, потребна ни‘ е и Црквата./заедницата, а потребен ни‘ е и црковниот храм, каде Црквата се моли заедно, а не само по дома или изолирано и себично.
--- надополнето: 18 мај 2013 во 15:38 ---
Tuka kade sto ziveam (nadvor od MK) mi kazaa deka nekrsteno bebe od 4 meseci ne smee da vleze vo crkva i da bide pred olatarot. Neznam dali e taka i kaj nas.

Некрстеното бебе нема проблем ако се наоѓа во црковниот храм или пред олтарот, но некрстеното бебе нема право да се причести, затоа што се‘уште не е крстено и се‘уште не е Христово и Божјо, не е дел од Црквата.
 
Не.
Душа и Црква се два различни поима, па затоа душата се вика душа, а црквата црква.
Па зарем еднаш сум ти објаснил дека кога во Библијата се спомнува зборот „Црква“ тој не се однесува на црковната градба (храмот) туку на луѓето-христијани?

И што е црква?Душа,луѓето или градба?
А да Протестант ти беше заборавив! вие немате црква.Протестантските луџе ја прават црквата така е.
Само на форумов 3-4 пати ти објаснив и плус уште 1-2 пати по приватна порака.

Не знам зошто мислиш дека не те разбирам,Само не ги прифаќам твоите Протестански идеали против Православието.
 
Додека протестантите и православните битка бијат меѓу себе, поентираат единствено поддржувачите на протести за ослободување убијци на немуслимани( а тука спаѓаат и православни и протестанти, нели??).

Размислете;)
 
И што е црква?Душа,луѓето или градба?

И што ако ти одговорам, кога утре пак истото ќе ме прашаш и пак нема да ти е јасно :)

А да Протестант ти беше заборавив! вие немате црква. Протестантските луџе ја прават црквата така е.

mountain, дете младо,
1. Ти не го познаваш протестантизмот и не знаеш што се тоа протестанти и во што веруваат.
2. Јас многу многу повеќе од тебе го познавам православието (и внатрешно и надворешно).
3. Протестантски црквени згради има најмалку 10 пати повеќе отколку православни. Во некои земји на една улица има по 3 протестантски цркви (на градби мислам), а на подолгите улици (10-20км) и по 7-8 такви цркви. И тоа зборувам за живи цркви, а не некои празни храмови на византиска уметност, каде што верници ги полнат само за Божиќ и Велигден. Цркви каде што секоја недела се собираат стотици и илјадниици верници да се поучуваат од Словото, да го слават Бог заедно, да се молат, да се причестуваат. Цркви во кои што и во други денови од неделата се собираат за молитва, за библиски проучувања, за младински дружења на помладите верници, хуманитарни проекти, каде што се држат семинари, предавања итн. И не само во црквите, туку верниците се дружат и надвор од црквите, играат фудбал, излегуваат заедно, имаат молитвени состаноци и во домовите свои, и во болници, и на факултетите. Тоа е жива Црква Христова. Али се додека не видиш и искусиш со свои очи, залудно ќе ти објаснувам.

Не знам зошто мислиш дека не те разбирам,Само не ги прифаќам твоите Протестански идеали против Православието.

Не ги прифаќам, само кога ќе ме прашаш нешто и кога ќе ти одговорам, не ме прашувај пак истото. Запиши си го некаде одговорот.
--- надополнето: 18 мај 2013 во 18:49 ---
а потребен ни‘ е и црковниот храм, каде Црквата се моли заедно, а не само по дома или изолирано и себично.

Во сите православни цркви каде што сум бил, само во две сум видел како верниците се молат заедно (еден за друг). Две од кои што едната беше на Јован Вранишковски.
Во сите други православни цркви каде што сум бил, обично среќавам по 2-3 верници што изолирано се молат. Едниот стои пред некоја икона и и се моли на Богородица, другиот стои пред некоја друга икона, а третиот седи на тие столчињата што се за молитва. Тие ниту се познаваат, ниту пак си разменуваат молитвени потреби, ниту се молат заедно (еден за друг). Секој си се моли самиот за себе, изолирано. Дали се молат себично не знам, ама од луѓето што сум слушал повеќето си палат свеќа за здравје на себе и својата фамилија. Значи обично луѓето не ни се молат ни за себе (а не па за другите), туку само палат свеќа и мислат дека готово си ја завршиле „обрската“ што ја имаат спрема Бог. И потоа си се враќаат на нормалниот световен живот со старите омилени грешни навики.
 
И што ако ти одговорам, кога утре пак истото ќе ме прашаш и пак нема да ти е јасно :)

Никој не те прашува ти самиот ми ги цитираш моите поствови.

mountain, дете младо,
1. Ти не го познаваш протестантизмот и не знаеш што се тоа протестанти и во што веруваат.
2. Јас многу многу повеќе од тебе го познавам православието (и внатрешно и надворешно).
3. Протестантски црквени згради има најмалку 10 пати повеќе отколку православни.

Ако некој е дете не значи дека треба да го потценуваш.

Еве ти одговор:

1,Па да ти кажам правилно пријателе и не ме интересира.и онака ми наликува на маалска заедница од некакви си луѓе.

2,Мило ми е.

3,Јас никаде ги немам видено.Во Скопје Во Центар на кој крај и да се свртам ќе видам православна црква.Тоа значи дека вратите православни се отворени за секого.
А не како вас кој не кажуваат каде се и како веруваат!
 
Никој не те прашува ти самиот ми ги цитираш моите поствови.

Не е така. Ми поставуваш и прашања. Види погоре.

1,Па да ти кажам правилно пријателе и не ме интересира.и онака ми наликува на маалска заедница од некакви си луѓе.

Самиот признаваш дека немаш видено протестантска црква, а сепак велиш дека ти наликува на нешто :) Зарем не е тоа контрадикторно? Како може да ти „наликува“ нешто што го немаш видено? За нешто да ти наликува на нешто, треба прво да го имаш видено. па потоа да даваш критики за истото, а не на база на рекла казала. Јас на пример имам видено многу православни храмови (и во земјава и во странство) и затоа со право можам да кажам дека мене ми наликуваат на музеи на Византиска уметност, со примеси на фолклор и будистичко влијание врз Византиските икони.

3,Јас никаде ги немам видено. Во Скопје Во Центар на кој крај и да се свртам ќе видам православна црква.Тоа значи дека вратите православни се отворени за секого.

Прошири ги малку видиците и ако ти се укаже некоја можност да прошетат некаде (во земјава или странство) искористи ја. Ќе видиш дека светот е многу поголем, поширок и поразновиден од центарот на Скопје и православните храмови.

А не како вас кој не кажуваат каде се и како веруваат!

Од кај па сега дека не кажуваме каде сме и што веруваме? Тие што прашале си дознале, освен ти кој нели не прашуваш и не те интересира :)
Мојата локална црква си има и веб страна и фејсбук фан страна. Значи воопшто не сме скриени, ниту имаме причина да се криеме, туку сме транспарентни, отворени и достапни за секој човек што без предрасуди и со отворен ум сака да чуе нешто за христијанството.
Web страна: www.crkva.org.mk
Доктрина на христијанските верувања: http://crkva.org.mk/doktrini.htm
Еве ти и мапа: http://crkva.org.mk/Sliki/mapaHristijanska Bapt Crkva.jpg
Facebook: https://www.facebook.com/crkva.mk

Ајде сега ти mountain кажи каде се наоѓа твојата црква, црквата каде што служиш, си ја негуваш својата вера, одиш на заеднички молитвени состаноци, каде што се причестуваш итн. Баш ме интересира и кога (во кои термини) имате богослужби, поуки, молитвени состаноци и сл.
Фала однапред за информациите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom