Значи вака луѓе. Веќе неколку дена се чуствувам лошо а нема на кој да му се обратам, па решив да споделам со вас.
Вака ќе почнам, пред околу 1 година на аеродром запознав девојка од Романија, бидејќи се брзав и оставив мој број и си заминав. После неколку дена буквално заборавив на неа, и така помина извесно време и еден ден гледам порака од број од странство, беше таа, ми прати порака од нејзиниот профил, за да контактираме почесто. И тоа се деси, се запознавме подобро, почнавме да разговараме за разни теми, на почетокот беше се' од убаво поубаво, некогаш знаеше да направи некои испади поради љубомора но тоа го разбирав сосема нормално, иако воопшто не ми се допаѓаше. И така после 6-7 месеци континуирано разговање, ми понуди за летово да појдам кај неа, секако реков дека ќе размислам, а потоа и прифатив. Поминаа неколку дена на сред разговор ми кажа дека ќе и биде чест доколку ја запросам, во моментот бев
не ми беше јасно дека иако сме добри, како може да има толкава доверба. Го сватив како шала, па после неколку дена и нејзините родители/пријатели ме додале за пријател, па почуствував дека навистина била сериозна и малце ми беше чудно. После извесно време како да ладеше, секогаш кога ќе и пишев прв се исклучуваше па се враќаше кога јас заминував и оставаше пораки. Не се трудеше воопшто да ме направи нешто за да ме импресионира како порано, постојано беше зафатена. Се' додека пред неколку дена чашата не ја прелеа и последната капка, иако знаеше низ каков пекол поминувам премногу ме повреди, го направи тоа што секогаш ја молев ни да не помислува (нема врска со дечко) а после тоа, се однесува ладно спрема мене и воопшто не и е грижа за мене. Луѓе мои, верувајте ми, и кога го читам ова ми доаѓа смешно, иако изгледа толку глупо јас се чуствувам како мртов. Буквално загубив цела година со личност која ја третирав како кралица, со личност за која бев спремен на секаков предизвик, нејзините глупави приказни ми го заматија мозокот а како резултат на сето тоа на крај ме акна од земја. Знам дека некои од вас на ова ќе тераат сеир, но премногу ќе ми значи барем едно искрено мислење, бидејќи сум емотивно скршен а немам никој за совет, немам ниту другар на кој можам така да му се доверам, некој од вас ќе ми биде единствената морална поддржка, тешко ми е многу верувајте.