Многу ме интересира кои се тие посаглам фирми од овие напишаниве ! За тебе не е ризик кога ќе почнат Хилтон и Мериот да му конкурираат на Холидеј Ин како треторазреден хотел од франшизата ( Crown Plaza i Intercontinental ) .За тебе не е ризик што Доне Таневски има 64 години а неговите ќерки немаат пола од неговото знаење и познанства ?Сите мислиме добро е има 19 милиони евра на сметка и со купувањето на оваа акција купуваш пари ( На нас не верувам дека ќе ни ги дадат )? Ајде Живко Мукаетов е млад кој и покрај безмалку монополската позиција на пазарот според мислењето на многу лошо ја раководи фирмата .Јас сум акционер и во овие фирми бидејќи добро ја познавам структурата и раководењето . И тоа релативно голем акционер ! Дали дивидендата во овие компании е поголема од банкарските камати на депозити ? Не . А не ја ни покрива годишната инфлација !
Јас и ти доволно се познаваме по форумиве за да се докажуваме а горе долу и се сложуваме во поголемиот дел од ставовите !
Само кај ТПЛФ ризиците ќе бидат најмали односно добивките предвидливи. ( нема ризик од одлуки на РКЕ, валутен ризик ,пазарен ризик , ризик поврзан со ликвидноста )
Добивката ќе биде од договорот со БЕГ , каматите од позајмицата во вредност од 2 милиони евра и фирмите ќерки кои лани направија 400 илјади евра профит . Се вкупно од 3 - 4 милиони евра .
Јас не велам дека ТПЛФ нема кредити ! Но кредитите не се земени на една година ? Туку на повеќе . Денешниот ( упс вчерашниот ) квартален извештај за добивка од 6 милиони и кусур денари докажува дека УО дури и со ненаплатени кирии од БЕГ добро ги сервисира кредитите . Набрзо ќе излезе на берза дека Комерцијална и Стопанска го откупуваат долгот на Владата кон Топлификација со дисконт од 8 % но Топлификација ќе си ги задржи затезните камати од 8,5 % .И тогаш вкупните кредити ќе се намалат под 10 милиони евра , а според деловниот план кој до сега 100 % се исполнува во 2015 ќе се вратат во поголем дел. Ако има средства во буџетот можеби и порано.Кредитот од Комерцијална ( Хаџи Мишев беше порано претседател на НО )ќе биде репрорамиран а Топлификација ќе добие грејс период ( за тоа време ќе плаќа камати но не и главница ). Ако некоја фирма е толку во долгови како што опишуваш ти ( не се 100 % од капитал бидејќи фирмата има 21 милиони евра кредити во моментов а вредноста на капиталот е околу 64 милиони евра значи 1/3 од капиталот а подолу следи линк )зарем ќе дели дивиденда ? И тоа дивидендата ќе биде од поранешни акумулирани добивки и кои се веќе оданочени . Зарем блок трансакцијата од вчера за тебе не е доволен знак дека некој веќе почнал да ја штити акцијата ?
И молам да ми се кажат посаглам компаниите со ефект од 3 евра дивиденда а акцијата да биде 1500 денари !
Која акција од трите набројани погоре би имала најголема капитална добивка ?
Пазарниот ризик кај ТПЛФ уште е и најмал бидејќи акцијата е најевтина !
Иако да кажам се работи за различни дејности ( едните печалат од курви и од свадби , едните произведуваат за да ги намалат болките на луѓето , а едните до сега буквално гореа пари ).
Кај која фирма од овие три би имало најголеми шанси за превземање ?
Имам уште едно прашање ? Бидејќи сите фирми од МБИ 10 ги наследија бизнисите од Бивша Југославија која фирма односно акционерско друштво вложила нешто и колку . Освен АЛК 400 илјади евра за фабрика во Србија и МПТ фабрика за Биодизел и Оилко со 35 % .Само Топлификација има инвестирано во нешто ! Значи изградила нешто .
Е сега имало ризик ! Јас не викам нема , ама и капиталната добивка ќе биде во сооднос со ризиците . За мене лично ТПЛФ е акција број еден во моментов на Македонската Берза а оние што се занимаваат со шортови ќе добијат и дивиденда од 54 денари за 2012 година . За капиталната добивка не сакам ни да зборувам . Секој нека си инвестира според неговите пресметки и анализи . Ова е само мое мислење кое не мора да биде точно !
http://www.mse.mk/mk/issuer/toplifikacija-ad-skopje
Одговорот ќе го дознаеме кога тогаш .
П.С. Браќата Мијалкови имаат околу 1000 и нешто акции во ТПЛФ .Иако можеби им служат за мастики и цигари сепак се акционери
.