Македонска берза

Член од
14 април 2013
Мислења
93
Поени од реакции
62
Јас искрено не памптам од 2002 навака акцијата на Макпетрол да e толку ефтина како годиниве. Со оглед дека држат 90% + од пазарот не само со горивио туку и со плин. И да не се продаде фирмата оваа цена од 15 000денари за 1 акциија на продажба од 500 милиони евра е смешна. Собери ги сита банки во Македонија немаат олку приходи од продажба(камати,провизии..).
Јас пак не памтам некоја фирма да трупа толку големи загуби . На денешниот биланс на успех и квартален извештај објавен на Македонската Берза Макпетрол објави нови 2,5 милиони евра загуба или поточно 147 милиони денари .
А директорот уште си подигнува и бонуси за верност и разни додатоци на платата се вкупно во износ од 17 милиони денари . Друго се приходи , друго се профити !

http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=31567
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Тоа сакаат Директорите да веруваш , бидејќи им излезе од контрола можноста да ја контролираат берзанската цена на Макпетрол последните месеци кога тргна нагоре за 30%. Последните месеци навалија на купување не само наши туку и странци во главнината согласно податоците на ЦДФВ. Затоа билансите им останаа единствено оруќжје да плашат зајци. Тоа се сметководствени трикови. Книжиш трошоци последните 30 дена, а стопираш приходи. Тие финти на други.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Денес поминале дури 4 (и со зборови четири) акции. Ова ли е навалата на купување?
Што ти е финтата со ова дека денес поминале само 4? Вчера помина скоро 30 на 15 000, ако веќе селективно гледаме.
Бројот на странци кои поседуваат акции во МПТ во основната главнина за разлика од Март во Април е поголем за о.о3%. Ако имаш друго мислење за Макептрол тогаш потруди се да напишеш што и како за да може сите да разбереме. Има шпекулации дека ке се продава кој ти однапред знаеш дека се неточни, јас незнам и не ги коментирав, ги коментирам само билансите и историската цена бидејки некој праша и му одговорив како и ти што мислам. Посочи кои фирми ги препорачуваш од МБИ 10 што се поефтини од МПТ а држат поголем пазарен сегмент во РМ.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ако имаш друго мисење за Макептрол тогаш потруди се да напишеш што и како за да може сите да разбереме.
Нормално дека имам, а колку што гледам и доста други имаат спротивно мислење од твоето.

Години наназад Макпетрол е загубар (дури и пред 13 години бил загубар), кој постојано го губи пазарот со конкуренцијата (пред се на странските пазари, лани имаа пад од 22%).
Иако е загубар менаџерите си делат милионски плати и бонуси што ја влошува состојбата, да не споменувам што дополнително преку Оилко цицаат по неколку милиони евра екстра за нив.
Продажната маржа е иста со години, 3.2 денари од литар гориво. Во време кога цената на нафтените деривати доста е зголемена, ова значи дека добивката изразена во проценти (односот маржа/цена на литар гориво) постојано се намалува.

Скоро секоја година-две се пушта патка дека некоја голема странска компанија сака да ги купи, ама за жал до сега не сме виделе ништо од тоа. Нормално ќаруваат само тие што ги пуштаат патките на сметка на наивни инвеститори.

Лично ја ценам вредноста на акцијата на околу 50 евра, кога ќе падне на таа вредост ќе мислам на купување.

ПС. Да не бидам погрешно сфатен дека хејтам, јас бензин најчесто ставам на бензиските на МПТ. Ама од акцијата бегам подалеку.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
50 evra ja cenis MPT ja pa minimum 500 ;)
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
На база на што?
Минус: Имаат 30 милиони евра кредити, 50 милиони обврски спрема добавувачите, 60 милиони вонбилансна актива/пасива, 8 милиони обврска спрема државата.
Плус: Имаат 3 милиони во кеш + 50 милиони во залихи побарувања + милион од подружници + 1,5 милион залихи + 60 милиони недвижност (која реално вреди околу 40 милиони) + 60 милиони акционерски капитал (кој моментално пазарно вреди 27-8 милиони).

95 милиони (50 + 3 + 2 + 40) - 88 милиони (30+50+8) = 7 милиони / 112.000 акции = 62-3 евра по акција
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Тоа сакаат Директорите да веруваш , бидејќи им излезе од контрола можноста да ја контролираат берзанската цена на Макпетрол последните месеци кога тргна нагоре за 30%. Последните месеци навалија на купување не само наши туку и странци во главнината согласно податоците на ЦДФВ. Затоа билансите им останаа единствено оруќжје да плашат зајци. Тоа се сметководствени трикови. Книжиш трошоци последните 30 дена, а стопираш приходи. Тие финти на други.
Тие финти не поминуваат кај ревизорите, особено ако правиш финти од 100.000.000 денари ;)
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
MPT se prodava za 50% od smetkovodstvena cena ama firmata ne objavila profit 10 godini...neznam sto treba da se sluci za da se promeni toa. Da ne e skapa ama...ne ni vredi mnogu...Ima mnogu poseriozni i podobri ponudi na MSE.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Тие финти не поминуваат кај ревизорите, особено ако правиш финти од 100.000.000 денари ;)
Ревизорите доаѓаат после 31.12 или откако ке помине годината .Јас зборував за кварталните извештаии. Инаку не е проблем и ревизорите да ги изиграш има една таква компанија на берза, бидејки ти одлучуваш за сите одливи околу пресекот на годината. Најчесто кај нас ревизорите работат за менаџментот па дури и ги учат како да прават со одливите пред пресекот, има такви примери особено кога се префрлаат на конто побарување. Треба да е правило како кај банките да се менуваат секој 2-3 години ревизорските куќи.
 
Член од
11 април 2013
Мислења
65
Поени од реакции
39
На база на што?
Минус: Имаат 30 милиони евра кредити, 50 милиони обврски спрема добавувачите, 60 милиони вонбилансна актива/пасива, 8 милиони обврска спрема државата.
Плус: Имаат 3 милиони во кеш + 50 милиони во залихи побарувања + милион од подружници + 1,5 милион залихи + 60 милиони недвижност (која реално вреди околу 40 милиони) + 60 милиони акционерски капитал (кој моментално пазарно вреди 27-8 милиони).

95 милиони (50 + 3 + 2 + 40) - 88 милиони (30+50+8) = 7 милиони / 112.000 акции = 62-3 евра по акција
(y)
 
Ти фали уште една 0 на 62-3 евра по акција. И тоа ке ги сметам залихите по набавна вредност.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Алкалоид денес исплати дивиденда. Проверете си трансакциска сметка тие што имаате акции таму. Поздрав =)
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Топлификација се одложи денес собранието за наредната недела поради немање кворум од 51%. Ова покажува дека Русите се надгласани и сите предложени одлуки ке се усвојат најверојатно наредната недела кога ке биде потребно помало квалификувано учество.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom