Апсурд е да се помисли дека мистериозниот мултиверзум е дело на поединец, безразлика дали е тоа некој лик, непозната енергија, облик на живот... итн итн.
Значи не можам да сватам како сеуште егзистира таа теорија, кога во суштина ние ПРЕД СЕ - немаме никаква шанса да ја разбериме реалноста, нејзината динамика и нејзините карактеристики. Барем сеуште не со нашава - моментална ментална еволуција.
Лично мислам дека реалноста е бесконечна променлива паралелно на енергијата во која постои и условите во кои се створила.
Бог е само изговор за многуте прашалници без одговор.
Но замислете... И ДА БИ ПОСТОЕЛ... зарем тоа е некакво чудо? Или уште повеќе одговор за се што се случува во овај познат временски простор?
Никако не можам да се сложам дека мултиверзумот и животот се творби на некаква си уникатна и единствена енергија/материја или спој од двете.
Ова е толку комплексна мистерија, што ни најголемата фантазија не би успеала да даде некаков си одговор.
И како одговор на тоа - дали верувам дека Бог постои?
МОРА ДА ПОСТОИ.. Ние можеме да го викаме како сакаме.. Бог, Ѓавол, Ангел, Марсовец.... И тоа не мора да биде некаква позната форма на живот, или облик на енергија и материја...
Но сигурно има нешто што придонело да се развие од "ништо - нешто".
Но зошто воошто да постои нешто? - Ако постои нешто, мора да е дел од нешто друго - до бескрај.
Кога започнало да постои тоа? Ако воопшто започнало, тогаш мора да имало нешто пред тоа - до бескрај.
Кој го започнал сето тоа? Ако некој воошто го започнал, тогаш и на тој НЕКОЈ, некој друг го створил - до бескрај.
Кај води се ова? Ако воопшто постои некоја си насока, па нештата да се движат во еден или друг правец, значи мора од негде да тргнале? Од каде? Бескрајна стартна линија?
Што е сето ова? Која е смислата на животот?
Што ако ги почитуваш божјите закони, или обратно?
Што менува целата технологија, кога после неколку милениуми(+/-) ќе мавни астероид овде, и се поголемо од 3 см нема да преживее? А можеби и цела планета ќе прсне ко пуканка?
Дали човештвото е некаков си к** фактор во бескрајната црна празнина?
.....
До утре можам да си поставувам вакви прашања... но и самиот не знам која е поентата воошто да мислам на тоа. Секогаш добивам чувство дека нашиот живот е ветар во магла, односно, ние сме еден вид вирус што ги цица ресурсиве на планетава, додека не стигне антибиотикот со брзина од 100.000км/час и да не реши во еден потег.
Не знам веќе што да мислам.
На крајот, пак ќе повторам... дали воопшто вреди да се дискутира за тоа дали постоел Бог или Не?
Сакал постоел, сакал никогаш не постоел.. ама едно е сигурно.. Одговорот на тоа прашање - АПСОЛУТНО нема никаков придонес во најголемата мистерија на човештвото.
Само една работа ми дава утеха.. а тоа е фактот што логиката нема вселенски размери. Значи не мора нештата да се логични (според нашите разбирања за тоа што е логично, а што не)... Можеби сме во тотална заблуда од која никогаш нема да се опоравиме.
Можеби нашиот вид, слух, допир и чувства се само 0,1% од потребните сетила за да добиеме некаква си слика за реалноста.
Можеби... можеби.. можеби..... до бескрај..
И ај кажете ми вие сега, покрај се ова, како јас да верувам во Господ и приказните од библијата? Ај да бевме во камено време.. ќе разберев. Ама вака.......