Прашање за Стопанска Банка

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Имам едно прашање :)

Имам сметка во Стопанска Банка, на која ми стига плата.
Е сега, пред еден месец проверив сметка и сум имала да речеме x денари. Месецов проверив пак, и имаше минус 20 денари. Прашаето ми е кај ми отишле тие 20 денари. Дали СБ зема месечна тарифа од 20 денари? Или можеби проверка на сметка се наплаќа 20 денари?

Не ми е мене за тие 20 денари месечно. Проблем ми е тоа што ако некогаш сакам да ги извадам сите пари, значи ако стигнам до 0 денари на сметката, наредниот месец ќе отидам во минус.

Знае ли некој да ми го објасни ова?

За секоја трансакција зема по 10 денари,а останатите 10 се месечна провизија за користење на трансакциската сметка и ако ги подигаш од шалтер ќе ти земат уште 10 денари.
 
Ви благодарам на сите за одговорите.
 
Ај ова, а што направија со таксените марки, тоа е пљачка. Идам во пошта, уплаќам и ми вика дечко сега е 85 денари една таксена марка да уплатиш. Иста провизија е и во НЛБ, а во Комерцијална е 50 денари провизија. Само стопанска е 15 мислам уште. Срамота, а владата има можност да реагира во делот на укинување на таксените марки барем за нас студентите и не го прават тоа.

Од таа причина јас уплаќам само во Стопанска и ТТК банка во едната е 15 другата 20денари. Во другите банки више почнаа да пљачкат нема смисла тоа уплаќаш 50 денари и ти земаат уште толку провизија.
 
Ај ова, а што направија со таксените марки, тоа е пљачка. Идам во пошта, уплаќам и ми вика дечко сега е 85 денари една таксена марка да уплатиш. Иста провизија е и во НЛБ, а во Комерцијална е 50 денари провизија. Само стопанска е 15 мислам уште. Срамота, а владата има можност да реагира во делот на укинување на таксените марки барем за нас студентите и не го прават тоа.
Тоа е чисто пљачкосување. Еден совет до сите вас, доколку имате сметки во повеќе банки, а сте ги отвориле ради некаква принудна потреба (некој барал од вас токму од таа банка да отворите сметка, се случува за плати да се наметне банка) затворете ги сите до една. На тој начин само ви земаат пари кој никако по ниту еден основ и економско правило за функционирање на банкарски систем не треба да ги земат. Банка живее од камата и провизија од трансакции. Овие давачки се чиста измишљотина во новото време, но на некој му одговара да постои. Кон НБРМ треба да се превземе една иницијатива да им наложи да ги укинат овие давачки.
Во сите банки земаат 15 ден, и да ја користиш и да не ја користиш ти ги земаат и одиш во минус ако немаш на сметка. Е сега некој што земаат 20 не знам што е работата. Тие 15 мислам дека ги зема народна банка.
Не зема НБРМ пари од банка за водење на сметка.
 
Стопанска зимаат 20 денари провизија за водење на трансакциска сметка без разлика дали имаш или немаш трансакции тој месец. Не знам дали тука има улога дали имаш или немаш дебитна картичка поврзана со таа сметка.

Комерцијална зимаат месечна провизија само ако имаш дебитна картичка поврзана со сметката.

НЛБ зимаат провизија за водење сметка само ако имаш трансакции во месецот.
 
И тоа земање секој месец е? Фиксно е, 20 денари?

Фиксно секој месец, без разлика дали имаш приходи или не.Па после луѓе со 6-7-8 месеци неактивни сметки се чудат од каде минус на сметката, а никаква информација :tapp:
И најновата ‘погодност‘ за клиентите при проверка на состојба преку банкомат.Во неколку банки имаш право само еднаш месечно да видиш бесплатно, а после секој следен пат по 12 денари провизија.Само шо се научија пензионерите на банкомат, одма ќе се вратат по шалтери :D И таму секој одлив е 5-10 ден. провизија.
И многу е битно да се сложни.До пред некое време провизиите за безготовински уплати беа 15-35 денари (ПроКредит и Стопанска 15, Охридска 22, Поштенска 35, Комерцијална 45!) во зависност од банката, сега се општо земено 35.

Тоа е чисто пљачкосување. Еден совет до сите вас, доколку имате сметки во повеќе банки, а сте ги отвориле ради некаква принудна потреба (некој барал од вас токму од таа банка да отворите сметка, се случува за плати да се наметне банка) затворете ги сите до една. На тој начин само ви земаат пари кој никако по ниту еден основ и економско правило за функционирање на банкарски систем не треба да ги земат. Банка живее од камата и провизија од трансакции. Овие давачки се чиста измишљотина во новото време, но на некој му одговара да постои. Кон НБРМ треба да се превземе една иницијатива да им наложи да ги укинат овие давачки.
Не зема НБРМ пари од банка за водење на сметка.
На место ти е советов, ама при затворање ќе се соберат добри суми, особено ако била подолг период некористена сметка.И нормално, кој би фрлил 1233 денари за едно големо ништо...можда е подобро да стојат така :unsure: А постојат и случаи со луѓе на летна сезонска работа кои секоја лето ќе отворат сметка во мај - јуни и крај на септември ќе ја затворат.За вакви случаи некаде им текнало ограничување со макс 3 пати реотворање сметка.Убав бизнис...banki.png
 
Земаат провизија за водење на сметка, имам јас 2 картички од СТБ, на еднава картичка ми одземаат секој месец по 20 денари, било да има пари на сметка било да нема, многу пати кога ке ми задоцнат парите а на сметка има 0 денари, кога проверувам од телефон состојба гледам -20 денари, ма да ништо не се 20 денари по мое, а на другата сметка ми земаат еднаш годишно по 240 денари, кога имав во Уни банка трансакциски не ми држеа ич. разни банки разни политики- лоповска работа.
 
Колку што знам бесплатно е сметката.
Доколку имаш кредитна/дебитна картичка ти наплаќаат 20-30 ден месечно.
Можеби и грешам
 
Какви лопови еј! Не дека се многу пари, туку моабетот ми е кога отварав трансакциона во Стопанска повеќе пати прашав се плаќа ли нешто за трансакционата и дали одбивате нешто пари месечно... А одоговорот од тој што ми ја отвараше беше: Не се плаќа, без пари е се... И тоа не го поставив еднаш прашањето... Шурикен се сеќаваш кога бевме ?
 
Е па и вие за 15 - 20 денари се правите јас на 5000 евра кредит 11,500 им вратив во Стопанска Лоповска Банка
 
o_Oo_Oo_Oo_Oo_O:confused: шо збориш бе брат?!
Колку проценти камата имаше ?!?!?!?!

Тоа нека не те чуде и на минимален кредит покрај што ти зимат многу голема камата имаш и нешто наречено осигурување на кредитот што се плаќа околу 50евра месечно.
 
Тоа нека не те чуде и на минимален кредит покрај што ти зимат многу голема камата имаш и нешто наречено осигурување на кредитот што се плаќа околу 50евра месечно.
На пример 50 евра си плаќаш рата за кредит и 50 евра други трошоции?! ?! o_O
 
На пример 50 евра си плаќаш рата за кредит и 50 евра други трошоции?! ?! o_O

На добра другарка таткои така плаќаше за кредит од 10000 евра. На ратата плус 50 евра за други глупости и на крајот се на се кредитот му испадна околу 18000евра да врати, гадни се овие нашите банки недај боже да ти треба некој поголем кредит. Тој беше во банката да праша што е работата месечната рата испаѓала многу поголема од што се договориле и тие му рекле дека на крајот од договорот се напишани и тие трошоци (нормално со мали букви), но од кога го потпишеш веќе нема назад. И така по 50 евра секој месец,а на големите кредити рокот на отплата е многу долг па пресметај колку пари се тоа. На пример за отплата на 5 години тие ќе ти земат дополнителни 3000 евра за други работи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom