Вистината за ЕУ која се премолчува

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Точно, претседателот на САД го избираат делегатите на изборниот колеџ, но истите тие делегати гласаат на регионално ниво, односно на нивото на сојузните американски држави, а не на државно ниво, односно на нивото на САД, така што секоја сојузна американска држава има одреден број на изборни делегати кои гласаат онака како што гласале граѓаните на конкретната сојузна американска држава.
Ем велиш дека председателот го бират граганите на председателски избори, ем сега се согласуваш дека председателот се бира от делегатите.Последно? Па по истата ти логика председателот и на ЕК и на Европскиот совет се бира от Европскиот парламент гласан от граганите.Сека држава си има определен броj народни представители во Европскиот парламент. Тоа е тоа. Во ншшто не е корено поразлично.

И кај нас во Македонија граѓаните не ги бираат министрите на избори, ниту премиерот, но Собранието на Република Македонија може да му изгласа недоверба на било кој министер и на било која влада на Република Македонија, а мандатарот кој ќе ја состави владата мора да биде човек кој ја ужива довербата на парламентарното мнозинство, додека при изборот на претседателот на Европската Комисија, мандатарот не е предложен од парламентарното мнозинство во Европскиот Парламент, туку е предложен од страна на лидерите на државите членки на ЕУ, а не верувам дека тие на избори кажале кого ќе го кандидираат за претседател на Европската Комисија, барем за државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија) не верувам дека Самарас во Грција или Рахој во Шпанија спомнале на избори кого ќе го кандидираат за претседател на Европската Комисија.
Кога не гласаш за министри и за премиер преко, зашто бараш Европската комисиja или председателот да се гласа преко?
Па европското собрание исто може да изгласа недоверба на един комисар. Уште повеке преди да бидат гласани за комисари секи един влегуват и бива прашан за политиките,които ке води и гласат дали тоа се допада или не,ако не го бендисат државата го менува комисарот.
ЕК по истиот начин се состава от наjголемата партиja во европскиот парламент и таа коja има наjголема доверба, да предлага се от лидерите на државите членки на ЕУ, но за да са тиja на тоа место и кога се соберат тоа е проекциja на мнозинството во Европскиот парламент. Не можеш да имаш например 20 социалистички влади,а да имаш ммнозинство на десните во Европскиот парламент. Почти порпорционални са. Ако имаш повеке влади от десното от сите 27, нормално ке имаш и повеке десни европредставници во Европскиот парламент. Абсолјатно истото е.
Нема како да кажат,кого ке номинират, заштото когато са бирани тоа прашане не е седело на масата.
Кога сме кај тоа дали и како еврото ќе трпи од евентуалното неплаќање на грчките долгови, е па тоа е нешто најнормално во слободната пазарна економија, имаш подеми и имаш падови кои се резултат на успесите и на неуспесите на учесниците во таа слободна пазарна економија.
Да, имаш падови и подеми, вака е. Но не може да се дозволи спиралата на Грциjа да повлече икономиките на другите.
Ти сакаш да ЕУ да плати повеке само и само да избрка Грциja от еврозоната? (и ако нема ваква предвидена процедура)

Подобро да се распадне целата евро-структура и врз чисти и здрави темели да се изгради посилна економија, отколку да се гради во кал како што е сега во моментов, а решението на евробирократите во Брисел како што се Баросо и ван Ромпуј кои немаат план Б, е да се поставуваат уште подлабоки темели во калта за да издржи структурата уште некое време.

Како што ние во Македонија имаме 31% невработеност како резултат на лошите потези на македонските политичари во 1990-те години, го трпиме тоа и не плачеме и кукаме некој од надвор да ни ги плати долговите и трошоците за живот, истото треба да важи и за секоја друга држава во Европа и во светот.
Ти предлагаш да се разпушти евро-структурата и да се создаде нова униja? Па многу полесно е да се детектира каде са проблемите во моментот и да се поправат отколкото да се вратат сите валути ,да создадеме колабс во светската икономика и
да пробаме наново. Тоа не е отговорно мислене.
Кога велев дека бирократите ги довеле државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија) до денешново дереџе, не мислев на евробирократите во Брисел, туку мислев на корумпираните политичари кои ги водат истите тие држави, а доколку тој систем кој како што ти велиш, се гради за да не плаќа некој друг за туѓа пијачка, а истовремено велиш дека нема да биде имун на корупција, тогаш неговата фунција и неговото постоење ќе бидат тотално бесмислени.

Ако тој систем падне во рацете на корумпирани политичари и еден ден пукне како балон, сите држави кои учествуваат во тој систем ќе сносат последици, а не само тие кои се задолжиле надвор од своите можности, јас не спомнав дека Германија е во криза, туку напротив, спомнав дека токму бидејќи ваквиот систем не постои и дај Боже никогаш да не постои, Германија не е во криза.
Како ке е бесмислен? Ти одобруваш соседа ти да троши,а ти да плакjaш? Тоа е целта. Кога имаш една валута, треба да има контрола коj колко троши-от наjмалкиот до наjголемиот.
Ако един ден голем метеор удри Земjaта нема да има човечки живот, вака зборуваш. Тоа АКО е многу несигулно. Ние не може да живееме АКО. Па нели ти зборуваше за демократиja,суверинитет- ако граганите изгласат корумпирани политичари ке си трпат, тоа е тоа.Проблемот во момента не е корупциjaта и не тоа се решава. Не знам дали го разбираш? Проблемот е големото трошене,кое е довело до големо задолжуване на некои држави. Тоа е тоа и тоа се решава сега.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.075
Поени од реакции
12.627
Ем велиш дека председателот го бират граганите на председателски избори, ем сега се согласуваш дека председателот се бира от делегатите.Последно? Па по истата ти логика председателот и на ЕК и на Европскиот совет се бира от Европскиот парламент гласан от граганите.Сека држава си има определен броj народни представители во Европскиот парламент. Тоа е тоа. Во ншшто не е корено поразлично.


Кога не гласаш за министри и за премиер преко, зашто бараш Европската комисиja или председателот да се гласа преко?
Па европското собрание исто може да изгласа недоверба на един комисар. Уште повеке преди да бидат гласани за комисари секи един влегуват и бива прашан за политиките,които ке води и гласат дали тоа се допада или не,ако не го бендисат државата го менува комисарот.
ЕК по истиот начин се состава от наjголемата партиja во европскиот парламент и таа коja има наjголема доверба, да предлага се от лидерите на државите членки на ЕУ, но за да са тиja на тоа место и кога се соберат тоа е проекциja на мнозинството во Европскиот парламент. Не можеш да имаш например 20 социалистички влади,а да имаш ммнозинство на десните во Европскиот парламент. Почти порпорционални са. Ако имаш повеке влади от десното от сите 27, нормално ке имаш и повеке десни европредставници во Европскиот парламент. Абсолјатно истото е.
Нема како да кажат,кого ке номинират, заштото когато са бирани тоа прашане не е седело на масата.

Да, имаш падови и подеми, вака е. Но не може да се дозволи спиралата на Грциjа да повлече икономиките на другите.
Ти сакаш да ЕУ да плати повеке само и само да избрка Грциja от еврозоната? (и ако нема ваква предвидена процедура)


Ти предлагаш да се разпушти евро-структурата и да се создаде нова униja? Па многу полесно е да се детектира каде са проблемите во моментот и да се поправат отколкото да се вратат сите валути ,да создадеме колабс во светската икономика и
да пробаме наново. Тоа не е отговорно мислене.

Како ке е бесмислен? Ти одобруваш соседа ти да троши,а ти да плакjaш? Тоа е целта. Кога имаш една валута, треба да има контрола коj колко троши-от наjмалкиот до наjголемиот.
Ако един ден голем метеор удри Земjaта нема да има човечки живот, вака зборуваш. Тоа АКО е многу несигулно. Ние не може да живееме АКО. Па нели ти зборуваше за демократиja,суверинитет- ако граганите изгласат корумпирани политичари ке си трпат, тоа е тоа.Проблемот во момента не е корупциjaта и не тоа се решава. Не знам дали го разбираш? Проблемот е големото трошене,кое е довело до големо задолжуване на некои држави. Тоа е тоа и тоа се решава сега.
Делегатите во изборниот колеџ во САД, како што веќе спомнав, не гласаат онака како што гласа целокупното мнозинство во САД, туку гласаат онака како што гласа целокупното мнозинство во конкретната сојузна американска држава во чиешто име гласаат конкретните сојузни делегати од истата таа сојузна американска држава.

Во ЕУ, претседателот на Европската Комисија не го предлага парламентарното мнозинство, но сепак го бира парламентарното мнозинство, а не посебен изборен колеџ составен од одреден број на делегати од секоја држава членка на ЕУ, кои би гласале онака како што гласале нивните граѓани на избори за претседател на Европската Комисија.

Секој со свое мислење, јас со мое, ти со твое.

Јас велам дека немам ништо против домино ефектот од евентуалниот банкрот на Грција, враќањето на драхмата и сносувањето последици од постапките на грчките политичари, а ти велиш дека не може да се дозволи грчката криза да има влијание и врз останатите држави членки на евро-зоната.

Факт е тоа дека гејците се задолжувале надвор од своите можности, но истовремено факт е и тоа дека европските банки го дозволиле таквото задолжување, без посериозно да обрнат внимание на бројките кои гејците ги објавувале за својот економски раст и за својот дефицит, така што имаш виновници и на двете страни и не е фер само гејците да го кркаат стапот, треба и банкарите да го кркаат стапот.

Тоа се случи во САД со кредитната и хипотекарната криза која кон крајот на 2008 година прерасна во светска економска криза, од една страна американците кои се задолжувале надвор од своите можности, останаа без домови, без автомобили и се останато што купиле на кредит и на лизинг, а од друга страна банките и лизинг компаниите кои им дозволиле на истите тие американци да се задолжат надвор од своите можности, банкротираа или го изгубија престижот кој го уживаа, е тоа се случува во вистинска слободна пазарна економија, односно во вистински капитализам, и двете страни сносат одговорност.

Ти велиш дека полесно е да се откријат грешките и да се исправат, отколку распаѓање на евро-зоната, па можеби дури и на самата Европска Унија.

Па зошто тоа не беше случајот со Советскиот Сојуз или со Југославија ?

Зошто не се реформираа и продолжеа да постојат истовремено ?

Затоа што народите во советските и во југословенските држави не сакаа повеќе да живеат во такви сојузи, ете затоа.

Ист ти е случајот и со Европската Унија, некои држави си дозволија на себеси да станат премногу зависни од еврото и од ЕУ, како што е случајот со Грција, каде што гејците бараат повеќе време за да си ги платат долговите, или ако е потребно, би прогласиле банкрот, но сакаат да го задржат еврото како валута, од наједноставна причина, бидејќи нивната економија е нерентабилна и доколку ја вратат драхмата, ќе заработуваат и ќе се задолжуваат во границите на своите можности, а не онолку колку што тие сакаат.

Во Шпанија, жителите на Каталонија, која патем е нејзадолжена шпанска област, се закануваат со отцепување од Шпанија и формирање на независна каталонска држава. Иако сакаат независна каталонска држава, истовремено велат дека сакаат таа независна каталонска држава да биде полноправна држава членка на ЕУ и на евро-зоната, надевајќи се дека Шпанија ќе ги плаќа нивните долгови. Е тоа не е фер, едно е кога некоја држава престанува да постои, како што беше во случајот со Источна Германија, која стана дел од денешната Германска Бундес Република, која ги плаќаше цели 20 години долговите на некогашна Источна Германија, а друго е кога некој се отцепува за да избегне да плати долгови, а истовремено се надева дека ќе продолжи да ги ужива истите економски бенефиции и привилегии.

Банкрот или не, на гејците останува да си ги платат своите долгови, а на европските банки кои им дозволиле на гејците да се задолжат надвор од своите можности, им останува да сносат одговорност за своите постапки.

Исто важи и за Каталонија, дали ќе се отцепува од Шпанија и ќе стане независна држава, без разлика дали ќе биде полноправна држава членка на ЕУ и на евро-зоната или не, и на каталонците им останува да си ги платат своите долгови, и на европските банки кои им дозволиле на каталонците да се задолжат надвор од своите можности, им останува да сносат одговорност за своите постапки.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
članica EU postigli su sporazum oko budžeta do 2020.

na kraju je budžet smanjen na području istraživanja, obrazovanja, velikih internacionalnih infrastrukturnih projekata.
A upravo to bi značilo napredak za Evropu.
To bi na kraju moglo da pomogne i smanjenju visoke nezaposlenosti među mladima.:pos:

Bogate zemlje severa insistirale su na smanjenju čitavog budžeta.

http://www.dw.de/dogovor-oko-budžeta-eu-truli-kompromis/a-16588253
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Идеално одат по патеката на бивша СФРЈ, бог да ги прости и едните и другите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.075
Поени од реакции
12.627
Тоа не е ништо ново, секогаш најважните потреби на една нација, како што се образованието и здравството, се ставаат во последен план кога државата штеди за да ги спаси банките, како и платите на вработените во државната и во јавната администрација, со разликата што ЕУ не е држава, туку е меѓународна организација.

Од друга страна, Исланд не им го сврте грбот на најважните потреби на исландската нација, туку им го сврте грбот на исландските банкари, па затоа Исланд брзо закрепнува од својот банкрот, за разлика од државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија), кои ги жртвуваат најважните потреби на сопствените граѓани, па дури и ги задолжуваат идните генерации, со цел да ги задоволат интересите на банкарите и на евробирократите кои ги доведоа до денешното дереџе.

 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Зошто Исланд во последно време е бојкитиран од маин стрим медиумите.
Зошто Грција е во фокусот со Шпанија.
Затоа што Исладн оди по вистинскиот пат по кој треба да оди една здрава нација.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.075
Поени од реакции
12.627
Ова не е баш вистина за ЕУ која се премолчува, напротив, веќе станува гласна најава за ставање крај на самостојното уредување на државите членки на евро-зоната.

Мислам дека ние Македонците мораме да го искористиме максимумот од овој хаос од држава во која живееме, бидејќи ако оваа корумпирана структура наречена Европска Унија не се распадне наскоро и ако Република Македонија стане полноправна членка на истата оваа корумпирана структура, тогаш прашање на време ќе биде додека и ние станеме евро-зомбиња како гејците и останатите свињарски држави членки на евро-зоната PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија).

http://www.sitel.com.mk/merkel-zemjite-chlenki-na-evrozonata-kje-mora-da-zhrtvuvaat-del-od-suverenitetot

Меркел: Земјите-членки на еврозоната ќе мора да жртвуваат дел од суверенитетот

22. април 2013 - 20:53



Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека земјите-членки на еврозоната мора да бидат подготвени да жртвуваат дел од суверенитетот и да дозволат контрола од европските институции во некои политички домени ако навистина сакаат да ја надминат својата должничка криза и повторно да ги привлечат инвеститорите.

Таа на семинарот во организација на „Дојче банк“ во Берлин истакна дека Европа мора да го пронајде патот кој ќе овозможи економски раст и цврсти финансии.

- Се чини дека успеваме да пронајдеме заеднички решенија дури во моменти кога ќе се најдеме над провалија.. Но, штом попушти притисокот, луѓето сакаат да одат по сопствениот пат. Мислам дека мораме подготвено да го прифатиме фактот дека Европа го има последниот збор за одредени области. Во спротивно нема да бидаме во состојба да продолжиме со нејзината изградба, посочи Меркел.

Нејзината изјава е два месеци пред состанокот на европските претставници во Брисел каде ќе се разговара за преземање на чекори кон така наречената фискална унија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.075
Поени од реакции
12.627
Баш ме интересира на каква реакција ќе наиде ваквата ЕУ реалност кај македонските земјоделци, кои секоја година примаат се поголеми субвенции, со што стануваат економски зависни од државата која по евентуалното влегување на Република Македонија во ЕУ, ќе го спроведува ваквото ЕУ лудило.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5913821286&id=9&prilog=0&setIzdanie=22874

ЕУ ќе нѐ остави без тетовско гравче и кочански ориз

четврток 9.5.2013

Најновата уредба на Европската комисија предвидува строги казни за користење на домашните автохтони сорти дури и ако се употребуваат за сеење и садење во приватни градини и за сопствена употреба. По искоренувањето на сончогледот и шеќерната репка, сега на ред дојдоа другите земјоделски култури, што за Македонија, како претежно аграрна земја, е неприфатливо и ќе нѐ однесе на работ на глад, тврдат експертите



ЕМБАРГО ЗА АВТОХТОНИТЕ СОРТИ И СЕМИЊА
Ако на 1 јули, по примерот на Хрватска, и Македонија влезеше во Европската Унија, ќе требаше да се збогуваме со тетовското гравче, кочанскиот ориз, беровскиот компир, ајварот и со редица други домашни видови храна на кои сме навикнале од памтивек и по кои сме препознатливи во светот. Најновата уредба на Европската комисија, која се однесува на користењето семенски материјал, предвидува ригорозни мерки за користење на домашните автохтони сорти. Така, мора да се употребуваат исклучиво стандардизирани и унифицирани семиња, што значи дека користењето на старите, ретки и автохтони сорти од земјоделски култури ќе биде строго казниво, дури и ако се употребуваат за сеење и садење во приватни градини и за сопствена употреба.

За експертите, ваквата одлука е еден вид економски колонијализам и е во интерес само на неколку големи компании, а е погубна за земјоделците и за граѓаните.

Тие стравуваат дека по искоренувањето на сончогледот и шеќерната репка, сега на ред дошле другите земјоделски култури, што за Македонија, како претежно аграрна земја, е неприфатливо и ќе нѐ донесе на работ на глад. Среќа во несреќа е што сѐ уште сме далеку од влезот во ЕУ, па уште некое време ќе можеме да уживаме во сочниот домашен јабучар наместо во увезените домати со пластичен вкус, коментираат тие.

Петиции во повеќе држави

Земјоделците и екологистите од Хрватска веќе почнаа да потпишуваат петиција поради стравување за исчезнување на голем број сорти овошје и житарки.

- Со петицијата сакаме да истакнеме дека со новата уредба на ЕУ за семенскиот материјал, голем дел од пазарот ќе се препушти на рацете на мал број корпорации од семенската индустрија, што е недозволиво. Новата регулатива за семиња треба да дозволи разводност на сортите, за одгледување на мало и еколошко производство. Разновидните сорти треба да бидат достапни не само во ген-банките туку и на отворениот пазар, без никакви бирократски ограничувања - изјавуваат од Еко-мрежата од Хрватска.
Петиција против уредбата се потпишува и во другите европски земји, како Австрија, Германија, Британија, Словенија...

И експертите од Македонија ја критикуваат најновата одлука на Европската комисија. Родот зависи од семето и од дамнина останала изреката што ќе посееш, тоа и ќе жнееш. Сега изборот што ќе посееме веќе нема да биде наш, туку некој однадвор ќе ни кажува што ќе садиме и што ќе јадеме, реагираат тие.
- Таквата одлука ќе направи да се унифицира храната во целиот свет, што е глобализација во ширењето на храната. Тоа е како сите да мора да пиете „кока- кола“ како глобален бренд, иако изборот секогаш треба да биде индивидуален. Од друга страна, не значи дека ако некоја сорта е добра за Германија, ќе биде добра и за Македонија. Тетовско гравче е тетовско гравче, кочански ориз е кочански ориз и не може да биде јапонски ориз - велат експертите.

Дане Бошев, професор на Земјоделскиот факултет во Скопје, тврди дека во Министерството за земјоделство има Управа за семе и саден материјал и во рамките на таа управа е основана комисија за овие автохтони сорти.

- Една од нејзините задачи е да се спроведе истражување какви сѐ автохтони сорти има во државата, дали се типично автохтони од РМ или дошле од други земји, како Бугарија или Србија, на пример. Откако ќе се испитаат тие автохтони домашни семиња, треба да се види дали може да се искористат во комерцијални цели, односно тие што имаат добар принос да се регистрираат и да се користат. Ова е почетната фаза на целиот проект. Ако не се користат комерцијално, може да се употребат како генетска база за вкрстување и размножување, бидејќи Македонија секогаш била извор на таков семенски материјал - вели Бошев.

Економски интереси

Од друга страна, одлуката на ЕУ за користење само унфицирани семиња се коси со работата на оваа комисија. Зошто тие би истражувале и испитувале кои автохтони семиња се добри ако во иднина мора да се користат само увезени сорти. Во нашата држава постои и ген-банка, во која има разновидни видови семенски материјал, иако некои од сортите се чуваат во ген-банката во Ирска во подземни бункери, а некои се пренесени и во САД, уште во 70-тите години од минатиот век.

За разлика од високопродуктивните и интензивни сорти, автохтоните сорти се приспособени на локалните услови. Освен што се неспоредливо повкусни и побогати со хранливи состојки, зеленчукот и овошјето добиени од автохтони сорти не бараат многу вода и заштитни ѓубрива, а не е потребна ниту употреба на големо количество хемикалии, бидејќи се поотпорни на болести, што од друга страна го намалува ризикот за загадување на животната средина. Токму поради ваквите карактеристики се смета дека долго време автохтоните сорти семиња се трн во око на мултинационалните компании, пред сѐ на големите производители на хербициди (хемиските компании), а потоа и на производителите на семиња, кои заедно со нудење на своите семиња на земјоделците им ги нудат и хирбицидите и хемикалиите без кои таа сорта не може да успее.

Во моментов десетина мултинационални компании држат три четвртини од пазарот со семенски материјал во светски рамки. Трите најголеми корпорации, „Монсанто“, „Дупонт“ и „Сингента“, контролираат 53 отсто од светскиот пазар за семиња. Големите компании ги купија речиси сите помали традиционални семејни семенарници, па сега веќе и немаат конкуренција. Има сознанија дека кај новите видови семиња се вградува и ген на самоуништување, што значи дека секоја година земјоделците мора да набават ново количество семе, што секако им носи профит на трговците со семиња. Кај автохтоните сорти земјоделците сами си оставаат семе за расад и тоа се користи повеќе години.

- Ваквата директива не ја прифаќа никој и таа им одговара само на некои компании, кои имаат економски интереси и држат монопол во трговијата со семиња. Ние, како држава, мора да водиме сметка да не останеме без свое семе. Ова е терминатор-технологија со која ќе останеме само со житарки, а и тоа ќе ни се забрани да работиме. На одреден начин ова претставува економски колонијализам. Ние треба да си ја гледаме својата работа до влегувањето во ЕУ - вели Огнен Оровчанец, претседател на Агробизнис-комората при Сојузот на стопанските комори на Македонија.


Домашните сорти се повкусни и поотпорни на болести - плантажа на ориз во Кочанско

Македонски семиња се чуваат во САД
Македонија пред дваесетина години имала сопствено производство на семе и сопствена селекција на сорти. Македонскиот институт за земјоделство има создадено повеќе од 200 различни сорти. Но како што одминувало времето, постепено сѐ замирало, немало пари и не се примале нови луѓе. Порано факултетот имал и свои опитни полиња, на кои се вршеле испитувања. Дел од тоа земјиште, во населбата Бутел, беше одземено со обиколницата, во Штип земјиштето му се додели на универзитетот и така се расцепка.
Дел од нашиот семенски материјал отишол дури и до САД.
- Уште во 1970-тите години нивните експерти собраа сѐ што можеше да се собере од семенски материјал, од нашите најпознати сорти на земјоделски производи и ги однесоа во нивната ген-банка. Никој не знае колку потоа работеле на нив и создавале нови сорти - велат научниците.

Ген-банка од 2006
Ген-банките во последно време стануваат сѐ поактуелни во целиот свет. Суштината на нивното постоење е да се соберат сите стари сорти на земјоделски производи, бидејќи тој материјал има добар вкус, добра боја и е отпорен на болести.
За да не се загуби целото тоа богатство на гени, тие се чуваат во ген-банки, на одредена температура, влага и сл. Овој материјал потоа се користи во селекција за создавање нови сорти. Проектот за македонската ген-банка почна уште во 2004 година, а официјално таа почна со работа во 2006-та.

Удар врз независноста
Деканот на мариборскиот факултет за земјоделство Марио Лешник смета дека прифаќањето на новата директива за семиња претставува неприфатлив ризик за независност на Словенија во делот на семињата. Според него, регулативата го ограничува правото граѓаните да располагаат со природните добра и семиња, кои не се ништо помалку различни од водата, сонцето и земјата.

Автор: Александар Димковски

Фотографија: Игор Бансколиев
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Имам кажано уште пред неколку години, споменик ќе им дигнеме на Грците што сме надвор од ЕУ.
Ах да, до спомениког на Грците ќе стаиме и еден Бугар како клечи пред него.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.075
Поени од реакции
12.627
Имам кажано уште пред неколку години, споменик ќе им дигнеме на Грците што сме надвор од ЕУ.
Ах да, до спомениког на Грците ќе стаиме и еден Бугар како клечи пред него.
Потпис !!!

Во целост го делам твоето мислење, мислам дека ни гејците не се свесни, но ние ќе ги славиме сите годишнини од сите вета на гејците за членство во ЕУ, не се свесни дека не спасуваат од кристално истиот ужас низ кој тие поминуваат, а низ кој во не толку далечната иднина ќе поминуваат и останатите држави членки на ЕУ.
 
Член од
29 октомври 2012
Мислења
224
Поени од реакции
70
Имам кажано уште пред неколку години, споменик ќе им дигнеме на Грците што сме надвор од ЕУ.
Ах да, до спомениког на Грците ќе стаиме и еден Бугар како клечи пред него.
Не за џабе рекол нашиот народ: Секое зло, за добро!
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Имам кажано уште пред неколку години, споменик ќе им дигнеме на Грците што сме надвор од ЕУ.
Ах да, до спомениког на Грците ќе стаиме и еден Бугар како клечи пред него.
Ех Славјански, Славјански има, нема се Бугар ти е на устата. За срб те е страв да сбориш оти жена ти ке те казне.:)

Не сакате ЕУ, не влегувајте. Седете изолирани, плукаите по нас(нели ви е национален спорт).:)
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ех Славјански, Славјански има, нема се Бугар ти е на устата. За срб те е страв да сбориш оти жена ти ке те казне.:)

Не сакате ЕУ, не влегувајте. Седете изолирани, плукаите по нас(нели ви е национален спорт).:)

Добро бе, еве перниче ќе ставиме кај Бугарот кој клечи пред Гркот да не испадне дека не ве цениме.
Србите за време СФРЈ го сфатија постоењето на Македонскиот народ, живееа со него, песните му ги научија, мешани бракови, немало никакви проблеми, освен со неговите националистички структури кои се појавуваа на периоди.
Ама вие Болгарите, вас ви е стил на живот да негирате Македонците, иако и вие самите сте Македонци, само што Немците ве заебаа со терминот земен од татарските орди, Болгари.

ЕУ, не видов јас напредок на ниту еден народ во таа ЕУ, напротив, гледам еден систем низ кој веќе сум поминал и за кој знам дека ќе се распадне, а уште еден доказ за системот дека ќе се распадне е членството на Болгарија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom