Се е искалкулирано, инаку не би носеле ваква одлука .За тоа се потребни најмногу5-6 милиони и тоа ако купуваат само на10000ден ако купуваат до 6000 мн. помалку дури и од 2-3 милиони.Со оглед дека тргнуваат од 1500 за да стигнат до 6000 уште помалце, бидејќи се упросечува цената. Согласно закон друштвото не може да откупи повеќе од 10% од својата главница или во овој случај 45 000 акции. На ваков волумен тоа ке биде сарма. Планот колку пари предвидуваат во наредните 5 години е на страната на топлф. Средства има повеке од доволно , може и за дивиденда да остане.
Во право си за многу работи но се гледа дека твоите претпоставки ги базираш само на финансиските извештаи што си ги прочитал на берза и шпекулациите од луѓе . Наплатата за побарувањата до 2013 им е во ред но се уште се во опасни долгови . Имаат кредити во 6 банки . Сите ги сервисираат навремено освен 2 кои ќе ги репрограмираат а за тоа наскоро ќе излезе ценовно чувствителна информација на берза кога и ракетата ќе крене. Најголем е кредитот од Комерцијална банка кој според мои информации е околу 15 милиони евра . Но која фирма од МБИ 10 нема кредити. Топлификација има побарувања од околу 8 милиони еур само од државата и општините. Тие можеби ќе закаснат но секогаш си ги подмируваат долговите.Постои и можност банките да ги откупат овие долгови со што никој не губи односно Топлификација ќе си ја задржи затезната камата 8-9 % а банките ќе откупат со дисконт од 8 %. Според договорот за закуп и БЕГ мора да почне да плаќа кирија од јуни , а должи за 6 месеци значи 500 илј еур. плус за некои други работи од договорот ( калориметри во подстаниците , 3 % сопственост на мрежата од страна на ТПЛФ ,резервни делови ). Долгови има и кон заробените 80 илјади акции кај Комерцијална за кои треба да исплати по 2 евра дивиденда на акционерите а вкупно акциите се заложени на 5 години. На крајот ќе останат околу 25 милиони евра вложени во ТЕ - ТО кои се водат како позајмица и ТПЛФ може да ги повлече од Германската Банка или ако ТЕ-ТО почне да работи рентабилно да добива дел од профитот како 20 % сопственик. Но јас мислам дека ќе се случи првото. Во меѓувреме ќе стартуваат Балансните групи за струја и гасификацијата на општините во Скопје за кои Топлификација Инж .ги прави проектите , надзорот и ќе биде одговорна за дистрибуција и снабдување во некои општини.
Јас сум уште воздржан за 80 - 150 евра во јули се додека ТПЛФ не почне некој од овие поголеми бизниси. Но на 40 - 50 евра ќе се корегира и тоа врло брзо .Да не заборавиме дека Кардикор ги купи акциите од Потеза во 2011 за 3200 денари. Топлификација кога ќе ги врати кредитите ќе има 4 милиона евра профит годишно . Ризиците сега ќе бидат мали односно профитите предвидливи. Нема сега кредитен ризик , валутен ризик , политички ризик , ризик од одлуки на РКЕ . Така што пола ако ги дава за дивиденда , а пола да ги реинвестира ефектот би бил 4 евра дивиденда која со оваа цена која е сега на акцијата е екстра и најдобра споредено со сите фирми на Берза.
Тогаш ракетата ќе крене а дотогаш ризиците се огромни пошто ово је овде Балкан. Мое мислење е дека во моментов е најпотценета акција на Берзата спрема потенцијалот бидејќи имаше и шпекулативно тргување и намалување на цената од 2000 на 1200 од страна на некои брокерски куќи . Сега за сега на фирмата и оди се според Деловниот План кој е објавен на Берзата. Превземање од страна на Русите нема да има.
За овие информации не кажувајте никому
.