1. Дали старозаветните Божји луѓе поради тоа што немале закон грешеле? Дали старозаветните Божји луѓе поради тоа што не го познавале Христа не можеме да ги сметаме за Христијани? И самото име си кажува тие живееле во Стариот Завет во времето кога се спремале да го примат Новиот и совршен Завет, а старите завети рака на срце се разликуваат од Новиот Завет. Нејсе.
Гревот не се засметува кога нема закон, но старозаветните Божји луѓе (барем тие од Мојсеј па наваму) имало Закон - Мојсеевиот Закон - Тората.
Се разбира дека не биле христијани тие што не го познавале Христа, тие што се родени пред Него. Тие биле верници и верувале во Бог, но не го познавале Христос и се разбира дека не биле христијани. Тие си се венчавале без посредство на попови и потоа си општеле со нивните жени и си раѓале синови и ќерки. Секако дека иако нивните бракови не биле склучени во црква, тие сепак си биле легитимни бракови од проста причина што Бог никаде ама баш НИКАДЕ не заповедал дека бракот треба да се склучи во црква, а најмалку пак дека во брачниот завет мора да посредува свештеник!
Впрочем ни блажената Марија и Јосиф немале црковен брак, ниту Захарија и Елисавета (родителите на Јовен Крстител) немаа црковен закон, па сепак со нивното полово општење се роди Јован Крстител.
2. Те молам да ми ги пратиш цитатите на светите отцит, а особено апостолското правило, кое забранува полово општење од ќеф. Тие што се против брачно полово општење од ќеф и за задоволство, можат слободно да се наречат со името: неоманихејци! Јас знам за еден канон (или апостолско правило не се сеќавам) кој ги анатемисува оние кои се гнасат од месо и од полово општење со венчан маж/жена.
Апостолско правило VI, 28, РG 1, 985
Христијанин да не се соединува со трудна жена,
затоа што тоа не го прави за раѓање деца, туку заради уживање, а треба да се љуби Бога, а не уживањето.
А еве што велат православните отци за сексот во бракот кој се практикува надвор од репродуктивната цел т.е. за „грешното“ еротско уживање меѓу брачните партнери:
Св. Максим Исповедник
Зло е погрешниот суд на поимите, од кое следи злоупотреба на работите. На пример, како во врска со жената,
целта на правилниот суд на соединувањето е раѓање деца. Значи оној, кој гледа само на сладострастие, греши во судот, нарекувајќи го добро она што не е добро. Таквиот, значи, врши злоупотреба соединувајќи се со жената. Слично е и со останатите работи и поими.....Постојат три причинители кои нас не поттикнуваат на зло: страстите, демоните и лошата волја. И страстите како кога сакаме работи без причина, како на пример, храна во ниедно време, или беспотреба, или
жена без цел да се раѓаат деца и незаконски...
Св. Атанасиј Велики
Која велиш употреба? Онаа по Законот, која Бог ја дозволил, велејќи: "Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата“ (1 Мојсеева 1:28), и на која апостолот укажал, велејќи: „Чесен брак и постела неосквернета“ (Евреите 13:4)? Или онаа по јавното мнение, која се врши криејќи се и прељуботворно?… Блажен е оној кој во младоста има јарем слободен,
употребувајќи ја природата за раѓање деца
Св. Никодим Светогорец
Целомудреноста во бракот означува „соединувањето на брачниците
треба да биде само заради раѓање деца, а не заради страстољубие.“
Св. Григориј Римски
Кога страста доаѓа на местото на желбата за деца, самиот акт на општење станува нешто, за што брачниците треба да жалат. Свети апостол Павле вели - ако не можат да се воздржат, нека се мажат - но веднаш потоа додава дека ова го вели поради допуштение, а не како заповед. Ова допуштение, односот го озаконува, но не го прави добар, па кога зборува за допуштение, не вели дека односот е безгрешен.
(
Чорбаџија: тука мора да напомнам дека Павле воопшто не вели така!)
Св. Климент Александриски
Поради светоста во одржување на потомството, семето на мажот да не биде залудно исфрлано, ниту пак оштетувано, ниту пак залудно потрошено.
Да се има телесен однос, надвор од одржување на потомството е повреда на природата.
ава Пимен
Како што чадот ги изгонува пчелите и тогаш се зема сладоста на нивниот труд,
така и телесното задоволување го изгонува стравот Божји од душата, и го одзема секое трудољубие.
Свети Епифаниј
Тие (египетските еретици), практикуваат полови дела, но го спречуваат зачнувањето деца.
Половите односи ги прават не за потомство, ами за да ги задоволат своите страсти - па тие подлежат на распадливост.
Блажени Августин
Телесното општење заради потомство е достојно во бракот. Но, сето што го надминува ова, не следи никакво оправдание, туку блуд.
Владиката Артемије
Поради нашата слабост, Црквата го дозволува и бракот, го благословува, и го осветува. На тој начин
таа го дозволува телесното соединување „во едно тело“, но тоа е благословено ако се работи само за потомство.
Црквата снисходи на нашите слабости, та ги толерира и односите во бракот кои се побудени од недостаток на самоконтрола (1 Кор. 7:5-9),
и немаат за цел потомство. Но, таквиот треба да го види својот недостаток од самоконтрола, и смирено да се понизи пред Господ. Таквиот човек не треба да очекува да прими венци, но да се надева дека Господ ќе му се смилостиви заради неговата унизеност. Таквото допуштение не треба да се протолкува како толерирање на употреба на презервативи како мерка за незачнување.