Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Нема тајна, работат на црно :)

Без да звучам како чичкото од маало што не им дава на децата да играат фудбал на тревата пред зграда, ама од кај знаете дека тоа што ви го продаваат е „ТОА“ ако работат на црно значи немаат никаква одговорност кон купувачите. Искуства некој што набавувал од нив би биле на место.
 
Значи ова е цитат на годината,ако знаеш што е креатин фосфат и како се користи имаш гратис 3 месеци тренинг на моја сметка.

Здраво Матрикс креатин се пие со иста доза 5 грама дневно.
За повеќе информации зашто се пие 5 грама а не се полни погледни ја статијава.
Освен ако сакаш да ги слушаш компаниите што сакаат да им купиш повеќе па мора да направат некои такви маркетинг стратегии...
http://examine.com/faq/do-i-need-to-load-creatine.html

Стеф, зашто кога поставуваш било каков линк, не ги прочиташ убаво статиите од линкот пред да дојдеш до цврст заклучок ?!
 
Може е оф-топик (зошто не ми треба за бодибилдинг, туку за трчање), ама да прашам: Кај има енергетски гелови (малтодекстрин / декстроза)?
Можеби ќе речете „во сите фитнес продавници“, ама мене ми треба точно име и локација (по можност и име и цена) - да не се врткам наоколу :)
 
кога сме кај креатинот да прасам нешто
колку вода треба да се пие кога се зима креатин
јас имам некој проблеми со бубрезите па затоа прашувам
незнам дали тоа проблеми со бубрезите звучи страшно али проблемот ми е што имам некој камчиња па ми праат проблеми од време на време еднаш годишно јаки болки имам ама слабо течности конзумирав
годинава ке видиме дали ке се појави тој проблем зашто почнав многу вода да пијам 3-4 литра дневно
 
Може е оф-топик (зошто не ми треба за бодибилдинг, туку за трчање), ама да прашам: Кај има енергетски гелови (малтодекстрин / декстроза)?
Можеби ќе речете „во сите фитнес продавници“, ама мене ми треба точно име и локација (по можност и име и цена) - да не се врткам наоколу :)


90 денари, цена.
Локација
http://herkules.com.mk/index.php?option=com_kunena&Itemid=56&func=view&catid=65&id=26076
 
Супер информација :)
Ти цело време си ми бил во маало, а јас не сум знаел... Вчера баш ми текна на SportiX кога се враќав од трчање, ама беше веќе 20:10 и викам ај да не влагам цел испотен ко говедо. Ќе поминам најверојатнио после работа да земам 2-3 пакетчиња, сакам да мавнам едно на Скопски маратон. Штета што не пробав порано, да видам каква реакција ќе има за време на тренинг (да не ми се вознемири стомакот у сред трчање) :)

Инаку, за "12 hour energy shock" од Biotech станува збор, или за други?
 
Стеф, зашто кога поставуваш било каков линк, не ги прочиташ убаво статиите од линкот пред да дојдеш до цврст заклучок ?!
Проверувам и сите статии се со студии и потврдени факти.
Слободно можеш да ја прогуглаш.
Иначе имате дектроза или?
 
Бидераши, ми треба еден совет :) Значи јас земав Razor 8 Blast Powder суплемент. До сега сум ептен многу задоволен од него.

Но дали можам да го комбинирам со L-Carnitine? Не само дали е хемиски возможно, туку дали е препорачливо (да не го смалува ефектот на разорот)?

За сега го комбинирам со протеин и витамини.
 
Супер информација :)
Ти цело време си ми бил во маало, а јас не сум знаел... Вчера баш ми текна на SportiX кога се враќав од трчање, ама беше веќе 20:10 и викам ај да не влагам цел испотен ко говедо. Ќе поминам најверојатнио после работа да земам 2-3 пакетчиња, сакам да мавнам едно на Скопски маратон. Штета што не пробав порано, да видам каква реакција ќе има за време на тренинг (да не ми се вознемири стомакот у сред трчање) :)

Инаку, за "12 hour energy shock" од Biotech станува збор, или за други?
Она што во моментов го имаме е Perform gel, германски производ.
--- надополнето: 8 мај 2013 во 13:43 ---
Проверувам и сите статии се со студии и потврдени факти.
Слободно можеш да ја прогуглаш.
Иначе имате дектроза или?
Декстроза, следната недела.
Не се работи за гуглање. Се работи за Читање, а ти не ми ги дочитуваш како треба.
Конкретно за темата, потребно или не фаза на полнење при користење на креатин монохидтрат. Ако го знаеш фактот дека скелетните мускули имаат афинитет да складираат поголема количина на креатин во себе, зашто не би се искористил тој факт?! Вистина дека за месец дена без фаза на полнење со редовна суплементација на креатин ќе се достигне концентрацијата на креатин како и кај оние кои имале фаза на полнење. Меѓутоа зашто цел месец да си зад нив?! А се работи за 4-5 дена, каде ќе потрошиш од 80-100 гр. Должина на користење е 6-8 недели, па ти сега види што добиваш со тој месец, а што губиш. Е, сега сигурно ќе кажеш дека ти преку цела година користиш креатин, но ако веќе читаш, тогаш применувај како е потребно и паметно.
 
Која е разликата помеѓу новата и старата формула на Џекот? Дали е само исфрлен онаа проблематичната состојка поради која беа суспендирани овие од Работнички,или има и некои други промени?

Ме интересира практичното мислење,а не она на теорија,значи дали има некој што ги користел и двете формули?
 
Она што во моментов го имаме е Perform gel, германски производ.
--- надополнето: 8 мај 2013 во 13:43 ---

Декстроза, следната недела.
Не се работи за гуглање. Се работи за Читање, а ти не ми ги дочитуваш како треба.
Конкретно за темата, потребно или не фаза на полнење при користење на креатин монохидтрат. Ако го знаеш фактот дека скелетните мускули имаат афинитет да складираат поголема количина на креатин во себе, зашто не би се искористил тој факт?! Вистина дека за месец дена без фаза на полнење со редовна суплементација на креатин ќе се достигне концентрацијата на креатин како и кај оние кои имале фаза на полнење. Меѓутоа зашто цел месец да си зад нив?! А се работи за 4-5 дена, каде ќе потрошиш од 80-100 гр. Должина на користење е 6-8 недели, па ти сега види што добиваш со тој месец, а што губиш. Е, сега сигурно ќе кажеш дека ти преку цела година користиш креатин, но ако веќе читаш, тогаш применувај како е потребно и паметно.
Јас истиот ефект го имам со лажичка 2-5 грама секој ден.
И досега не се жалам тежините ми се исти.
Сум осетил подобар ефект но за парите дали вреди тоа секој треба да си оцени.
Искрено за мене поефикасно е да почекам.
--- надополнето: 8 мај 2013 во 14:52 ---
Која е разликата помеѓу новата и старата формула на Џекот? Дали е само исфрлен онаа проблематичната состојка поради која беа суспендирани овие од Работнички,или има и некои други промени?

Ме интересира практичното мислење,а не она на теорија,значи дали има некој што ги користел и двете формули?
Исфрлен е DMAA и додадени се некој нови состојќи.
--- надополнето: 8 мај 2013 во 14:53 ---
Бидераши, ми треба еден совет :) Значи јас земав Razor 8 Blast Powder суплемент. До сега сум ептен многу задоволен од него.

Но дали можам да го комбинирам со L-Carnitine? Не само дали е хемиски возможно, туку дали е препорачливо (да не го смалува ефектот на разорот)?

За сега го комбинирам со протеин и витамини.
Што мислиш дека ќе добиеш со L-Carnitine и што би ти дало предност ако го комбинираш со Razor 8?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom