bobipp
Let's cook!
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 11.908
- Поени од реакции
- 6.996
Се согласувам, но зошто воопшто мора да постои некоја цел? Било каква? Имањето цел, значи дека на некој начин си ограничен, дека мора да го постигнеш тоа и тоа, дека се што попат ќе го доживееш и сретнеш не е вредно да се спознае. Јас мислам дека човекот треба да го живее животот колку што теоретски е возможно, да ги ужива сите благодети кои ги дава Земјата. Во ова најмногу мислам на патувањето каде што сакам и правењето што сакам. Ама пошто светов ни е ограничен на работите што ти ги спомна, ова моето е многу тешко изводливо, да не речам невозможно. Светот и животот се место и време на безброј можности и искусување на што поголем дел од нив, ќе ти го направи животот многу побогат, полесен за живеење, поинтересен за доживување.Се додека човештвото тони во алчност,материјализам,лубомора и желба за моќ едноставно нема да го добие одговорот на ова прашанје.Се додека не сватиме дека сме меѓусебно поврзани и се додека движечка сила е профитот човештвото не е достојно да го знае одговорот на ова прашанје.
Исто како фудбалска утакмица која била здодевна, завршила 0-0 и друга која завршила 3-2, имало гол во 92-ра, имало пенал, 2 црвени картони, 3 стативи и безброј шанси...и на крај ќе речеш: -Леле каква утакмица човече!