Зошто постоиме? Која е нашата цел на живеење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lil-Krist**
  • Време на започнување Време на започнување
Според учењето на светите веди целта на нашето постоење е да ја ослободиме душата, па се додека не го сториме тоа ние повторно и повторно ќе се раѓаме и ќе реинкарнираме во илјадници видови суштества, а само како човек можеме да ја ослободиме душата бидејќи човекот е интелегентно суштество кое може да ја спознае вистината за неговото постоење.
 
Целта на животот е живот со цел !! :) - the monk who sold his ferrari
 
Целта на нашиот живот се целите кои ние ќе си ги поставиме во животот.
Постоиме, живееме еднаш...животот нуди многу можности а ние сме тие кои треба да одбереме .
По кој пат ќе чекориме, одлуката е наша.
Кои ќе бидат нашите приоритети и како ќе ја искористиме секоја шанса на животот исто така зависи од нас.
На кои задоволства ќе се препуштиме и од кои стравови ќе се ослободиме...
 
Целта е да се спознае смислата на своето постоење, и да се работи кон остваруење на истата.
Прифаќајте ги настаните со добро без разлика дали се позитивни и негативни. Тоа е магичен круг на енергијата која кружи и која самите ние ја привлекуваме. Колку позитивно ги прифаќаме работите, толку позитивно ќе ни возврати енергијата.
Се` е така како што мора да биде.. затоа не страв и нема кривица :)
 
А зошто постојано некој мора да бараа смисла на животот, живеј го моментот СЕГА и готово. Ти подари некој нешто и ај да те видам сега барај смисла на тоа. Нема логика, да бараш нешто а да незнаеш што.
 
Сите го живееме животот со причина. Се што се случува наоколу се случува со причина.
Детството, раниот развој, тинејџерските години, спиењето, јадењето, образованието, работата, староста, другарство, љубов. смеење...итн.
Сето ова се случува со некоја причина и со помош на нашите постапки се одвиваат работите и тераме низ годините. Сите зависиме еден од друг на некој начин.
Кога ќе ги согледате добро горенаведените работи, всушност треба да го имате одговорот на значењето на животот.
Има причина зошто се едуцираме, има причина зошто сакаме, има причина зошто спиеме, има причина зошто се смееме. Има причина за се што ни се случува. Тие причини ни пружаат задоволство, среќа и уживање во животот, а воедно и ни го даваат одговорот за вистинското значење на животот.
Според мене, причината е главната поента на животот.
Тоа што се случува по завршувањето на нашиот живот сеуште никој не го знае. Ама верувам и дека има причина зошто секој од нас еден ден ќе ја дочека смртта.
Сеуште никој не докажал всушност зошто постоиме (и тешко дека ќе докаже), ама се додека сум јас среќен и гледам задоволство во горенаведените работи, за мене причината на животот и нашето постоење е повеќе од јасна. :D
 
Постоиме за да постигнеме совршенство.Многу луѓе во светот се трудат да го постигнат, но тешко дека некој може да постигне совршенство. Никогаш нема да го постигнеме, можеби некој мисли дека го постигнал, но се лаже. Затоа што создадени сме да го пронајдеме совршенството, а потоа спокојно да умреме. Значи човекот постигнува совршенство и умира...
--- надополнето: 2 мај 2013 во 00:09 ---
Кој к*р си трошев една минута од моето драгоцено време да пишувам глупости....
ЕДНОСТАВНО Е

ЖИВЕЕМЕ ЗА ДА ПОСТИГНЕМЕ СОВРШЕНСТВО
 
Мислам дека прашањево е крајот, штом ќе го имам одговорот тоа ќе биде последната мисла
А можда се лажам којзнае
 
Мислам дека прашањево е крајот, штом ќе го имам одговорот тоа ќе биде последната мисла
А можда се лажам којзнае
Ако биде последната мисла не значи дека ќе биде крај и со тој што ја имал мислата. Незнам дали знаеш...... мислите и ти не ќе да се едно те исто.
 
За ова прашање имам ноќи непреспани, денови отепано во мислење и веќе губам надеж дека
ќе го одговорам. Ми се претерувале милион работи, дали тоа што го правам исправно и дали треба така, дали треба да бидам едно исто во животот или да испробам се и така е премногу краток за да се оди по некоја си патека која ти ја диктираат други и тн.
Останувам во потрага по суштината на животот :confused:
 
Се додека не осознаеме кои сме,односно кое е нашето Битие и што сме ние всушност,залудно е да трагаме по целта на нашето постоење.
 
Се додека не осознаеме кои сме,односно кое е нашето Битие и што сме ние всушност,залудно е да трагаме по целта на нашето постоење.
Тука би сугерирал на деконструктивен модел :)
That who you can see, you are not. That which you can observe, you are not. That which you can become aware of, you are not.
 
Се додека човештвото тони во алчност,материјализам,лубомора и желба за моќ едноставно нема да го добие одговорот на ова прашанје.Се додека не сватиме дека сме меѓусебно поврзани и се додека движечка сила е профитот човештвото не е достојно да го знае одговорот на ова прашанје.
 
Ако биде последната мисла не значи дека ќе биде крај и со тој што ја имал мислата. Незнам дали знаеш...... мислите и ти не ќе да се едно те исто.

Ич те неразумем
кажи ми повеќе...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom