Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде јунаци покажете се на предизвиков/задачава :

1. Имаме натпреварувач (не се работи за Боди Билдинг сосема друго) кој го очекува предизвик средина на Јули.
2. Потребно е да скине 12 / 15 кг маса.
3. Потребно е да зголеми сила и експлозивност до максимум нели колку што се може за тој период.
4. Не е воопшто битна дефиниција на мускули, six pack и слични работи - во случајов битна е силата онаа основна сирова.
5. Суплементи се дозволени, а дозволени се и лекови.

Би сакал да чујам совети и благодарен однапред. Јавно ќе кажеме на крај кои се резултатите и чии совети биле најкорисни/употребени и слично.
А да кажеше во кој поглед сила и експлозивност, дали е атлетичар, powerlifter, стронг мен за шо да очекуваме.
12/15кг маса? за толку време мора да падни и доста мускул. Да не планираш војска ти да се пријавуваш бре. :facepalm:
 
не бе каква војска. Сила и експлозивност се едноставно сила и експлозивност или ајде појасно сила да речеме потисна за буткање, а експлозивност како поагилен да е од противниците. Мора сепак да е во комбинација со кондиција. Не е страшно и мускул ако паѓа нормално дека ќе падне.
п.с. извинете знам дека е глупо што не кажувам спорт ама сепак сум анонимен овде.
 
Мора да се каже спортот за да се знае во која насока да идат советите. Покрај тоа што сакаш да знаеш за суплементи и лекови итн итн дали ти требаат и вежби или тоа веќе го знаеш?
 
5 10 15 или 15 10 5 кг..... како е подобро да се менуваат тежините,од најмногу што можеме надоле,или обратно ?
 
5 10 15 или 15 10 5 кг..... како е подобро да се менуваат тежините,од најмногу што можеме надоле,или обратно ?

Тоа се две различни шеми на вежбање, така и се применуваат во различни ситуации.

Едното е некој вид на drop set, а другото pyramid set.
 
5 10 15 или 15 10 5 кг..... како е подобро да се менуваат тежините,од најмногу што можеме надоле,или обратно ?

И двете имаат свои предности и мани.

5-10-15 е според мене подобра за почетници. Мускулите ги загреваш постепено, помал е ризикот од повреда, но затоа кога ќе дојдеш до сетот со најголема тежина веќе си истрошен да го направиш како што треба, особено ако на претходните си одел до откажување.

Јас лично веќе една година вежбам со 15-10-5 откако со истово се запознав од книгата Bigger Stronger Leaner. Проблемот е што ризикот за повреда е многу поголем и секогаш треба доста добро да се загрееш (во книгата е објаснето како оптимално да се загрееш без да го премориш мускулот) пред да тргнеш со големата килажа и мислам дека по ефикасно го оптеретува мускулот отколку 5-10-15, но сепак како што кажа Myers и двете си имаат свое место во тренингот.
 
Па јас исто тргнувам од тоа што ми е врвот па намалувам,гледам во теретаната повеќето одат обратно.

логично ми е така,ако тргнам обратно веќе ќе бидам "паднат" од првите серии и последната ако ми е max ќе нема никаков ефект да ја направам.
 
ЈАМНИЦА - ПРО СПОРТ каде можам да го најдам овој производ ??
--- надополнето: 2 мај 2013 во 21:37 ---

Зашто баш тој? Ова е изотоник и било кој друг пијалок со ист или приближно ист состав ќе ти заврши работа.
Имаш во калифорнија број 1 или број 2 кој ќе ти завршат работа наместо тој пијалок а и сума сумарум поисплатливи се.
 
Од нагло растење ми се појавија стрии на десното рамо, некој да не имал сличен проблем, па да ми каже со нешто да ги мачкам да ми поминат иако не верувам, ми кажаа дека остануваат трајно.. any1?
 
Од нагло растење ми се појавија стрии на десното рамо, некој да не имал сличен проблем, па да ми каже со нешто да ги мачкам да ми поминат иако не верувам, ми кажаа дека остануваат трајно.. any1?
ако се црвени со тек на време ке избледат и нема до толку да се познаваат, но нема никат да ти исчезнат
 
^Да црвени се, значи нема никаков лек против стрии..
 
^Да црвени се, значи нема никаков лек против стрии..
Има али мн скапо и досадно. Јас имав многу поради нагло слабеење (103-74кг) за нешто повеќе од 2 месеци. Се оддадов од пари и ми се исчистија во голема мера. Користев неколку видови кремови, пиев еден гнасен чај од кај еден тревар ваму и мн скап, ласерско отстранување па да ми се подзачистат.
 
јас имав ама за некое време 6-7 месеци ги снема не пиев не ги мачкав ништо
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom