Во ЕУ стапува на сила забраната за употреба на лековити билки и чаеви

  • Креатор на темата Креатор на темата Katunec
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Подобро што не сме во ЕУ.
Петок, 18 Мај 2012
Удар врз алтернативната медицина преку концесии на фармацевтските компании кои вложуваат милиони во синтетички лекови.


prirodnibilki.jpg
Производителите на лековити билки, витамини, минерали, додатоци во исхраната, традиционални природни лекови, претежно сите средства на алтернативната медицина и природни лекувања, мора да обезбедат сертификат кој ќе треба да биде видливо истакнат на амбалажата.

За да се добие сертификат ќе треба да поминат неколку години за контрола и научни истражувања. Истражувањето за секој производ поединечно иснесува околу 100 000 евра.

Законот за храна, или таканаречената Директивата 2004/24/EC е потпишан е од страна на 120 држави во светот.

Кога една држава ке стане потписник на оваа директива, се донесува одлука по итна постапка за забрана на продавање без сертификат. Ова ќе биде катастрофално за малите прозиводители на билни препарати, кои не би можеле да плаќаат истражување за да добијат сертификат.

"Ова е удар за алтернативна медицина и концесии за фармацевтските компании кои инвестираат милиони во синтетички лекови."

http://www.weather4all.com.mk/во-еу-стапи-на-сила-забрана-за-продавање-на-лековити-билки
 
И во ЕУ монопол владее, ептен се лажеме ако мислиме дека ружи цветаат. Едино придобивката ќе ни е што ке можеме да отидеме надвор да работиме без да се праиме бугарчиња, што ќе нема експлоатација на работна сила, итн.
 
Маме им ебам.. Изглеа не им се доволни милијардите што ги заработуваат фармацевските корпорации, па удри по ВИСТИНСКИТЕ лекови..
Намален и ме профитот ама очигледно дека сеуште имаат моќ која е во опаѓање па некако успеале да издејствуваат забрана за употреба на природната медицина која се прифаќа од се повеќе корисници.
 
Намален и ме профитот ама очигледно дека сеуште имаат моќ која е во опаѓање па некако успеале да издејствуваат забрана за употреба на природната медицина која се прифаќа од се повеќе корисници.
Ќе дојде време нането, камилицата, планинскиот чај, шумските овошки да бидат нелегални и да ни прават рации и да не апсат ако имаме во посед дома. Историјата се повторува.
 
Така и ни треба кога не може ни тројца да се собереме за некоја работа,
А САКАМЕ ВО ЕУ.

Е нема повеќе садење тикви во Пелагонија, отиди два дена во годината таму па дојди овде на АСФАЛТОВ скопски продавај тикви, кора од тикви, корења од тикви и семки од тикви и живеј метрополски.

Сега ќе треба сертификат од 100.000 евра за тие тикви, а за нив богами треба едно 4-5 поколенија да ги садат, копат берат и донесат овде на луѓе и на лујѓе и на човеци и на дек си бе да ти го н.... ама сите сега градски-море староградски со тапија од 17-18 год. и сламки во косата.

Но остај тоа и за коприви и зелје и штавељ чув ќе се бара сертификат, уште што не им текнало и за полжавине и желкине што ги збираат да им бараат пасоши и визи за во ЕУ.
 
Пред повеќе години се прикажуваше документарна ТВ серија, со наслов „ Најголеми злосторства на дваесетиот век.“
Имаше повеќе епизоди ...
Имаше епизода - Прогонот на евреите од страсна на нацистите.
Во друга епизода - Апартхејдот во Јужна Африка
имаше и други епизоди со слични содржини, а мене ми остави најголем впечаток епизодата со наслов - Здравството во САД.
И човек веднаш се прашува како може здравствениот систем да биде злостворство, а кога ќе погледа ќе му стане јасно
Во епизодата е објаснето како се прави злосторство со болните од рак на кој им се зема и последниот долар и се приморуваат членовите на семејството да се задолжуваа иако не постои надеж за излекување.
А објаснето е како се прави злосторство со болните од сосема безначајни болести на пример ако ве боли грло
Ако имате болки во грлото, доволно е да се напиете антибиотик кој во аптека чини на пример еден долар. Меѓутоа не можете така да купите антибиотик, бидејќи треба да имате рецепт од доктор.
За да докторот ви издаде рецепт, треба да ве прегледа и тој преглед чини 100 долари. Ако немате толку пари - тешко вам - треба да одите во некоја државна болница, каде најнапред треба да докажете дека стварно немате пари, па потоа ќе ве прегледаат и ќе ви дадат рецепт, А во тие болници долго се чека така да побрзо или ќе оздравите или болеста ќе се комплицира па ќе умрете.
Инаку ова се прави за да се заштитат интересите на докторите.
И ова што се случува сега во ЕУ, за што е посветена оваа тема е слично - се штитат интересите на големите фармацевтски компании.
Овој случај го потврдува мислењето дека ЕУ не е некоја организација која ги штити правата на човекот, напротив ги штити пребогатите компании. Затоа за ЕУ многумина имаат слично мислење.
 
Е па кажи им тоа на Албанците какви се тие главучи од ЕУ и НАТО што премногу бараат па дури и некакви сертификати од народни билки лекови што постои од колено на колено и е докажано лековити дејства,а не па Ахмети бара брзо решение за името за да влеземе во НАТО и ЕУ ебати ја белјата :facepalm: па и тие шќипоња и на нив им треба народни лековити билки.
 
Заеби Америка златна Шведска(и компанија) каде што имаат universal healthcare system :cuc:
 
Овде најверојатно мислат на оние тинктури, иљачи и некои екстракти што ги прават и ги продаваат со некоја намена и под назив лек на 21 век.

Мал милион препарати избација на природна база, 70 посто од нив не се проверени, а ги декларираат дека го зголемуваат имунитетот, лечат неоплазми и слично.

Контроли треба да има, забрани за чаеви сигурно нема да има.
 
Аман со бомбастични наслови.Никој ништо не забранува туку треба да извадат сертификати тие фирми кои произведуваат лекови.
За да се добие сертификат ќе треба да поминат неколку години за контрола и научни истражувања. Истражувањето за секој производ поединечно иснесува околу 100 000 евра.

Како што мора секој обичен лек да помине низ секакви научни истражувања така мора и овие да поминат, а не да ги подаваат без претходно да се знае дали се воопшто безбедни за употреба.Колку случаеви има каде што такви лекови (особено оние за ослабнување) не само што не давале никакви позитивни ефекти туку напротив и им штетеле на корисниците.
 
Во темата филозофија психологија. отворив подтема Космос, Хаос, Слобода... И ова е пример за таа тема, односно пример што значи ако прететано се инсистирана ред.
Властите на ЕУ, со образложение, дека се грижат за здравјето наметнуваат некаква контрола, при тоа ја газат слободата.
Ќе објаснам со пример:
Сите знаете дека постојат бајачки кои лекуваат од се и сешто. Лично јас сметам дека не може да се лекува со бајање и дека се тоа глупости. Но тоа мене не ми дава за право да забранувам на други луѓе да бараат помош од бајачки.
Слободата на човекот е да се прави се што на друг не му пречи. А што мене, или на вас, ни пречи ако некој оди кај бајачка или пие ваков или таков чај?
На многу луѓе кои оделе кај бајачки или пиеле чаеви тоа им помогнало. Можете да ги прашате, многумина се задоволни.
Тоа е стварно така и тоа има рационално објаснување. Психолошкиот фактор е многу значаен за текот на болеста. Мене бајање нема да ми помогне, бидејќи не верувам, но на тие што веруваат сигурно ќе им помогне.
 
Колку случаеви има каде што такви лекови (особено оние за ослабнување) не само што не давале никакви позитивни ефекти туку напротив и им штетеле на корисниците.

Муабетот на крај = целта на контролата. Имаше афери дека некои познати чаеви за слабеење содржат пестициди, недозволени супстанци, прсканици и слично, со многу негативни ефекти, но тие ефекти не се забележани претходно во студија од научна иституција и никој не им може ништо на фирмите што ги пласираат.

Друго да не зборам за шарлатани, микрофармацевски компании кои продаваат раствор од тревка во вода/алкохол и ги лажат луѓево дека ќе им помогне да се излечат.

Од друга страна ова го имам кажано неколку пати дека фармацевската индустрија е еден немилосрден бизнис, замислете пример таблета рандом лек содржи 2mg од активната супстанца, 1g од соодветната активна супстанца кошта пример 100 долари (ова го лупам од памет) а од 1g можат да се направат 500 таблетки, едно кутивче пример кошта 30 денари на партиципација. Јасно ко дан. Добро тука идат и давачки за лиценцата, мада повеќето од компаниите работат со лекови со веќе помината лиценца...

Опасна работа, да не зборам за лекови што не се под фонд, но дури и самите фармацевски компании се контролирани од гигантиве има толку формулари, правила, години за развој на лекот, ихааа, да ти се смачи животот.

Контрола мора да има, на чаеви сигурно нема да има како што реков погоре, но на препарати обавезно, согласно со европската фармакопеја исто како што се контролираа до сега и лековите.
 
Ова не од денес или лани, туку уште од 2004, а во сила е уште од пред две години. И плус секоја земја па и Македонија си има закони за регулирање на медицинските производи, колку се ригорозни и дали се спроведуваат е друга работа.

Не се работи за чаеви, ако сакаат да прават чаеви никој не ги спречува да ги прават и да ги продаваат.

Ова е за медицински средства, лекови, кои се изработени од билки.
Законов дури е и повеќе попустлив затоа што сепак дава можност за билки кои традиционално се употребувале барем 30 години на назад за одредени состојби да се одобрат и без доказ за ефективност.

Е сега навистина, помалите производители ќе имаат проблем затоа што треба да докажат дека се способни да произведат безбедни производи, ама сепак се работи за здравје, не може секој тревар да се прави исцелител.
 
Сите знаете дека постојат бајачки кои лекуваат од се и сешто. Лично јас сметам дека не може да се лекува со бајање и дека се тоа глупости. Но тоа мене не ми дава за право да забранувам на други луѓе да бараат помош од бајачки.
Слободата на човекот е да се прави се што на друг не му пречи. А што мене, или на вас, ни пречи ако некој оди кај бајачка или пие ваков или таков чај?

Сосема на место, но само ако своето здравје, или евентуално, лекување, го плаќаш од свој џеб. Во поголем дел од ЕУ здравството е сосема социјално и граѓаните кои преку даноци ти го плаќаат здравството можат и треба да кажат како смееш а како не смееш да се лекуваш. Најголемите тропоци во здрвството се болести кои ескалирале, а тие во голем број се од нередовни лекарски прегледи, лечење со чаеви и бајачки и "јакнење на имунитетот" со препарати од самопослуга.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom